Еврокомисијата промовира Визија за иднината на земјоделството и храната во ЕУ


Европската комисијата денеска претстави амбициозен патоказ за иднината на земјоделското и прехранбеното производство во Европа, наречен Визија за земјоделството и храната, чиј цел е да постави основа за изградба на атрактивен, конкурентен, издржлив и праведен земјоделско-прехранбен систем за потребите на сегашните и идните генерации земјоделци.  При презентацијата на Визијата, извршниот потпретседател на Европската комисија за […]

Мали и средни компании од Пелагонија гледаат иднина во соларна енергија


  БИТОЛА – Компаниите од Пелагонискиот регион имаат можност да се пренасочат кон обновливите извори на енергија и да го намалат нивниот јаглероден отпечаток, со помош на кредитна линија на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Пред дваесетина локални мали и средни претпријатија, изминатите денови се одржаа две презентации за зелени иницијативи, проектирани да го трансформираат начинот […]

Компанијата „Костал“ е прва која плаќа корпоративен данок од 15 отсто


Прва компанија кај нас која го плаќа корпоративниот данок од 15 проценти е компанијата „Костал“. Ова решение веќе помина на Комисијата за економски систем при Владата, истакна денеска во Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „Оваа законско решение ќе значи дека сите пари ќе останат во Македонија, ќе значи нови работни места, зголемен […]

Лукаревска: Последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета и половична


Владата и парламентарното мнозинство веднаш да ги прифатат предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струја и укинување на ДДВ за храна, повика денеска пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска и нагласи дека последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета и половична.  -Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари e погрешно, […]

Во кои професии најмногу се користи вештачката интелигенција?


Две години по лансирањето на ChatGPT, милиони луѓе користат различни алатки за вештачка интелигенција секој ден за да ги завршат задачите. Сепак, усвојувањето на вештачката интелигенција многу се разликува по професија. Додека некои занимања забележуваат високи нивоа на ангажман со вештачка интелигенција, други остануваат главно недопрени. За да дознае како различните професии со вештачка интелигенција […]

Од 1 Јули во Бугарија зголемување на сите пензии за 11 отсто


 Бугарската Влада одлучи од 1  Јули пензиите во државата да бидат зголемени за 11 отсто. -Тој потег се презема согласно швајцарско правило за сите пензионери, најави Деница Сачева од пратеничката група на ГЕРБ на заеднички брифинг со владините формации. Таа додаде дека ќе се задржи дефицитот од 3 отсто, а еврозоната ќе продолжи да биде […]

Поплавите и сушите двојно ја зголемија цената на кафето: „Ако ништо не се преземе, можеме да заборавиме на него“


Зголеменото влијание на екстремните временски услови врз производителите предизвика скок на цените на кафето. Цената на кафето е повеќе од двојно зголемена во текот на изминатата година поради екстремните временски услови. Комбинацијата од натпросечни врнежи и температури во регионите каде се произведува кафе предизвика големи проблеми за земјоделците во 2024 година. Како резултат на тоа, […]

Грчки медиуми: Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Северна Македонија


 „Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Компанијата „Терна“ пред четири месеци беше […]

Трговците на големо и мало загрижени по одлуките на Владата, бараат средба со премиерот Мицкоски


Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун денеска преку соопштение изразува сериозна загриженост за вчерашните одлуки на Владата, кои беа соопштени од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши […]

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за измените во Законот за ТИРЗ


Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. Членовите на Комисијата ќе го разгледуваат Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање. Како што стои во образложението објавено на собранисиката веб-страна, основна цел на предложениот Закон е овозможување на поефективен и […]

НИС утре однапред ќе исплати плати, руската страна спремна да продаде шест отсто од уделот


Вработените во НИС утринава добиле известување дека однапред ќе им бидат исплатени февруарските плати. Неофицијално, се смета дека платата за март ќе биде однапред исплатена до крајот на овој месец, пишува Компас-инфо, а пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. „Со оглед на тоа што активно работиме на изнаоѓање конечно решение во однос на американските санкции против […]

ММФ се интересира за состојбите во ПИОМ и дали има пари за зголемените пензии


Директорот на Фондот  за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов денеска имал средба со претставници на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе. Мемов нагласил дека Фондот минатата година ја завршил согласно предвидените параметри, а пензиите се редовно исплаќани. Тој додал дека се прибрани повеќе средства по сите […]

Се ограничуваат маржите за 102 групи производи, а за осум се замрзнуваат цените


  Владата на денешната седница донесе две одлуки со кои за 102 групи производи се ограничуваат маржите во трговијата на големо и на мало, а за осумте најосновни производи практично се замрзнуваат цените на ниво од 1 февруари годинава. Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден откако ќе бидат објавени во „Службен весник“, а […]

„Стокомак“ наскоро отвора продавници во пет градови низ Србија


Еден од најголемите македонски трговски синџири „Стокомак“ наскоро и официјално влегува на српскиот пазар. Како што истакнаа од компанијата „Стокомак“ за порталот Retail Serbia, првата фаза на проширување предвидува отворање на модерни дисконти во Пирот, Ниш (потегот кај Ново Село), ​​Параќин, Лесковац и Панчево, а компанијата е во финални преговори за уште неколку локации. Тие […]

(Во живо) Прес-конференција во Владата: Еве кои се мерките за цените на производите


Проследете ја прес-конференција на портпаролката на Владата, Марија Митева и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, на која се очекува да бидат соопштени новите мерки на Владата за цените на основните производи.  

Компанијата „Рамбл“ на Крис Павловски отвори подружница во Македонија


  Компанијата на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, отвори подружница во Македонија, јави Призма. Фирмата „Рамбл клауд“ е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а нејзини управители се самиот Павловски и Брандон Александрофф, пишува порталот. Павловски е близок и до луѓето кои сега Трамп ги постави на важни позиции. Летоска, кратко по […]

Царинска управа: Соработката со деловната заедница подразбира континуитет и посветеност


 Редовни консултации со бизнис заедницата се клучни за размена на меѓусебни мислења, а со цел успешност на активностите што ги спроведува Царинската управа, како и постигнување подобри резултати, истакна директорот на Управата Бобан Николовски на денешниот состанок со членовите на Советодавното тело. Како што информираат од Царинската управа, по реактивирање на Советодавното тело, во кое […]

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки


Комерцијална банка ги намали каматните стапки на новоодобрени потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити, со што им овозможи на клиентите атрактивни услови за реализација на нивните планови. Пониските каматни стапки и дополнителните промотивни услови кај Станбениот кредит се дел од нашата посветеност на обезбедување финансиски решенија кои најдобро се вклопуваат со желбите и потребите на нашите […]

Антје Ванделт: Ќе продолжиме да градиме мостови меѓу Германија и Северна Македонија


Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, денеска порача дека и покрај сè посложената глобална средина, ќе продолжат да градат мостови меѓу Германија и Северна Македонија. „Веќе 25 години од нашата канцеларија во Скопје ја зајакнуваме и продлабочуваме економската соработка меѓу нашите земји. Во овие изминати […]

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година


Филип Морис Интернешнал (ФМИ) објави ислучителни финансиски резултати за 2024 година, демонстрирајќи ја успешната трансформација на компанијата кон бизнис заснован на производи без чад. Со значителен раст во оваа категорија, ФМИ продолжува да ја засилува својата позиција како глобален лидер во иновативните никотински производи. Обемот на продажба на производи без чад во минатата година порасна […]