Кинеската валута на најниско ниво во последните 17 години


Во сенката на трговската војна со Вашингтон, кинескиот јуан утринава го достигна најниското ниво во последните 17 години, додека Пекинг се обидува да најде рамнотежа помеѓу стабилноста и зголемувањето на извозот. Курсот на копнениот јуани падна на 7,3518 за долар, што е најниска вредност од декември 2007 година. Слабеењето на валутата во овој контекст има […]

Зошто Трамп ненадејно се премисли? Клучна е една работа


Како што пишува Си-Ен-Ен во анализа, одлуката на Доналд Трамп ненадејно да објави тримесечна пауза на новите царини го откри неговиот праг на политичка издржливост: точно една недела. „Почнаа да кукаат“, рече Трамп, коментирајќи ги критиките што беа насобрани во Белата куќа во последните денови, додавајќи: „Тие беа нервозни, исплашени“. Дури и за претседател познат […]

Историски скок на Волстрит: „Ова е клучен момент“


На Волстрит во средата, индексот S&P 500 скокна за 9,5 отсто, што е негов најголем дневен скок во последните 17 години, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи спроведувањето на дополнителни, реципрочни царини за сите земји освен Кина. Индексот Dow Jones се зголеми за 7,87 отсто, на 40.608 поени, додека S&P 500 скокна за 9,52 […]

Азиските берзи растат откако Трамп ги суспендира новите царини


Токио – Берзите низ Источна Азија денеска пораснаа, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави 90-дневна пауза на новововедените царини. Јапонскиот индекс Никеи 225 забележа едно од најстрмните искачувања, со 2.664,62 поени, или 8,4 проценти, до 34.378,65 околу еден час во утринското тргување. Тоа следеше по изјавата на Трамп дека некои царини ќе бидат привремено суспендирани, […]

Ристески: Се финализира просечна потрошувачка кошничка, нема да биде за политиканство


 Просечна потрошувачка кошничка е готова, се финализираат уште некои работи. Во неа сигурно нема да има цигари и алкохол и сезонско овошје кое не е карактеристично за периодот од годината, ќе биде квалитетно направена со квалитети податоци, рече заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески вечерва во гостување на Топ тема на ТВ Телма. Според […]

Чекор назад на Трамп во трговската војна: Ги замрзна царините за 90 дена, но ја зголеми стапката за Кина на 125 отсто


  Американскиот претседател Доналд Трамп го смени курсот во глобалната трговска војна што ја започна пред само една недела, објавувајќи на социјалните мрежи 90-дневна пауза на новите царини против секоја земја освен Кина. Тоа се случи само неколку часа откако Трамп ја повика земјата да „БИДЕ кул“ во друга објава која дојде во услови на […]

Владата со ист став за минималната плата – ќе прифатела секој договор меѓу синдикатите и работодавачите


Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите за минималната плата кога ќе биде постигнат во рамки на економско социјалниот дијалог, соопшти владината прес-служба по денешната средба во Владата со претставници на синдикатите. На средбата со синдикатите покрај за минималната плата се разговарало и за колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите, а покрај  […]

Славески го советува ССМ да се грижи за работните места, а не за минималната плата


Универзитетскиот професор Трајко Славески, поранешен министер за финансии и актуелен претседател на Советот на Град Скопје, денеска гo критикуваше Сојузот на синдикати на Македонија кој на состанок во Владата повторно барал зголемување на минималната плата. Наместо тоа, тој вели дека требало да предложат мерки за зачувување на работните места. Во објава на социјалната мрежа Икс, […]

Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво, на квартално за 7,2 проценти


Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за  7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно ниво, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.  Во првиот квартал од минатата година цените на становите забележаа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти на квартално […]

УЈП: Непречено тече поднесувањето на МПИН пресметките, кодовите до даночните обврзници се испраќаат како што се обработуваат


Управата за јавни приходи денеска соопшти дека вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март, од кои 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата. До крајниот законски рок – утре, четврток до полноќ, се очекува уште 5.000 даночни обврзници да поднесат пресметки за плата за месец […]

Синдикатите побрзо ќе се разберат со Владата за минималната плата отколку меѓу себе


Зголемувањето на минималната плата и примената на колективните договори биле во фокусот на денешниот состанок на синдикатите и Владата. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов изјави дека Владата не била против зголемувањето на минималната плата, туку останатите два синдикати кои присуствувале на состанокот, нагласувајќи дека барале да се укинат одредбите на […]

Зелената транзиција мора да биде праведна: Божиновска на ЕСГ Адриа самитот во Тиват


 Од првиот ден на нашата влада, фокусот е на развој на енергетската инфраструктура што ќе обезбеди долгорочна стабилност, одржливост и економски напредок. Нашата стратегија се заснова на паралелен развој на државната енергетска инфраструктура и поттикнување на приватните инвестиции во обновливи извори на енергија, порачала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на ЕСГ […]

Како во пракса функционираат царините на Трамп


Доналд Трамп воведе царини за стоки во вредност од стотици милијарди долари, пред се од Кина, со цел, како што тврди, „да ги заштити американските работници и индустријата“. Но, многу луѓе не знаат како всушност функционираат овие царини и кој на крајот ги сноси нивните трошоци, пренесува Index.hr. Што е царина? Царината е дополнителен данок […]

Штетите од мразот и снегот на јаболкниците во Преспа не можат ни да се избројат


  БИТОЛА – Фотографиите од овоштарниците во Преспа по пролетниот снег и мразот личат како на сцени од бајки. Но, за жал реалноста  е сурова.  Тешка е состојбата од штетите предизвикани од пролетните мразеви врз овоштарниците во Преспа по врнежите од снег во неделата. Штетите допрва ќе се утврдуваат, но моментално преспанци излегуваат со штета […]

Предлогот законот за изменување на Законот за градежно земјиште проследен на натамошна собраниска постапка


Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на денешната седница го разгледа и одлучи да го проследи на натамошна собраниска постапка Предлогот законот за изменување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, поднесен од група пратеници. За предложеното законско решение беа поднесени четири амандмани од пратеникот Сали Мурати од коалицијата […]

Кина воведе царини од 84 отсто на стоки од САД


Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД. Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини. Одлуката доаѓа откако Америка претходно оваа недела воведе дополнителни 50 отсто царини за кинеска стока. Ова следи по […]

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025“ од магазинот Global Finance


Во годината кога одбележуваме значаен јубилеј, 70 години постоење, Комерцијална банка гордо објавува дека е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“ од угледниот магазин Global Finance. Оваа престижна награда Банката ја добива по 14-ти пат, што е уште една потврда за нејзиниот континуиран развој, стабилност, иновации, грижа за клиентите и придонес за […]

„Мајкрософт“ планира нов бран отпуштања


Компанијата „Мајкрософт“ размислува за нов бран отпуштања што би можел да започне уште во мај, според наводите на лица запознаени со внатрешните дискусии. Лидерите на одредени тимови во компанијата разговараат за укинување на средните менаџерски позиции и зголемување на уделот на програмерите во однос на оние кои не се занимаваат со кодирање, дознава Бизнис Инсајдер од […]

Лондон не е веќе меѓу петте најбогати градови во светот


Лондон – Британската престолнина веќе не е меѓу петте најбогати градови во светот, откако лани изгуби поголем процент милионери од кој било друг град во светот, заедно со Москва, објави денеска „Тајмс“. Годишниот извештај за богатството на глобално ниво, вели дека Лондон изгубил 11.300 милионери само минатата година, од кои 18-мина со најмалку 100 милиони […]

Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар


 Дизел горивата и бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени […]