Без алатка за компаративна споредба на цените на производите потрошувачите се „изгубени“


Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) предлага да се направи алатка за компаративна споредба на цените на производите што како обврска, согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи, трговците се должни да ги објавуваат на своите веб-страници. Од Министерството за економија и труд, пак, велат дека е потребно да помине еден месец од имплементацијата […]

„Амазон“ ги поставува првите 27 интернет-сателити во Вселената


Американската технолошка компанија „Амазон“ ја лансираше својата прва серија интернет-сателити во Вселената, со што почна со своите напори за изградба на мрежа – конкурентска на „Старлинк“ на Илон Маск и „Спејс-Икс“. Новите сателити се дел од проектот „Кајпер“, а целта на „Амазон“ е да се распоредат околу 3.200 сателити следните неколку години, заради интернет-покриеност насекаде […]

Номагас и ДЕСФА во Атина потпишаа Меморандум за соработката


Извршните директори на НОМАГАС Мухамед Елмази и на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА Мариа Рита Гали на маргините на деветтиот Балкански Енергетски Самит во Атина претпладнево потпишаа Меморандум за разбирање, со кој ја продлабочуваат соработката насочена кон зајакнување на регионалната енергетска поврзаност и сигурноста на снабдување со енергија, јави дописничката на МИА […]

Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина, порача министерката Божиновска на форум во Атина


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска учествува на 9. Балкански Енергетски самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија. Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел […]

Почина проф. д-р Миле Димитровски


На 75-годишна возраст почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет. Доајен на научната мисла во областа на машинството во Македонија, проф. Димитровски остави значаен печат не само во академската заедница, туку и во општествениот и социјалниот живот. Како раководител на Лабораторијата за мотори, тој беше автор на бројни научни и […]

Пивара Скопје го проширува своето портфолио со премиум италијанското кафе Caffè Vergnano


Пивара Скопје, најголемата домашна компанија за пијалаци, го проширува своето богато портфолио со уште една премиум категорија – автентичното италијанско кафе Caffè Vergnano (Кафе Верњано). Со оваа стратешка одлука, Пивара Скопје влегува во категоријата кафе производи и продолжува со реализација на својата визија, да понуди 24/7 портфолио со пијалаци и брендови за секоја пригода во […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Ханиг: Народната банка презема мерки за поттикнување на зелените финансии


Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во Вашингтон остварила средба со извршниот директор на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), Алфред Ханиг, на која се разговарало за залагањата на Народната банка за олеснување на пристапот до финансиските услуги коишто ќе обезбедат премин кон еколошки одржлива економија. Од Народната банка денеска соопштија дека на средбата акцентот бил […]

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки


Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на сериозни проблеми со јавните финансии и економската политика на Владата. „Реалноста е таа дека ние сме влезени во циклус од 6 до 9 месеци на невраќање на ДДВ и неплаќање на обврски кон стопанството, коешто Владата не го кажува, а […]

Николоски: Бугарија покажува несериозност, провоцираат и одбиваат средби за изградба на пругата


Преку 15 дописи доставивме до бугарската страна и немаме одговор. Очигледно е дека Бугарија не сака да ја гради пругата, иако шпекулираат. Самото тоа што одбегнуваат да се сретнеме, многу говори за судбината на проектот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “360 степени”   Тој со јасен став дека Македонија е […]

Трамп намалува некои царини за увезените делови за автомобили


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе го намали влијанието на царините за автомобили со ублажување на царините за увезените делови што се користат во автомобилите произведени во САД и задржување на царините за странски автомобили, соопштија официјални лица. „Претседателот Трамп гради партнерство и со домашните автомобилски компании и со нашите вредни американски работници“, изјави министерот […]

„Business-to-business“ – настан од проектот „Конкурентни земјоделски задруги“


Македонската асоцијација на земјоделски задруги во рамки на проектот„Конкурентни земјоделски задруги“ финансира од Европската унија, денеска организира настан „Business-to-business“. Целта на настанот е да ги промовира земјоделските задруги, да ја истакне улогата на задругите во јакнење на земјоделството, како и да отвори простор за вмрежување, споделување искуства и воспоставување нови партнерства меѓу различни чинители од […]

Николоски најавува брза пруга Табановце – Гевгелија до 2031 година


Македонија сама ќе инвестира во брза пруга од Табановце до Гевгелија. Изградбата на овој проект ќе чини околу две милијарди евра, а поврат на инвестицијата се очекува за 10-12 години, најави  министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“.Тој вели дека изградабата на пругата ќе биде инвестиција на државата, односно дека таа нема […]

„Јаху“ е заинтересиран за купување на прелистувачот „Хром“ на „Гугл“


Интернет компанијата „Јаху“ (Yahoo) е заинтересирана да го купи прелистувачот „Хром“ (Chrome) на „Гугл“ (Google) доколку американскиот федерален суд пресуди дека „Гугл“ мора да го продаде за да избегне антимонополски обвиненија, изјави извршниот директор на „Јаху срч“, Брајан Провост, на судско рочиште. Според него, „Јаху“ проценува дека „Хром“ ќе се продава по цена од неколку […]

„Лидл“ инвестира 500 милиони фунти во Велика Британија, ќе отвори повеќе од 40 нови продавници


„Лидл“ има за цел да отвори повеќе од 40 нови продавници во Велика Британија во тековната финансиска година, а раководителите на филијалата истакнуваат дека најавените владини реформи „ги отстрануваат пречките за развој“ и ги поддржуваат нивните амбиции за раст. Тие отворија 23 во последната финансиска година. Трговецот на мало веќе има повеќе од 980 продавници […]

Кризен штаб за спас на аптеки одржаа состанок со Дурмиши, не сакаат да бидат во ист кош со маркетите за објавување на цените


Претставници на Кризен штаб за спас на аптеки одржале состанок со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по повод приговорот поднесен до Министерството за новата одлука за објавување цени на стоки на веб-страници. Дека аптеката е вид здравствена установа, се добило поддршка и од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД). Како што денеска информираа за […]

Индустриските производи на домашниот пазар во март поскапеле за 6,3 отсто на годишно ниво


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава во однос на претходниот месец останале непроменети, а во однос на март лани се зголемени за 6,3 проценти, објави денеска  Државниот завод за статистика(ДЗС). Во март во однос на февруари цените се зголемени за 0,2 проценти во групите Интермедијарни производи и Капитални производи,  […]

Собраниска делегација на состанок на Парламентарниот пленум на Енергетската заедница во Брисел


Пратениците Бојан Стојаноски, претседател на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Димитар Ковачевски, член на оваа Комисија, учествувале на состанок на Парламентарниот пленум на Енергетската заедница посветен на достапноста на електричната енергија и интеграцијата на обновливите извори на енергија, во организација на Секретаријатот на Енергетската заедница, кој се одржал на 24 април […]

Дурмиши се закани со ограничени маржи за скоро сите производи ако трговците пак ги зголемат цените


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најавува ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка која трае до задутре Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.  Дурмиши денеска во одговор на новинарско прашање  […]

Новите ЕУ-регулативи неповолни за сопствениците на дизел-автомобили


Европската Унија најави регулативи што ќе значат преголем товар, па повлекување на автомобилите постари од 10 години. Измените, меѓу другото, се однесуваат и на тн. филтри за дизел-честички (ДПФ-филтри). Имено, Брисел, со веќе предложените измени, во своите земји-членки, наводно, цели кон намалување на бројот на несреќи. Од друга страна пак, според мнозина познавачи, овој потег […]

Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара


Малопродажните цени на бензините на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг и сега ќе изнесува 37,155 ден/кг, […]