ОРМ: Работниците во македонските компании помалку продуктивни од оние во странските


Загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании, покажува истражувањето што беше презентирано денеска во рамки на националната конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, организирана по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). Според истражувањето кое за потребите на ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања […]

ЕБОР и ЕУ помагаат да се подобри конкурентноста на приватниот сектор во земјава


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) го поддржуваат приватниот сектор на Северна Македонија преку идентификување на мерки за клучните приоритети и области на имплементирање на политиките, кои треба да ја зајакнат конкурентноста. Овие напори, како што соопштија од ЕБОР, се поддржани преку Програмата Приоритети за политиката на конкурентност за Западен […]

Ќе се градат уште четири ветерни турбини во Богданци – струја за уште 6.000 домаќинства


Проектот за Ветерен Парк Богданци во вредност од 37,6 милиони евра влегува во финална фаза на реализација, потврдувајќи ја Националната енергетска стратегија. АД ЕСМ (Електрани на Северна Македонија) и Siemens Gamesa Renewable Energy (SGRE) денес потпишаа клучни договори за реализација на проектот Ветерен Парк Богданци – втора фаза. Ова стратешко партнерство ќе го зголеми капацитетот […]

Владата усвои оперативен план за вработување на 16 илјади лица


  Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа […]

Колкави се нето платите низ Европа: Што останува по оданочувањето?


Кога зборувате за плата во Европа, дали зборувате за бруто или нето заработка? Ова е важна разлика, бидејќи заработката што останува по даноците значително варира од земја до земја. Главните причини за овие разлики се даноците и придонесите за социјално осигурување. Во некои земји, семејните додатоци исто така имаат дополнително влијание. Колку реално останува од […]

МФ: Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа – се намалуваат царините на 70-тина производи


На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјата. Измената, како што соопшти денеска  Министерството за финансии, е […]

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ


Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза. – Ве известуваме дека е извршена промена кај членовите на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје. Со Одлука на Владата на Република Северна […]

Пред пратениците Предлогот за именување гувернер на Народната банка


Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. […]

Продажбата на „Тесла“ низ Европа падна за половина поради Маск


  Продажбата на нови електрични автомобили на „Тесла“ опаѓа низ Европа, покажуваат податоците, поради политичката реакција против нејзиниот милијардер, главниот извршен директор, Илон Маск. Бројките од Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА) покажаа дека регистрациите за нови автомобили на „Тесла“ се преполовиле во април во споредба со истиот месец претходната година, и покрај поширокиот […]

АЕК ќе објави тендер за трет мобилен оператор, писма за искажување интерес од три компании


 Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе објави јавен тендер или јавен тендер со јавно наддавање за трет мобилен оператор, откако јавната расправа за таа намена резултираше со Писмa за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В.  – АЕК на 16.04.2025 година […]

Сагата за „Чебрен“ продолжува со 15. епизода. Британска. Пред еден месец таа беше арапска


  За проектот „Чебрен“ одамна не важи онаа народната „трета среќа“. По неуспешните 14 тендери во изминатите 33-34 години, хидроелектраната која што на Македонија треба да ѝ обезбеди таканаречена базна енергија и која што е од исклучителна важност за стабилноста на електронергетскиот систем во земјава, повторно добива нова шанса, сега во пакет со малку подзаборавената […]

Со нов инвестициски циклус ТИТАН Усје го одбележува 70-годишниот јубилеј


Со нов инвестициски циклус во дигитализација на процесите, имплементација на модели базирани на вештачка интелигенција и нови производи по највисоките еколошки стандарди, ТИТАН Усје ќе го одбележи 70–годишниот јубилеј. Само во следниот период до 2030 година инвестициите во овие сегменти ќе надминат 50милиони евра, со што дополнително ќе се поттикне развојот. Како дел од интернационалната […]

Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка ги забрзува растот и конвергенцијата на Западен Балкан


„За одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан е потребна заедничка соработка, а не изолација“. Ова беше главната порака на гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на Балканскиот самит на поранешни студенти на тема „Градење посилни партнерства за економски раст“, организиран од Македонско-американската алумни асоцијација, на кој присуствуваа и […]

Божиновска сака „Чебрен“ и „Галиште” да бидат наш проект, уште не се знае висината на браната


Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги разгледаме сите опции, а ќе ја избереме таа што ќе биде најдобра за граѓаните, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изградбата на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“. Божиновска информира дека веќе е поставена рамка и дека се во тек […]

Петнаесет членки на ЕУ бараат промена на Директивата за данокот на тутунски производи


 Петнаесет земји членки на ЕУ изразуваат незадоволство од сегашната европска Директива за оданочување на производите од тутун и бараат нејзина промена, јави дописникот на МИА од Брисел.  Според дипломатски извори, министрите за финансии и економија на овие 15 земји упатиле писмо до Европската комисија во кое оценуваат дека постоечката законодавна рамка е застарена и е […]

Асоцијацијата за е-трговија потпиша Меморандум за соработка со Кинеската комора за е-трговија


Гуангжоу, Кина — Асоцијацијата за е-трговија на С. Македонија (АЕТСМ) и Кинеската комора за е-трговија (CECC) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат основите за заедничка соработка и развој на партнерства во областа на е-трговијата и дигиталната економија. Потпишувањето претставува значаен чекор напред во насока на унапредување на прекуграничната е-трговија, размена на знаења и […]

Задолженоста на компаниите во банките зголемена за половина милијарда евра, има ли удел и унгарскиот кредит?


  Двоцифрени проценти за раст на кредитирањето на компаниите – во април задолженоста изнесувала 4,05 милијарди евра што е за половина милијарда евра повеќе во однос на истиот месец, минатата година. Банкарите очекуваат дека и во овој втор квартал ќе има зголемена побарувачка за кредити а условите за одобрување ќе олеснуваат, пишува Порталб.мк. Домаќинствата пак само […]

Азиски пазари: Индексите претежно во пад


Азиските индекси се претежно во минус, бидејќи инвеститорите ја проценуваат глобалната трговска клима откако американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи примената на царини од 50 проценти за увоз од Европската Унија. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, се намали за 0,17 проценти околу 6:00 часот наутро. Во исто време, јапонскиот Nikkei се […]

„Трамп медиа груп“ планира да собере 3 милијарди долари за да ги потроши на криптовалути


Медиумската компанија на семејството Трамп планира да собере 3 милијарди долари за купување криптовалути како биткоинот. „Трамп медиа енд технолоџи груп“, која стои зад апликацијата „Трут сошнал“ и е управувана од претседателското семејство, има за цел да собере 2 милијарди долари свеж капитал и уште 1 милијарда долари преку конвертибилна обврзница, според шест лица запознаени […]