Утврден Етички кодекс на Групацијата на небанкарски финансиски друштва – се подобрува услугата кон клиентите


 Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора, во која има 22 членки, промовира Етички кодекс чија цел е подигнување на основните стандарди за функционирање. На прес – конференција во Комората, претседателот на групацијата Никола Јошевски изјави дека со утврдениот Етички кодекс се подобрува услугата кон клиентите и се зголемува одговорноста при кредитирање на клиенти. […]

Во првите два дена 1.400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување


На информативен ден за мерките од Оперативниот план за вработување што денеска се одржа во Струмица, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги повикал сите заинтересирани да аплицираат на некој од трите објавени јавни повици од мерката Поддршка за самовработување (претприемништво), со која се нуди висока финансиска поддршка, а во годинашните мерки посебен акцент […]

САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка


Преговарачките тимови на САД и Кина постигнале начелна согласност за заедничка рамка за надминување на трговските разлики, која сега треба да биде одобрена од претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг. – Двете страни се согласија на заедничка рамка и ќе ја презентираат пред своите лидери, изјави кинескиот претставник за меѓународна трговија Ли Ченган по дводневната […]

Горан Марковиќ е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком


Горан Марковиќ ќе стапи на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2025 година. Тој е менаџер со богато искуство, со повеќе од 20 години на лидерски позиции во телекомуникациската индустрија, стекнато на различни меѓународни пазари.  Во текот на својата кариера, Горан бил на високи раководни позиции во две од водечките интернационални […]

Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија


Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов. Решението, како што истакна, е веќе во сила. Миланов потсети и дека пред пет дена, за спречување на можноста од ширење чума кај малите преживари (PPR), АХВ донесе […]

ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност


 Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија што ја направил Државниот завод за ревизија. ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка […]

Инфлацијата пак забрза: Храната од април до мај поскапела за 4,1 отсто


  Завршија мерките и инфлациската спирала почна да се откочува. Државниот завод за статистика соопшти дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година се зголемени за 3,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6 %.                   Зголемувањето на […]

Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат


Вкупно 10,2 отсто од лицата во ЕУ кои во 2023 година биле на возраст за пензионирање се уште работеле, при што дури 56,4 проценти од нив биле самовработени, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.  Според дефиницијата на ЕУ, за самовработени се сметаат оние лица кои вршат профитабилна дејност за сопствена сметка, според условите […]

Дизелот минимално поскапува


Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Цените на бензините останува непроменети, додека ЕУРОДИЗЕЛ-от поскапува за 1 денар. Така ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 66 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ останува 76,5 денари. Поскапува и екстра лесното масло за […]

До 20 јуни аплицирање за поддршка за почнување сопствен бизнис


Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули денеска официјално го објавија отворањето на јавниот повик за мерките 1.1 и 1.2 од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработување на невработените лица регистрирани во Агенцијата за вработување. Мерката 1.1 е наменета […]

Пребројувањето за репрезентативност на синдикатите во завршна фаза, веднаш потоа седница на ЕСС


 Комисијата за репрезентативност работи континуирано, се пребројуваат кандидатите – членови на синдикатите, но мислам дека процесот е во завршна фаза. Чекам час поскоро да биде финализиран и веднаш потоа да се свика седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) зашто има многу клучни теми за дискусија како што е потрошувачката кошничка, а треба да се носат и […]

Невидени сцени во Јапонија, луѓе чекаат ред со часови за ориз, а си одат со празни раце


Ориз од државни акции на распродажба во продавницата Ито-Јокадо во округот Ота во Токио. Јапонски ориз од државни акции, купен без тендер, почна да пристигнува на полиците во продавниците во некои делови од земјата минатиот викенд по прифатливи цени. Ориз од државни акции на распродажба во продавницата Ито-Јокадо во округот Ота во Токио минатиот викенд […]

Објавен повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис


 Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7.000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615.000 […]

„Рено“: Министерството за одбрана бара од нас да произведуваме дронови во Украина


Министерството за одбрана на Франција се обрати до Renault за помош во производството на дронови, соопшти производителот на автомобили, откако министерството минатата недела ја изнесе идејата дека француските компании би можеле да помогнат со отворање на производство во Украина. „Министерството за одбрана нè контактираше во врска со можноста за производство на дронови. Разговорите се водени, […]

Путин почна да се плаши од колапсот на цените на нафтата


  Руските власти стравуваат дека во втората половина од годината ќе има вишок на понуда на пазарот на нафта, што ќе доведе до понатамошен пад на цените, изјави за Ројтерс извор запознаен со напредокот на преговорите во рамките на картелот ОПЕК+, чиј член е Русија. На последниот состанок, на почетокот на јуни, ОПЕК+ се согласи […]

Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис


Кина е подготвена да го забрза процесот на разгледување и одобрување на извозот на ретки минерали за компании од Европската Унија, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија. Во соопштението се наведува дека до 5 јули Пекинг ќе донесе одлука во врска со царините за увоз на алкохолни пијалаци од ЕУ. Истовремено, завршна фаза достигнале и […]

Сè повеќе германски пензионери работат за да преживеат


Според податоците на Федералниот завод за статистика, 1,1 милион лица над 67 години биле редовно вработени во Германија во 2024 година. Ова е за 51.000 повеќе од претходната година и највисока бројка досега забележана, пишува Дојче Веле. Во споредба со 2004 година, бројот на вработени лица на возраст за пензионирање е речиси четирикратно зголемен. Пред […]

Дигиталното евро ќе создаде милијарди евра трошоци за банките


Воведувањето на дигиталното евро би можело да ги чини банките помеѓу 18 и 30 милијарди евра, според истражувањето на консултантската фирма PwC. Истражувањето на PwC, нарачано од Европската асоцијација на кредитниот сектор (ECSA), покажа дека трошоците за прилагодување за група од 19 банки треба да изнесуваат малку повеќе од две милијарди евра. Ова би значело […]

Земјите од ЕУ сакаат да ја намалат компензацијата на патниците за доцнење на летовите


Земјите од Европската Унија се согласија да ја намалат компензацијата на патниците за доцнење на летовите, бидејќи авиокомпаниите се пожалија на големи финансиски оптоварувања. Спогодбата меѓу членките на ЕУ треба да се дискутира во Европскиот парламент и може да биде предмет на понатамошни измени пред евентуалното усвојување. Патниците моментално можат да побараат до 600 евра […]

Вол Стрит: Силни добивки за индексите на крајот на неделата, Тесла врати дел од загубата


Акциите пораснаа во петокот откако најновиот извештај за платите надвор од земјоделскиот сектор излезе подобар од очекуваното, ублажувајќи ги загриженостите дека економијата се соочува со непосредно забавување. Индустрискиот просек Дау Џонс порасна за 439 поени, или 1%. Индексот на „сините чипови“ порасна за повеќе од 500 поени на највисоко ниво во сесијата. S&P 500, исто […]