Дизелот поскапува за 2,5 денари за литар, цените на бензините не се менуваат


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во […]

(Во живо) Прес-конференција на министерката Димитриеска Кочоска за ребалансот на Буџетот


Проследете ја прес-конференцијата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, кој денеска беше на владина седница. Претходно денеска, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата на седница ќе го разгледува  ребалансот на Буџетот. Одговарајќи на новинарски прашања, каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс […]

Швајцарската централна банка ги намали каматните стапки на нула


Швајцарската национална банка ги намали каматните стапки за четвртина процентен поен на нула, но не отиде подалеку стапката да биде негативна, бидејќи се бори да ја ограничи вредноста на својата валута, која скокна поради глобалните трговски тензии. Ова е прв пат алпската земја, една од ретките во светот што експериментира со негативни стапки, да има […]

Стопанската комора на Србија покрена Дигитален каталог на извозници


Стопанската комора на Србија денеска го покрена Дигиталниот каталог на извозници – иновативна платформа наменета за странски партнери, дистрибутери, увозници, инвеститори и сите компании и економски субјекти кои сакаат да најдат релевантни информации на едно место за капацитетите, производите и услугите на компаниите од Србија што извезуваат и се заинтересирани за проширување на своето присуство […]

Средба Славески – ММФ: За справување со предизвиците потребни се конзистентни, одговорни и усогласени политики


Народната банка (НБ) како професионална, независна и кредибилна институција, со своето делување значително придонесува за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во земјава, оценето е на средбата на гувернерот на НБ Трајко Славески со регионалниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Себастијан Соса и новиот шеф на Мисијата на ММФ за нашата земја, Ник Гигинеишвили. […]

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“


„Alexandria Cuvée“, еден од најпрепознатливите вински брендови во Македонија и регионот, неодамна доби ново име и нов изглед. Новиот лик на „Alexandria Cuvée“ вклучува целосен редизајн на етикетата и амбалажата, што го истакнува премиум квалитетот на виното и дава современ изглед на овие вина. Исклучително високиот квалитет на вината дополнително се нагласува со воведувањето на […]

Штрајк на контролорите на летање на 10 јули ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници


Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ  бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна […]

Како Британија гради брза пруга: Проектот ХС2 што ја направи државата предмет на потсмев


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска испрати писма до 22 врвни светски банки и меѓународни организации барање за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга Коридорот 10 согласно договорот што го потпиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, а потоа го изгласа Собранието. Износот кој се бара за реализација на […]

Ова се земјите со најголемо богатство по глава на жител


Според извештајот на швајцарската банка UBS, Швајцарија е водечка земја во светот кога станува збор за богатство по глава на жител. Просечното богатство по глава на жител во оваа земја е 690.000 долари (1,17 милиони КМ). Соединетите Американски Држави се на второ место, со богатство по глава на жител од 620.000 долари (1,05 милиони КМ), […]

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти


Собранието денеска ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочи дека станува збор за средства за реализација на инвестиции во општините што, како што рече, е дел од нивниот концепт за развој […]

Групацијата 4iG именува извршен директор и заменик-извршен директор на OНЕ Македонија


Групацијата 4iG именува двајца високи извршни директори да ја водат гринфилд инвестицијата во Северна Македонија, OНE Mакедонија Телекомуникации ДООЕЛ, соопштија од компанијата. Од таму додаваат дека овој потег претставува важен чекор во подготовката на Групацијата да учествува на националниот тендер за фреквенции и да воведе трет мобилен оператор со целосна услуга на македонскиот пазар. Брано […]

Американските фармацевтски компании забрзано купуваат лиценци за лекови од Кина


Американските производители на лекови брзо ги купуваат правата за молекули што би можеле да послужат како основа за нови лекови од кинеските компании, во обид да ги намалат трошоците за истражување и развој. До јуни, американските фармацевтски компании потпишаа 14 договори за лиценцирање лекови во Кина, кои би можеле да достигнат вредност од дури 18,3 […]

Законот за шумите оди на второ читање


Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, во прво читање и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање. Комисијата едногласно го донесе овој заклучок. Претставникот на предлагачот, Јордан Здравковски, раководител на сектор во Министерството за земјоделство, шумарство и […]

Колку ќе чини изградбата на автопатиштата на „Бехтел и Енка“ – 1,3 или 2,6 милијарди евра?


  Колку вкупно ќе чини изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10д, кои што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“? Дали ќе биде 1,3 милијарди евра, колку што е наведено во договорот кој го склучи тогашната влада на СДСМ и ДУИ пред нешто повеќе од две години, или пак многу повеќе, дури два […]

Нов состав на УО на ВВ „Тиквеш“, Јане Јаневски претседател на Надзорен одбор


Винарската визба „Тиквеш“ ја извести „Македонска берза“ дека е одреден нов состав на Управниот одбор на акционерското друштво, а за претседател на Надзорниот одбор е избран Јане Јаневски, синот на Светозар Јаневски. „Со Одлука од седница на Надзорен Одбор, поради истек на мандатот се констатира престанок на функциите на членовите на Управниот одбор на Друштвото […]

Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите


Ако со британскиот заем инвестираме во Чебрен, ќе завршиме голема работа, велат експертите. Тоа би било најпаметно зашто ќе постигнеме еден вид енергетска независност. И брзата пруга од Коридорот 10, нагласуваат, е многу битна, иако има големи дилеми колку ќе може да придонесе за динамизирање на растот, но, од друга страна, сепак, ако не ја […]

НБ: Банките стабилни и ликвидни, но забрзува растот на цените на недвижностите и на станбените кредити


Извршниот одбор на Народната банка донел одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година. Како што денеска соопштија од Кабинетот на гувернерот на Народната банка, ваквата одлука е […]

Македонија2025 објави повик за стипендии за средношколци


Фондацијата МК2025 објави повик за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2025/2026 година. Крајниот рок за доставување на апликациите е 25 јули 2025 година.  На повикот може да аплицираат средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни […]

Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток


Цените на нафтата се задржаа близу петмесечниот максимум поради стравувањата дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток би можела да доведе до подиректно вклучување на САД. Цените на нафтата од типот „Вест Тексас Интермедиеит“ (WTI) се стабилизираа во Азија откако во вчера го достигнаа највисокото ниво за речиси пет месеци, бидејќи претседателот Доналд Трамп побара […]

Гувернерот Славески на средба со претставникот на ЕБОР: Макроекономската стабилност е клучот за побрза конвергенција


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес оствари средба со раководителот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, Фатих Туркменоглу. Средбата претставуваше можност за размена на мислења за економската состојба и потенцијалот за зајакнување на соработката меѓу двете институции заради поддршка на одржливиот развој. Тие разговараа пред сѐ за значењето […]