Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената


Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Како што истакна Узунчев на денешната средба со новинарите во Министерството за енергетика, во првиот квартал од годинава успеале да ја намалат производната цена на електричната енергија на […]

Британскиот заем нема дополнително да ги зголем капиталните расходи во Буџетот, вели Димитриеска – Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска на новинарско прашање како ќе се реализира Договорот со Велика Британија изјави дека нема да има дополнително зголемување на капиталните расходи. – Во однос на тоа какви се проекциите во рамки на фискалната стратегија и сега дали ова ќе значи дополнително зголемување на капиталните расходи, не, нема […]

ЕК ги казни „Деливери Хироу“ и „Глово“ со 329 милиони евра за картелско здружување


Европската комисија им изрече парични казни на компаниите за дистрибуција на храна „Деливери Хироу“ и „Глово“ во вкупна вредност од 329 милиони евра, поради создавање на картел во секторот за онлајн достава на храна, соопшти денеска извршната потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција Тереза Рибера.  – Компаниите се договориле да не си […]

Млади инженери од ФЕИТ започнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика


Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Првата група студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои ова лето ќе ја реализираат својата професионална пракса во рамки на […]

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра


Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција најави предлог за измени на Законот за минимална плата со кој се бара зголемување на минималната месечна плата на 30.000 денари, почнувајќи од јули 2025 година. Предлогот, како што истакна Мециновиќ, е изготвен во согласност со барањата на синдикатите и е одговор на тешката […]

Свечена академија по повод 80 години ДЗС: Статистиката е компасот што ни покажува каде сме и каде одиме, без квалитетни податоци нема квалитетна демократија


Во едно современо и транспарентно општество, статистиката претставува огледало на реалноста. Таа е компасот што ни покажува каде сме и каде одиме. Статистиката овозможува граѓанска вклученост, јавна отчетност и социјален дијалог. Без квалитетни и независни податоци – нема ниту квалитетна демократија, порачаа денеска говорниците за време на Свечената академија по повод 80 години од основањето […]

Намалувањето на царините годинава ќе го „олеснат“ Буџетот за 4,7 милиони евра


Намалувањето на царинските стапки за 67 производи, како и ослободувањето од царини на увозот од САД, годинава ќе ја „олеснат“ државната каса за 4,7 милиони евра, односно за толку ќе изнесуваат помалку приходите од наплата на царините. Ова денес на прес конференција во Владата го изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, одгововарајќи за […]

Минимално поевтинуваат сите горива од полноќ


Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 74,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар. Поевтинува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто за […]

Започна серијалот обуки „Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика


Финансиско планирање и контрола, управување со финансии, анализа и толкување на извештаи, донесување инвестициски одлуки, стратегии за финансирање, управување со ризици и ESG-известување се главните теми опфатени со обуката „Од бројки до одлуки“, која започна во Стопанската комора на Северна Македонија. Оваа обука е прва од ваков тип, наменета за малите и средни претпријатија (МСП) […]

Од први јуни до септември авиолинии до уште три градови во Турција, од Скопје до Анкара, Чукурова и Дијарбакир


Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на Ajet до аеродромот Чукурова […]

Македонија ќе  биде меѓу првите што ќе добие договор за слободна трговија со САД, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува Македонија да биде меѓу првите држави кои со САД ќе добијат Договор за слободна трговија. Запрашан за ефектите од посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на САД и неговата средба со Државниот секретар Марко Рубио, Мицкоски рече дека впечатоците од таа средба се […]

Статистика не открива, Мицкоски очекува БДП во првиот квартал да е меѓу три и четири отсто


Утре ќе биде познато колкав бил растот на домашниот бруто-производ во првиот квартал годинава. Од Државниот завод за статистика не откриват колку ќе изнесува растот на БДП, додека премиерот Христијан Мицкоски очекува тој да биде околу 3-4 проценти. Одговарајќи на прашања на новинарите, пред свечената академија по повод 80 години од постоењето на Државниот завод […]

Партија на пензионери: Провизиите за основните банкарски услуги се највисоки во регионот


Партијата на пензионери, преку соопштение до медиумите изразува огромна загриженост и воедно им укажува на банките за високите надоместоци и провизии за основните банкарски услуги, кои се дефинитивно највисоки во регионот. „Токму затоа Партијата на пензионери апелира до Владата и Собранието за донесување на закон за олеснување на граѓаните на пристап до основните банкарски услуги, […]

Транспортерите од Западен Балкан се закануваат со блокада на ЕУ со 300.000 камиони


Транспортерите од регионот се закануваат дека на 16 јуни со најмалку 300.000 камиони координирано ќе ги затворат балканските граници со Европската унија. Лидерите на водечките транспортни здруженија на шест земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, на состанок во Бјелина, Босна и Херцеговина, усвоија едногласна одлука доколку […]

Николоски со видео покажа што се гради во Македонија


Вицепремиерот Александар Николоски, воедно и министер за транспорт и врски, на својата Фејсбук страна објави видео од 5 минути кое илустрира што и како се работи во однос на капитални градежни активности и инфраструктура во Македонија. „Во следниве 5 минути погледнете како интензивно се работи на 3 автопатски делници    1. Прилеп – Битола 2. […]

Трипуновски сака стоковните резерви да бидат од домашна храна


Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски сака да набави домашна храна за стоковните резерви за потребите на државата. „Она во минатото што го зборував, денеска го практикувам, а тоа е во земјоделството да се превенираат ситуациите, да се затворат отворените прашања и да се решаваат сите спорни моменти кои што се појавиле”, истакна министерот за земјоделство, […]

Околу 600 возрасни невработени ќе бидат обучени за да можат да најдат работа


Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година кој неодамна го промовираше Владата, предвидува и обуки за побарувани занимања што ќе ги спроведуваат обучувачи верифицирани од Центарот за образование на возрасните. Ќе бидат опфатени 600 невработени лица, а за мерката е обезбеден буџет од 70 […]

Анализа: Компании изгубија милијарди поради царините на Трамп


Трговската војна на претседателот Доналд Трамп ги чинеше компаниите повеќе од 34 милијарди долари загуба на продажба и зголемени трошоци, а се очекува таа сума да се зголеми бидејќи продолжената неизвесност околу царините го парализира донесувањето одлуки во некои од најголемите светски компании, јавија американски медиуми. Тие пренесоа анализа на Ројтерс во која с евели […]

Индустриското производство во првите четири месеци зголемено за 1,8 проценти


Индустриското производство во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април лани бележи раст од 1.8 %. Во април годинава, пак, во споредба со истиот месец од 2024, индустриското производство е зголемено за 1.4 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во секторот Рударство и вадење на камен, индустриското производствово бележи […]