Шефот на „Епл“ му подари на Трамп 24-каратна златна плочка, погледнете го видеото


Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, ја посети Белата куќа завчера, каде што се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп и му подари специјално направен подарок кој изгледаше дека е прилагоден на вкусот на претседателот. Кук и Трамп во таа пригода објавија дека „Епл“ ќе инвестира нови 100 милијарди долари (околу 91 милијарда евра) во […]

Размислува пред да одговори: Што носи новиот модел на вештачка интелигенција GPT-5 на ОпенАИ


OPENAI вчера официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција GPT-5, кој сега е достапен бесплатно за сите корисници. Според компанијата, тоа е нивниот „најпаметен, најбрз и најкорисен“ модел досега, кој обезбедува поточни и порелевантни одговори во области како што се математика, наука, финансии, право и медицина. „GPT-5 е прв пат навистина да се […]

Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески најавува дека се подготвуваат нови мерки со кои ќе се овозможат подобри услови за кредитирање на становите коишто се купуваат за живеење, особено за прво купување. Целта, според него, е да се поддржи кредитирањето што се користи за решавање на станбеното прашање, особено кај младите, во услови кога цените […]

Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години. „Според сегашните податоци, БДП по глава […]

Трговците, производителите и дистрибутерите попладнево на средба кај Дурмиши за цените на храната


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши попладнево ќе има средба со трговците, производителите и дистрибутерите на која ќе стане збор за цените на прехранбените производи. Како што информира, ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно. Во спротивно, најави, Владата ќе воведе ригорозни мерки. Дурмиши не прецизираше за какви […]

„Фајнанс тинк“: Цените на храната веќе не ја подгреваат инфлацијата


Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think) го публикуваше  ФТ Став бр. 66 за движењата кај цените, каде што нотира дека цените на храната веќе не ја подгреваат инфлацијата, туку дека таа сега е резултат на засилена домашна побарувачка и високи реални доходи и услужен сектор кој ги коригира цените нагоре. „Фајнанс […]

Зголемувањето на минималната плата е оправдано според сите факти и споредби: ССМ со обраќање до јавноста и до пратениците


Сојузот на синдикатите на Македонија на 03.03.2025 година до Претседателот на Собранието и Координаторите на пратеничките групи достави Предлог за минимална плата, по кој, две пратенички групи, односно две политички партии веќе доставија Предлози за зголемување на минималната плата кои за работниците од неразбирливи причини беа одбиени парламентарното мнозинство, се вели во денешното обраќање до […]

Швајцарските компании ќе можат да користат скратено работно време до 24 месеци


Швајцарската премиерка Карин Келер-Сутер објави дека на швајцарските компании ќе им биде дозволено да користат скратено работно време до 24 месеци, како дел од мерките за заштита на домашната економија по примената на дополнителни американски царини во износ од 39 проценти. Барањата треба да се обработуваат брзо и без премногу бирократија, објавува Шпигел. Федералниот совет […]

Форд ги зголеми проекциите за годишните трошоци поради царините, акциите на компанијата паднаа за три проценти


Компанијата „Форд“ соопшти дека американските царини за увезени возила, како и за челик и алуминиум, веројатно ќе ја чинат повеќе од очекуваното кога станува збор за проекциите за трошоците за оваа година. Акциите на овој производител на автомобили паднаа за околу три проценти. Американската компанија објави дека царините ја чинеле 800 милиони долари во вториот […]

Инфлацијата не се смирува, во јули беше 1,1 отсто на месечно ниво, на годишно 4,8 отсто


Инфлацијата не покажува знаци на намналување, покажуваат најновите статистички податоци според кои во јули годинава во однос на претходниот месец е 1.1 отсто, а во однос на јули минатата година изнесува 4,8 отсто. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, изнесува 1,1 отсто, соопшти денес […]

Директорот на „Интел“ во немилост, Трамп бара негова оставка


Акциите на најголемиот американски производител на чипови, „Интел“, паднаа за повеќе од четири проценти денес откако американскиот претседател Доналд Трамп побара оставка од извршниот директор Лип-Бу Тан преку социјалните медиуми, објавува Си-Ен-Ен. „Извршниот директор на Интел е во голем судир на интереси и мора веднаш да поднесе оставка. Нема друго решение за овој проблем“, напиша […]

„Визер“ најавува нова рута од Скопје до Келн


Авикомпанијата „Визер“ (Wizz Air) денеска ја најави новата директна рута од Меѓународниот аеродром Скопје до Келн. Билетите се веќе достапни на wizzair.com и преку мобилната апликација WIZZ, по цени кои започнуваат од 1.619 денари (во еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба). Оваа нова дестинација следува по неодамнешната најава на уште […]

СДСМ: Реализацијата на капиталните инвестиции е само 26 проценти


Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во првите 6 месеци има катастрофални 26 проценти реализација на капиталните инвестиции, посочува СДСМ во соопштение од прес-конференцијата на Јовица Јанковиќ. „Ова не е само катастрофална бројка. Ова е показател, доказ за целосна институционална неспособност на Владата и промашени економски политики“, изјави Јанковиќ, додавајќи дека во споредба со истиот […]

Славески поддржува мерки против високите цени ако се оддржливи на среден и долг рок


Гувернерот Трајко Славески нема информација за евентуалните нови владини мерки за стабилизирање на цените во маркетите, но смета дека секој потег што е одржлив на среден и подолг рок од страна на носителите на фискалната политика, е добредојден и ѝ помага на Народната банка во одржувањето стабилност на цените, односно ниска и стабилна инфлација. Како […]

Славески: Рано е да има каков било ефект од американските царини


Гувернерот Трајко Славески смета дека е рано да се почувствуваат првите ефекти од воведувањето на американските царини кои засега за Македонија изнесуваат 15 отсто. Како што рече денеска, со оглед дека ваквата одлука е донесена „буквално пред некој ден“, допрва ќе се прават потребните анализи. -Се уште немаме ефект од воведувањето на царините. Дури и […]

Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка


Гувернерот Славески, на денешната конференција за печатот, најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива и за измени на сегашното законско решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки. Со измените на Законот за платежни услуги и платни […]

Apple се враќа дома, ќе инвестира 100 милијарди во САД


  Американскиот технолошки гигант Apple планира нова инвестициска инјекција од 100 милијарди долари во домашното производство во САД, со што вкупната вредност на најавените вложувања достигнува импресивни 600 милијарди долари. Според извор од Белата куќа, претседателот Доналд Трамп треба официјално да ја објави оваа вест во текот на денот, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Уште во февруари […]

Намалувањето на банкарските провизии не е воедначено, зависи од секоја банка, вели Славески


Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги почна да ги дава првите резултати. На почетокот на овој месец, трите големи банки и една средна банка соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, соопшти гувернерот Трајко Славески. Како што рече денеска на прес-конференција, граѓаните се известени, а колкаво […]

Трамп вели дека планира 100 проценти царина на чиповите, Епл ќе инвестира уште 100 милијарди долари во американското производство


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе 100 посто царина на компјутерските чипови, што веројатно ќе ја зголеми цената на електрониката, автомобилите, домашните апарати и другите стоки што се сметаат за неопходни во дигиталното доба. -Ќе воведеме царина од приближно 100 проценти на чипови и полупроводници, рече Трамп во Овалната соба за време на […]

Вол Стрит: Индексите пораснаа, „Епл“ победник на денот


Акциите пораснаа во среда поради скокот на акциите на „Епл“, додека инвеститорите ги анализираа најновите соопштенија за корпоративните приходи. S&P 500 порасна за 0,7 проценти, додека Насдак композит напредуваше за 1,2 проценти. Индустрискиот просек на Дау Џонс порасна за околу 81 поен, или 0,2 проценти. „Епл“ скокна за 5 проценти откако функционер од Белата куќа […]