„Алкалоид“ со рекордни консолидирани продажби од 246,6 милиони евра, извоз од 160,4 милиони и со инвестиции од 15 милиони евра во периодот јануари – септември 2025 г.


Нашата најголема фармацевтска компанија, „Алкалоид“, ги објави деловните резултати во првите девет месеци од годинава, со рекордни консолидирани продажби од 246,6 милиони евра, извоз од 160,4 милион евра и инвестиции од 15 милиони евра. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите достигнуваат 10.180.866.920 денари, што е за […]

Најголемата рафинерија во Индија продолжи да купува руска нафта


  „Индијан oил Корп“, најголемата рафинерија за нафта во Индија, купи пет товари руска сурова нафта за испорака во декември од компании кои не се предмет на западни санкции, објави Ројтерс, повикувајќи се на трговци запознаени со зделките. По воведувањето ограничувања од страна на Вашингтон врз „Лукоил“ и „Роснефт“, двата најголеми руски производители на нафта, […]

„Декларација Скопје“: Порака дека регионот сака да биде двигател кон енергетска транзиција


Со потпишувањето на „Декларацијата Скопје“ испраќаме силна порака дека регионот не е само следбеник на глобалната транзиција, туку нејзин активен двигател. Оваа Декларација е патоказ на нашата посветеност, за побрза зелена транзиција, за регионална поврзаност, за инвестиции во иновации и човечки потенцијал, истакна вечерва министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска. „Декларацијата Скопје“ […]

Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место


Инклузивната и праведна зелена енергетска транзиција е невозможна без еднакво учество на жените, порачаа учесниците на сесијата „Жени во енергетиката“, одржана во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска ја отвори сесијата потенцирајќи дека без родова еднаквост, нема вистински напредок […]

ЕЦБ ги задржа каматните стапки, инфлацијата близу до целта од 2 проценти


Европската централна банка (ЕЦБ) потврди дека ги задржува каматните стапки во еврозоната, велејќи дека инфлацијата е близу до целта од два проценти и дека економијата сè уште расте, и покрај „предизвикувачката глобална средина“. Стапката за рефинансирање за банките останува на 2,15 проценти, стапката за депозит преку ноќ за банките останува на 2,0 проценти, а кредитите […]

ЕУ и КфВ Банка со грант од 1,5 милиони евра ја поттикнуваат зелената трансформација на АД ЕСМ


АД ЕСМ денеска потпиша Договор за грант со Германската развојна банка КфВ кој обезбедува 1,5 милиони евра техничка помош, финансирана од Европската Унија, наменета за зајакнување на внатрешните капацитети и забрзување на клучните активности за енергетска транзиција на компанијата. Ова, наведува ЕСМ, е значаен чекор за зелена и пазарно ориентирана трансформација на компанијата.    -Грантот […]

Забавува изградбата на терминали за ЛНГ во Европа


Изградбата на терминали за увоз на течен природен гас (ЛНГ) во Европа губи замав, што укажува дека земјите низ континентот ја прецениле идната побарувачка за гас, соопшти денеска глобалниот независен Институт за економија на енергетиката и финансиски анализи (ИЕЕФА). Институтот наведува дека Германија затворила или го одложила работењето на терминали, додека суд во Франција му […]

Комерцијална банка со добивка од 69,1 милион евра во првите девет месеци годинава


Комерцијална банка, најуспешната банка во нашата земја во првите девет месеци од годинава оствари добивка пред оданочување од 69,1 милион евра, покажуваат финансиските резултати што пред малку беа објавени на страницата на Македонската берза. Во истиот период вкупните приходи од работењето на банката изнесуваат 104,9 милиони евра, се вели во извештајот. Како што стои во […]

Се зголемува цената на екстра лесното масло за домаќинство


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година. Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат […]

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата


По усвојувањето на Предлог-буџетот за 2026 година СДСМ изразува сериозна загриженост за насоката по која се движи фискалната политика и нејзините последици врз граѓаните и стопанството, соопштија од партијата.    Како што посочуваат од СДСМ, наместо ветената „строга фискална дисциплина“, Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП и со тоа повторно директно го прекршува фискалното […]

ФЕД повторно ги намалија каматните стапки, но Пауел се сомнева во олеснување на следниот состанок


Федералните резерви во среда одобрија второ по ред намалување на каматните стапки, иако претседателот Џером Пауел ги потресе пазарите кога изрази сомнеж за уште едно намалување во декември. Со 10 гласа „за“ и „два против“, Комитетот за отворен пазар на централната банка ја намали својата референтна каматна стапка преку ноќ на опсег од 3,75%-4%. Заедно […]

Германија „за влакно“ избегна рецесија


Германскиот БДП стагнираше во третиот квартал, покажаа прелиминарните пресметки на заводот за статистика, што укажува дека најголемата економија во Европа избегнала рецесија. Во периодот од јули до септември, активноста во германската економија остана на нивото од претходните три месеци, според сезонски прилагодените податоци, кога се намали за ревидирани 0,2 проценти, откри Дестатис. Германија „за влакно“ […]

Лани сме увезле 65,5 отсто од потребната енергија


Лани (2024г.) 65,5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена преку увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2.541.849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44,7 % и цврстите горива со 24,9 %. Исто така лани, бруто-примарното […]

Германската економија и натаму стагнира, „Фолксваген“ објави нето загуба од 1.072 милијарди евра во третиот квартал


Германската економија продолжи да стагнира и во третиот квартал од годинава, а некои од најголемите компании, меѓу кои и групацијата „Фолксваген“ и националниот авиопревозник „Луфтханза“ бележат негативни резултати во работењето.   Германскатат статистичка служба соопшти дека бруто домашен производ (БДП) во третиот квартал остана непроменет во споредба со претходниот тримесечен период. Иако има подобрување во однос […]

Компанија основана од пријател на Путин ќе ги купи странските имоти на „Лукоил“


  „Лукоил“, руската нафтена компанија која е предмет на санкции од САД, ќе ги продаде своите странски средства на меѓународниот трговец со стоки „Гунвор“. Самиот „Гунвор“ даде понуда, објави компанијата. „Клучните услови на договорот беа претходно договорени од страните. „Лукоил“, од своја страна, ја прифати понудата, согласувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, […]

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во зимската сезона


Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“. Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, […]

Колапс на целата автомобилска индустрија на повидок?


Европските производители на автомобили предупредија дека доколку не се најде решение, ќе бидат принудени да го запрат производството во рок од неколку дена поради влошување на недостигот на полупроводници откако Кина го забрани извозот на чипови произведени од Nexperia. Гардијан објавува дека Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), чии членови се Volkswagen, Stellantis, Peugeot […]

Инфлацијата ќе забавува и ќе се доближи до историскиот просек, вели вицегувернерката Ана Митреска


„Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво. Просечната инфлација во 2025 година досега се движи околу 4%, а врз основа на сите расположливи претпоставки и мерките преземени досега од Народната банка, очекуваме дека инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се […]

„Нвидиа“ стана првата компанија во историјата вредна 5 билиони долари


Компанијата „Нвидиа“ (Nvidia) денес стана првата во историјата со берзанска вредност од повеќе од пет билиони долари (5 илјади милијарди). Според Гардијан, денешниот раст на вреднувањето е дел од поширок скок на вредноста на технолошките компании предизвикан од очекувањето дека Федералните резерви на САД ќе ги намалат каматните стапки за 0,25 проценти. Вредноста на акциите […]

Компаниите во сопственост на Роснефт во Германија привремено ослободени од санкциите на САД


Соединетите Американски Држави денес издадоа таканаречена „општа лиценца“ со која привремено се суспендираат санкциите против Роснефт во Германија до 29 април 2026 година, објави Министерството за финансии на САД. Ројтерс објави дека на веб-страницата на ова министерство е објавено дека е издадена таканаречената „општа лиценца“ која овозможува трансакции со компаниите „Роснефт Дојчланд ГмбХ“ и „РН […]