НЛБ банка овозможи мобилно банкарство за корисниците на новите Huawei телефони


НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони. Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата Huawei AppGallery е од големо значење, […]

Најмалку 10 компании заинтересирани за ТЕЦ Неготино


Најмалку 10 компании се заинтересирани за ТЕЦ Неготино, но физибилити студијата, која се очекува да биде готова на почетокот на следната година, ќе покаже дали овој енергетски капацитет ќе се продава целосно или ќе се оди по пат на јавно-приватно партнерство. Премиерот Зоран Заев денеска во Неготино истакна дека овој енергетски капацитет буди сериозен интерес. […]

Потпишана Спогодба за партнерство, трговија и соработка со Велика Британија


Спогодба за партнерство, трговија и соработка со која се уредуваат трговските односи меѓу Северна Македонија и Велика Британија по излезот на Обединетото Кралство од Европската унија, денеска во Скопје потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и британската амбасадорка Рејчел Галовеј. Според шефот на дипломатијата Османи, со потпишувањето на оваа Спогодба се озбедува континуитет на […]

Премиерот Заев прими претставници на Шпаркасе Банка


Инвестициите во банкарскиот сектор се силен сигнал за стабилниот финансиски сектор и порака за поддршка на инвеститорите, истакнал премиерот Зоран Заев на денешната средба со членот на Бордот на директори на австриската Штаермаркише Шпаркасе Банка  Георг Бухер, кој воедно е и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, и претседателот на УО и генерален […]

ДПИ: Не се забележани неправилности и големо отстапување за време на „Black Friday“


 Државниот пазарен инспектор во петокот, за време на акцијата „Black Friday“ изврши инспекциски надзори во моловите на територија на цела држава. Неправилности и големо отстапување немаше. Ова на денешната прес-конференција го соопшти раководителот на Инспекциски надзор Скопје Мери Проја Продановска, одговарајќи на новинарско прашање колку и какви неправилности имало за време на „Black Friday“. -Во […]

Работењето во недела да се смета за прекувремена работа, предлага КСС


Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува кој ќе работи, а кој не. Сметаат дека на овој начин ќе се уназадат правата на работниците и предлагаат во став […]

Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден, велат од ССМ


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена за неработен ден. Во реакцијата од ССМ се наведува дека предлогот на Министерството за труд и социјална политика е во насока […]

Десетгодишен јубилеј на изборот ТОП 100 најуспешни компании на Стопанска комора на северозападна Македонија


Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, и оваа година го организира изборот на најуспешните и најмоќните компании „ТОП 100“, овој пат како специјално 10. јубилејно издание. Десеттото издание на „ТОП 100“ најуспешни компании ќе се одржи на 9 декември 2020 (среда), во хотел „Хилтон“ во Скопје. Поради актуелната пандемија, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, почитувајќи ги […]

Бислимоски: Зголемувањето на енергетската независност е гарант за сигурна енергетска иднина


Реформите мора да продолжат, а инвестициите во енергетскиот сектор да се откочат и да бидат приоритет кај сите земји затоа што пандемијата покажа дека зголемувањето на енергетската независност и самостојност е гарантор за сигурна енергетска иднина, порача Марко Бислимоски  на 47-от состанок на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (ECRB). Состанокот, со кој претседаваше претседателот […]

Битиќи: Инвестирањето во човечкиот капитал е подеднакво важно како и капиталните инвестиции


Инвестициите во човечки капитал се подеднакво важни како и капиталните инвестиции. Верувам дека инвестирањето во луѓе е од витално значење за благосостојбата на општеството и за градење на посилна економија, истакнал вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на отворањето на 12. годишна конференција за управување со човечки ресурси организирана од Македонската асоцијација за човечки ресурси. […]

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2020 година од магазинот The Banker


Освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажа Банката во оваа година во која земјава, како и цел свет, со соочува со пандемија од досега невидени размери, велат од Комерцијална банка    Комерцијална банка АД Скопје со гордост […]

Прв состанок на платформата „За татковината со љубов“ иницирана од вицепремиерот Битиќи


Политики што резонираат со потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните како и наоѓање на системски решенија за решавање на проблемите се вредности по кои се водам при секојдневното донесување на одлуки. За да сме сигурни дека решенијата и политиките се одржливи и соодветни, сметам дека е од исклучителна важност тие да се донесени […]

Интервју со Марјан Николов: Популизмот и клиентелизмот го еродираа пазарниот амбиент


Експанзијата на задолжување за проектот „Скопје 2014“, земјоделските субвенции, засилените предизборни буџетски трошења, откупот на долгот и неплатените обврски на ЕЛС и јавните претпријатија итн, се индикации дека дел од долгот на државата e нелегитимен (odious debt), вели Марјан Николов, претседател на Центарот за економски анализи   Мирче Јовановски Според Центарот за економски анализи, во […]

Заев и Бектеши на промоција на првата фотонапонска централа во неготинско


Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се обратат на промоцијата на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија“ АД Скопје во населеното место Војшанци, неготинско. На промоцијата, како што соопшти владината прес-служба, свое обраќање ќе има и Штефен Петер, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, по што и […]

Конференција „Патот кон единствениот европски пазар“


Во очекување на стартот на преговорите за пристапување кон Европската унија, Фондацијата Претприемачки сервис за млади денеска ќе организира виртуелна конференција на тема „Патот кон единствениот европски пазар“. Целта на конференцијата, информираат организаторите, е да се покрене свеста за тоа што всушност значи да се биде дел од единствениот европски пазар, како и за влијанието […]

Голдман Сакс предвидува долгорочен тренд на пораст на цените на бакарот


Аналитичарите на Голдман Сакс предвидуваат дека сме на почетокот на долгорочен нагорен тренд на цените на бакарот. Цените на бакарот во вторникот се искачија на највисоко ниво од март 2013 година, достигнувајќи 7.719 американски долари за метрички тон по поголемата производствена активност во однос на очекуваната во Кина и Јужна Кореја. Металот во меѓувреме забележа […]

Безбедноста на вакцините против КОВИД-19 и развојот на бизнисите во време на криза во фокус на вториот ден од Самитот Македонија2025


Во моментов, во фармацевтската индустрија генерално има две клучни работи односно дилеми поврзани со вакцината против КОВИД-19, а тоа се безбедноста и ефикасноста, беше посочено денес на вториот ден од деветтото издание на Самитот на Македонија2025 кое се одржува во дигитална/ хибридна форма. На дискусијата „Светот во време на криза”, организирана од Келог Алумни Клубот […]

Раст на акциите на Лондонската берза по одобрувањето на вакцината против КОВИД-19


Лондонската берза, по веста дека Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината против КОВИД-19, утрово регистрира пораст на акциите. Индексот на најликвидните акции на Лондонската берза, ФТСЕ 100 денеска ги надмина регионалните ривали, зајакнувајќи за 0,1 процент по информацијата дека Велика Британија од следната недела ќе започне да користи вакцина против коронавирусот, […]

Стартапите се иднината на македонската економија, но потребна е соработка и со институциите


Државата има добра стратегија за малите и средните претпријатија, но сепак треба да се направи разлика меѓу нив и стартапите за да може и тие да учествуваат во процесот на донесување на одлуки, истакна Коста Петров, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој на првиот ден од Глобалната недела на претприемништвото. На виртуелниот панел […]

Државната гарантна шема преку Развојната банка на усвојување во Собранието


Владата, на вчерашната 25-та седница, донесе одлука да го предложи на усвојување во Собранието Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот во кој се поставени контурите на државната гарантна шема, дел од сетот економски мерки за справување со ефектите од пандемијата КОВИД-19. Со законското решение, како што […]