Во 2020 година исплатени 10,6 милиони евра државна помош за странски инвестиции


Дирекцијата за технолошко развојни зони – ТИРЗ во 2020 година исплати над 10,6 милиони евра на 29 компании за реализација на нивните инвестиции во зоните. Ова е 94,4 отсто реализација на предвидената државна помош за изминатата година исплатена кон странските инвеститори во земјава. Како што информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, дополнително е одобрена и предвремена […]

Продажбата на автомобили во Европа во 2020 – најлоша година во последните неколку децении


Најдобрите европски пазари за автомобили лани го забележаа најголемиот годишен пад на продажбата во последните неколку децении, со постојаните ограничувања заради корона вирусот, во очекувае да закрепнат на почетокот на оваа година. Регистрациите на автомобили паднаа за околу 25 проценти минатата година во Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија, петте најголеми европски земји за […]

Пад на акциите на Твитер откако трајно го блокираше налогот на Трамп


САД – Вредноста на акциите на Твитер падна за повеќе од два проценти на Њујоршката берза веднаш по одлуката за трајно суспендирање на налогот на Доналд Трамп поради ризик од „понатамошно поттикнување на насилство“. Вредноста на акциите на таа компанија остана на скоро 50,2 американски долари, но нивната вредност падна за 2,4 проценти. Минатата среда, по […]

Земјоделците и откупувачите од Струмичко очекуваат уште една успешна сезона


Градинарите и откупувачите од Струмичко очекуваат да продолжат позитивните трендови на успешни производствени и откупни сезони и во 2021 година. Се согласуваат дека во изминатата сезона и покрај пандемијата од Ковид-19 откупот и пласманот течеа без проблеми, со исклучок на одделни градинарски култури. Според оценката на Ристо Велков од Сојуз на синдикати на земјоделци од […]

Бислимоски: Ќе се зголемат ингеренциите на РКЕ во делот на водни услуги


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со Предлог-законот за Комунален отпад, што е во крајна фаза на усвојување, ќе биде одговорна и за определување на цените на комуналниот отпад така што годинава ќе се зголемат нејзините ингеренции во делот на водни услуги, најави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Дополнително ние се […]

За нови линии годинава ќе бидат издвоени 1,1 милиони евра субвенции за авиокомпаниите


Македонската влада годинава ќе обезбеди 1,1 милиони евра субвенции за авиокомпаниите со цел тие да започнат нови линии кон земјата, пренесе EX-YU Aviation News. Порталот го цитира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој вели дека Владата ги гледа сите авиокомпании кои работат на македонскиот пазар како сериозни партнери за развој на воздушниот сообраќај […]

„Ербас“ лани испорача 566 авиони, за 34 отсто помалку отколку во 2019 година


„Ербас“ испорача 566 комерцијални авиони во 2020 година, што е  за третина (34 отсто) помалку од претходната година, како резултат на тешкотиите на авиокомпаниите предизвикани од пандемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА. Компанијата, исто така, забележа 268 нето нарачки (383 не сметајќи ги откажувањата и промените) во 2020 година, во споредба со 768 претходната […]

Шведската влада ќе може да затвора приватни компании за да спречи ширење на корона вирусот


Шведскиот Парламент денеска усвои привремен закон, кој и дава на Владата нови овластувања за да може да затвора приватни компании со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен изјави за телевизијата СВТ дека тој, со оглед на фактот дека епидемијата ќе продолжи уште некое време и дека не е познато […]

Тутунарите и натаму незадоволни, решение ќе бараат на нова средба со надлежните и откупувачите


Продолжува откупот на тутунот, а продолжувa и битката на тутунарите за реално купување на родот и преземање на вишокот тутун. Oд Сојузот на земјоделските здруженија на Македoнија и од Иницијативниот одбор на тутунарите најавуваат преговори и разговори во текот на наредната недела со владините институции и со откупувачите, што сметаaт, треба да го реши текот […]

Швајцарската централна банка очекува профит од 21 милијарда франци


Швајцарската централна банка (СНБ) денеска соопшти дека очекува нејзиниот профит во 2020 година да биде околу 21 милијарда франци (23,72 милијарди американски долари), што би значело дека е повеќе од преполовено во споредба со претходната година. Минатата година СНБ оствари профит од 13 милијарди франци од позиции во странски валути. Вредноста на 1.040 тони злато […]

Турција лани од извоз на лешници заработила речиси 2 милијарди долари


Турција во 2020 година извезе вкупно 280.924 тони лешници, со што оствари приходи од речиси две милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).  Турција, инаку, е најголемиот светски извозник на лешници, а приходот го остварила за четири месеци, меѓу септември и декември минатата година. Според податоците на Здружението за извоз на лешници и производи од регионот […]

Синдикалната кошница за декември 33.697 денари


Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2020 година изнесува 33.697 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според ССМ, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.078,27 денари или 41,78 отсто, на домување 10.817,34 денари или 32,10 проценти, на хигиена 2.386,07 денари или 7,08 отсто, на превоз 2.464,22 денари или 7,31 процент, на облека и […]

Зголемени трошоците на животот и цените на мало


Трошоците на животот во декември 2020 година се зголемени за 0,4 отсто, а цените на мало за еден отсто, во споредба со претходниот месец. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во 2020 година, во однос на 2019 година, бележат пораст од 1,2 отсто, а  цените на мало од 0,4  отсто. Во […]

Извозот за 11 месеци во 2020 година со пад од 9,9 отсто, увозот за 9,7 проценти


Извозот на стоки од земјава од јануари до ноември минатата година бележи пад од 9,9 отсто во однос на тој период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 5.970.157.000 американски долари, вредноста […]

Тутунарите преку отворено писмо бараат помош од Али Ахмети 


Тутунарите од Иницијативниот одбор денеска упатија отворено писмо до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со повик да ги поддржи тутунопроизводителите и да помогне во решавање на нивниот проблем со, како што велат, катастрофалниот откуп на тутунот. Игор Мирчески, еден од предводниците на тутунарите од ФБ Групата „Македонски тутунари“ и предводник на протестите, пишува дека без […]

Македонија со најмал трговски дефицит меѓу земјите од регионот, само Словенија во суфицит


Пандемијата со корона вирусот што го зафати целиот свет, вклучително и регионот на Југоисточна Европа, односно Балканот, влијаеше на обемот на надворешно-трговската размена, покажува анализата на Anadolu Agency (AA). Во некои земји се забележува пад на покриеноста на увозот со извоз, одредени земји ја искористија можноста и го зголемија извозот на штета на увозот, а […]

Бислимоски не очекува увозот да ја поскапи струјата на регулираниот пазар


Во овој момент не очекуваме зголемување на цената на електричната енергија и покрај намаленото производство од хидро капацитетите во државата, коешто, пред се, се должи на лошата хидрологија, поради што кон крајот на 2020 година имаше потреба од увоз, порачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за […]

Најдобри градови за работа од дома за 2021 година


Грција – Сѐ повеќе луѓе кои работат од дома поради пандемијата со Ковид-19, естонската престолнина Талин е најдобриот град во светот за работа од дома, според рангирањето на „Биг 7 травел“ (Big 7 Travel). Рангирањето на „Биг 7 травел“ е според различни фактори – прифатливи трошоци за живот, брзт Ви-Фи и удобни паркови и ресторани. Естонија […]

Графички регистар за улици и куќни броеви како вовед во современ адресен регистар


Во текот на годинава ќе се прибираат податоци за улици и куќни броеви во 21 општина, како дел од активностите што ги спроведува Катастарот за воспоставување графички регистар, којшто е основа за адресен регистар. Тоа е проект што треба да овозможи на брз и лесен начин да се пребарува и врши идентификација на улиците, зградите […]

Странските компании во земјава очекуваат опоравување од кризата во 2021 година


Прилагодливоста на опкружувањето и условите на глобално и локално ниво во текот на 2020 година дојдоа до израз и во работата на странските инвеститори присутни во земјава. Падот на производството се очекува да биде 20 до 25 отсто во однос на првобитниот план, оценува претседателот на Асоцијацијата на странски инвестиции, Виктор Мизо. Според него, 2020 […]