Пазар на органски производи во „Јавна соба“ – три саботи урбано шопинг доживување


Свежи органски домати, краставици, пиперки, рукола, зелка, компири, органски јаболков оцет, маџун и кашкавал, се само дел од палетата производи кои ќе може да се купат на првиот Пазар за органски производи – ПАЗАР.орг што се отвора денеска во 10 часот на зелената тераса на „Јавна соба“, а ќе се одржува и следните две саботи, […]

Инфлацијата во ЕУ 2,3 проценти, во еврозоната 2,0 отсто


Најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Грција, Малта и Португалија, а највисоки во Унгарија, Полска и Луксембург Стапката на инфлација во Европската унија изнесуваше 2,3 проценти на годишно ниво во мај, и 2,0 проценти во еврозоната, објави Европското биро за статистика Евростат. Инфлацијата од година на година во ЕУ беше 2,0 проценти во […]

САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во развојот на заедницата


„Рудник САСА“, преку новоформираната Фондација за поддршка на одржливиот развој, ја потврди својата намера да продолжи годишно да вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница. Ова беше соопштено на средбата на претставниците на менаџерскиот тим на САСА со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која по […]

Водородните машини на „Брако“ претставени во десетина градови во Франција


Десетина градови во Франција, многу средби, впечатоци и позитивни искуства донесе првата турнеја на зелените машини на велешки „Брако“ од линијата „Грин машинс“. Претставници на повеќе француски општини имаа можност во живо да се запознаат и да го тестираат револуционерното возило за одржување хигиена во урбани средини, GM500H2, кое работи на водороден погон и со […]

Инвестициите во човечкиот капитал ќе го забрзаат економскиот раст


Човечкиот капитал е во директна корелација со економскиот раст, односно преку раст на знаењата и вештините на граѓаните може да се делува кон забрзување на растот. Оттаму, еден од приоритетите во плановите и проекциите за заздравување и забрзан раст се инвестициите во човечкиот капитал, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на вебинарот организиран од Економскиот […]

КСС: Што поскоро да се одржи средбата со премиерот


– Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска, повикувајќи се на писмо од Светската конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати, соопшти дека овие две меѓународни синдикални организации се загрижени за нефункционирањето на социјалниот дијалог во земјава. – Од Светската и Европската конфедерација на синдикати многупати е упатено прашањето до премиерот, што се случува со […]

Прв ПАЗАР.орг – да купуваме здрави, локални производи, а не увезени кои „патуваат“ илјадници километри


Последниве десет години се дадени една милијарда евра субвенции во земјоделството, а производители има се помалку. Потрошувачите, пак, наместо да купуваат домашни, локални производи со висок квалитет, повеќе се насочени кон странските производи. Увезуваме храна од 1.000, 5.000, 10.000 километри далечина, иако неколку километри од нас се произведува висококвалитетна храна, беше речено на денешната прес-конференција […]

Европски заем од 10 милиони евра за Србија и Црна Гора за воздушниот сообраќај


Белгија – Европската инвестициска банка одобри заем од 10,3 милиони евра за Контролата на летање на Црна Гора и Србија за подобрување на квалитетот на воздушниот сообраќај во регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го соопшти денеска Европската инвестициска банка, објаснувајќи дека коридорите што ги контролира оваа служба на контрола на летање е клучна […]

АСО: Осигурителниот пазар порасна пет отсто, продажбата на полиси достигна 43,7 милиони евра


Кај класите неживотно осигурување растат вложувањата во осигурување имот, во приватното здравствено осигурување, осигурување финансиски загуби и во каско осигурување воздухоплови. Кај осигурувањето живот значаен раст на вложувања има кај осигурителниот производ „јунит линкд“ кој е поврзан со вложувања во инвестициски фондови при што инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот. Спорд податоците на Агенциата […]

ФЕД објави краен рок за зголемување на каматите – очекува поголема инфлација


Федералните резерви на САД (ФЕД) значително ги зголемија предвидувањата за инфлацијата за оваа година на седницата што заврши доцна синоќа и најави поблиска временска рамка во која ќе започне да ја зголемува каматната стапка. Сепак, американската централна банка не даде навестување за тоа кога ќе започне да ја намалува својата агресивна програма за купување обврзници, […]

Дијалог на стопанствата на Западен Балкан и ЕУ за побрза интеграција во единствен пазар


Европската комисија и Форумот за инвестиции на Западен Балкан (КИФ ЗБ 6) покренаа заедничка деловна платформа „ЗБ6-ЕУ“, што обединува бизнисмени од регионот и претставници на ЕУ со цел зајакнување на дијалогот и поддршка на економиите од Западен Балкан да се подготват за интеграција во европскиот единствен пазар. Тоа го соопшти српската Стопанска комора. Претседателот на […]

Преработувачката индустрија очекува да го зголеми производството


Раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија очекуваат поповолна состојба со обемот на производство во наредните три месеци во однос на претходниот месец. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2021, во однос на април 2021 година, е понеповолна, а залихите на готовите производи се […]

Избрани победниците од натпреварот за зелени бизнис идеи 2021


Здружението за социјални иновации „АРНО“ денеска ги прогласи победниците од натпреварот за зелени бизнис идеи 2021. За најдобри без избрани идеите: „Прва библиотека за играчки“ на Горјана Боневска, „О-круг: Производство на есенцијални масла и ароматизери од отпадни лушпи од портокал“ на Марија Бургиева и идејата „Мини Ирина Тошева“ на модната дизајнерка Ирина Тошева. Идејата на  […]

Нов производ на „Тиквеш“ – шприцер во лименка


Винарската визба „Тиквеш“ лансираше нов производ на пазарот, шприцер во лименка. Сржта на новиот производ е популарното бело вино „Смедеревка“, во идеална комбинација и сооднос кој традиционално се користи при подготовка на шприцер. „Во креирањето на овој нов производ се раководевме од нашата стратешка цел – следејќи ги пазарните трендови, постојано да нудиме иновативни производи […]

Неоснована е секоја поплака за еколошкaта такса од 3,5 денари, смета Заев


И со дополнителната еколошка такса од 3,5 денари која ќе се влева исклучиво во Буџетот, нафтата ќе биде најевтина во Северна Македонија. Секоја поплака на ова поле не држи вода, само покажува решителност на Владата да чекори во правец на зелената агенда, порача денеска премиерот Зоран Заев. Тој е дециден дека еколошката такса од 3,5 […]

Деспотовски: Меѓународна ревизорска куќа да изготви документ за инвестиците трошоци во Северна Македонија


Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, денеска одржа јавна дискусија на тема „Јасни правила и дефиниции за подобни инвестициски трошоци и поефикасен систем за исплата и следење на државната помош“. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, во изјава за медиумите рече дека со Советот за странски инвеститори и со претставниците на компаниите е дискутирано како да се […]

Бектеши – Качка: Ќе се извезуваат македонски производи без царина во Украина


Со многу конструктивни предлози од двете страни, кои ја одразуваат заедничката желба да се зајакне и продлабочи билатералната економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Украина заврши Третата седница на меѓувладината комисија по Договорот за македонската влада и украинската влада за трговска и економска соработка со која преседаваа министерот за економија Крешник Бектеши и […]

Премиерот Заев е убеден дека струјата нема да поскапи


Премиерот Зоран Заев е убеден дека струјата нема да поскапи, а за да се ублажи растот на цената на електричната енергија условена од целосната либерализација на пазарот, од 1 јули, како што соопшти, ДДВ-то за струја ќе се намали од 18 на пет проценти. Заев напомена дека од 1 јули 2021 до 1 јули 2022 […]

Инвестиција од 70 милиони евра и 100 нови вработувања – потпишани договорите за фотоелектраната во Осломеј


Инвестиција од 70 милиони евра која предвидува 100 нови вработувања, ќе биде фотонапонската електрана во Осломеј од 100 мегавати за чија изградба денеска и официјално беа потпишани договорите меѓу „АД ЕСМ“, „Фортис енержи електрик“ од Турција и со „Солар про“ од Бугарија. Реализацијата на овој проект ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, а електраната […]

Германската фирма „Впд“ ќе вложи 500 милиони евра за изградба на ветерни електрани во Македонија


Паркот на ветерни електрани треба да се гради во месноста Вирови кај Куманово и треба да има моќност од дури 400 мегавати. „Впд“ поднесла барање до владата за одобрување на статус на стратешки проект   Германската фирма „Впд“ (Wpd) планира да изгради парк со ветерници со моќност од дури 400 мегавати во Македонија што би […]