Повисоките акцизи за транспортерите се товар, за Буџетот – неопходност


Кризата од корона вирусот во САД резултираше со енормни вишоци сурова нафта на пазарот, кај нас пак, со голема дупка во Буџетот која треба да се пополни Мирче Јовановски Дента кога во светот главна вест беа негативните цени на суровата нафта во САД, кај нас таа беше потисната од зголемувањето на акцизите за нафтените деривати …

Повисоките акцизи за транспортерите се товар, за Буџетот – неопходност Read More »

Поскапите акцизи ќе важат до крајот на годинава, во новата цена на бензините вградена и повисоката давачка


Зголемените акцизи за три денари ќе важат речиси до крајот на оваа година, произлегува од Уредбата со законска сила што е објавена во Службен весник. „Оваа уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба“, стои во Уредбата. Имајќи предвид …

Поскапите акцизи ќе важат до крајот на годинава, во новата цена на бензините вградена и повисоката давачка Read More »

Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 проценти. Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52 денари по …

Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари Read More »

Макпетрол: На кого во државата му одговара криминалот со „црвената нафта“?


Макпетрол АД , јави Телма, ја поддржува одлуката на Владата за покачување на акцизата на нафтените деривати, како една од пакетот антикризни мерки за стабилизирање на буџетот на државата. -Во овие моменти потребно е секоја индустрија да излезе со поддршка за спасување на економијата. Сметаме дека секој треба да покаже солидарност и да преземе дел …

Макпетрол: На кого во државата му одговара криминалот со „црвената нафта“? Read More »

Депозитите повисоки за 8,3 отсто, а кредитите за 5,8 отсто во првиот квартал годинава


Растот на депозитите и на кредитите на крајот на првиот квартал годинава останува солиден. Податоците на Народната банка покажуваат годишна стапка на раст на депозитите од 8,3 отсто, а на кредити е 5,8 отсто.  Според објавените податоци, кај депозитите е забележано раст и кај корпоративнот сектор и на секторот домаќинства, а кај кредитите поизразено е …

Депозитите повисоки за 8,3 отсто, а кредитите за 5,8 отсто во првиот квартал годинава Read More »

Нето-платата во февруари 27.206 денари


Просечната месечна исплатена нето плата по работник во февруари годинава изнесува 27.206  денари и бележи раст од 12,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државиот завод за статитика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности за 20,1 отсто, уметност, …

Нето-платата во февруари 27.206 денари Read More »

Акцизата на нафтените деривати се зголемува за три денари, одлучи Владата


Акцизата на нафтените деривати се зголемува за 3 денари а сите средства ќе одат во Буџетот, односно во фондот за справување со коронавирусот, соопшти портпаролот на Владата, Муамет Хоџа. Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со корона вирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, …

Акцизата на нафтените деривати се зголемува за три денари, одлучи Владата Read More »

Секоја четврта фирма очекува пад на производството поголем од 50 отсто


Само седум отсто од фирмите во Македонија очекуваат дека овој месец (април) ќе работат нормално, наспроти 16 отсто во март, односно дека ќе го задржат обемот на производството, покажува анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Македонија. Анкетата беше спроведена од 7 до 14 април 2020 година. Станува збор за второ истражување на Стопанската комора …

Секоја четврта фирма очекува пад на производството поголем од 50 отсто Read More »

Ако беа чудни негативните камати, што да се каже за негативната цена на нафтата


Ако мислевте дека негативните банкарски стапки се нешто чудно, што ќе кажете за цената на нафтата за барел од околу минус 37 долари? Тоа реторичко прашање е поставено во редакциска колумна на „Волстрит журнал“ по повод очекуваните нивоа на цени за нафта за договори за фјучерси за снабдување во мај. Со други зборови, таквиот договор …

Ако беа чудни негативните камати, што да се каже за негативната цена на нафтата Read More »

Ричард Бренсон нуди остров за да си ја спаси авиокомпанијата


Сер Ричард Бренсон, еден од најбогатите луѓе во Велика Британија изјави дека ќе го заложи својот приватен карписки остров со цел да ја убеди британската Влада да ја спаси неговата авиокомпанија „Вирџин Атлантик“. Бренсон  во отворено писмо до вработените во авиокомпанијата напиша дека не и понудил на британската Влада подарок, туку понуда за комерцијално позајмување. …

Ричард Бренсон нуди остров за да си ја спаси авиокомпанијата Read More »

Тутунарите по азбучен ред ќе ги подигаат субвенциите од банките


Тутунопроизводителите денеска ќе можат да ги подигнат парите за субвенциите во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општините во коишто живеат, согласно утврдениот распоред по азбучен ред според првата буква од презимето. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанств информираат дека денека парите ќе може да си ги земат тутунарите …

Тутунарите по азбучен ред ќе ги подигаат субвенциите од банките Read More »

Сликата на пазарот на нафта не е толку мрачна како што изгледа – еве зошто


Нешто што никогаш не се случило на пазарот на сурова нафта се случи денес: негативни цени на терминските договори за нафта. Додека многу од луѓето можеби помислија дека целокупната цена на нафтата е негативна, има нијанси. Краткиот одговор е: „Не“, сета нафта не е бесплатна. Сликата на пазарот не е толку мрачна како што можеби …

Сликата на пазарот на нафта не е толку мрачна како што изгледа – еве зошто Read More »

Цената на нафтата во минус за прв пат во историјата на САД


Цената на нафтата, за прв пат во историјата на САД е во минус, јави Си-Ен-Ен. Цената на референтниот американски нафтен бренд West Texas Intermediate (WTI) денес падна на минус 37 американски долари за барел. Причината за ова е недостигот на складови за нафта која на пазарот сега се нуди многу повеќе отколку што има побарувачка. …

Цената на нафтата во минус за прв пат во историјата на САД Read More »

Евтината нафта ги повлече надолу и валутите


Падот на цената на нафтата на светските берзи ја намали вредноста на некои валути како руската рубља, индиската рупија и канадскиот долар, јавија светските медиуми. На девизните пазари еден американски долар денес се разменуваше за 75 рубљи, додека едно евро чини 81,2 рубљи. Иако цената на руската нафта „Јуралс“ не се намали така драстично како …

Евтината нафта ги повлече надолу и валутите Read More »

Шпанскиот БДП би можел да потоне до 12,4 отсто


Економијата на Шпанија може да забележи поголем пад поради пандемијата отколку по последиците од финансиската криза, предупреди Централната банка. БДП би можел да се намали и до 12,4 проценти, со уште помалку драматично сценарио кое предвидува подлабок пад на активноста отколку по последиците од светската финансиска криза 2008/2009 година. Најверојатниот пад е 9,5 проценти, забележуваат …

Шпанскиот БДП би можел да потоне до 12,4 отсто Read More »

Цената на нафтата најниска во последните дваесетина години


Цената на нафтата на берзата во Њујорк падна на речиси 11 долари за барел, што е  најниска цена од 1998 година. Со тоа продолжи падот од скоро 40 отсто поради намалувањето на производството, но и пандемијата на коронавирусот. Причина е недостигот на капацитети за складиштење на големите нафтени резерви кои настанаа по падот на побарувачката.

Корона кризата ги „стопи“ приходите во општинските буџети


Општините бележат пад на приходите во буџетите од крајот на март е оценката на градоначалниците од источниот регион. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочаврски потврдува дека има осетно намалување на приходите, а особено во ставката на даноците. Анализите колку се намалени средствата во буџетот ќе ги прават наредната недела, но смета дека во прашање нема …

Корона кризата ги „стопи“ приходите во општинските буџети Read More »

Мерките поради корона вирусот ја чинеа француската економија 120 милијарди евра


Осумте недели на мерки на ограничување поради коронавирусот ќе предизвикаат загуби од 120 милијарди евра за француската економија, додека „присилната заштеда“ е 55 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз. Овие предвидувања ги даде француската опсерваторија за економска коњуктура (ОФЦЕ) во студијата објавена денеска. Таа своите предвидувања ги потпира врз намалувањето на БДП за …

Мерките поради корона вирусот ја чинеа француската економија 120 милијарди евра Read More »

Ангеловска-Бежоска: Не се очекува пораст на стапката на инфлација  


Не се очекува пораст на стапката на инфлација. Очекувањата за движењата на цените на примарните производи до крајот на годината се коригирани надолу. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за неделникот „Капитал“. Во првите три месеци од оваа година, исто како и минатата, стапката на инфлација е релативно ниска и …

Ангеловска-Бежоска: Не се очекува пораст на стапката на инфлација   Read More »

Во Словенија повторно се отвораат продавници и мали бизниси


Во Словенија од денеска, по повеќе од еден месец, повторно се отворени повеќе продавници, салони и сервиси, јави дописникот на МИА од Љубљана. Словенците уште утрово, почитувајќи ги сите мерки, со заштитни маски и држејќи соодветна раздалеченост, ги наполнија салоните за мебел и продавниците за градежен материјал. Според планот на властите, оваа недела се отвораат …

Во Словенија повторно се отвораат продавници и мали бизниси Read More »