Турски инвеститори заинтересирани за индустриската зона во Новаци


Претставници од Стопанската комора за трговија и индустрија Сакариа од Турција, остварија средба со градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски и изразија интерес за отворање претставништва во iндустриската зона-Новаци и производни капацитети од лесна незагадувачка индустрија. Градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски смета дека индустриската зона-Новаци има голем потенцијал и дека странските инвестиции ќе донесат […]

Турски компании заинтересирани за инвестиции во земјоделството, пречка Договорот за слободна трговија


Турските инвестиции во земјава надминаа една милијарда евра, но има потенцијал за натамошни вложувања особено во обновливи извори на енергија. Интензивно се работи и на ажурирање на Договорот за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Република Турција, особено во секторот земјоделски производи, свежо овошје, зеленчук и преработена храна. Ова беше речено на денешниот форум што […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 220 амандмани на Предлог-буџетот за 2022 година


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани и ќе учествува на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која денеска треба да почне разгледување на Предлог-буџетот за 2022 година. Ќе учествуваат и на пленарната седница на која ќе се носи биџетот, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. -Поднесовме околу 220 амандамни […]

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува


Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 […]

Кој ја чисти Владата за 4 милиони евра, МВР за 3,4 милиони, Пошта за 770.000 евра


Верувале, или не, ама од чистење и од тековно одржување, односно од она што народски кажано го прават хаус-мајстори, може да се направат големи пари. Десетте најголеми компании кои се со шифра „останати дејности на чистење на згради и објекти“, лани направиле вкупен приход од 16,3 милиони евра (2,2 милиони евра повеќе отколку во 2019 […]

Струјата се продава за над 200 евра мегават/час во речиси цела Европа


Речиси во цела Европа цената на струјата надмина 200 евра за мегават/час, покажуваат податоците на платформата Енерџилајв на вчерашното затворање на европските енергетски берзи. Зделките имаат датум на испорака до денеска. Најскапа струја денеска има во Грција – 241,3 евра за мегават/час. Потрошувачите во Романија и Унгарија плаќаат 228,79 евра за мегават/час. Најевтина струја повторно […]

Предлог-буџетот за 2022 од денеска пред пратениците во Собранието – ќе има ли кворум


Во Собранието денеска треба да почне расправата по Предлог-буџетот за 2022 година. Според објавата на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет закажана во 11 часот, а потоа треба да биде разгледан и на Законодавно-правната комисија. Сепак, поради актуелната политичка состојба во земјава, по минатонеделниот […]

Во Унгарија од денеска цените на горивата не можат да надминат 1,31 евро за литар


Унгарската влада од денеска воведува „плафон“ на цените на горивата за да ги заштити потрошувачите од наглото зголемување на цените и да ја ограничи инфлацијата, која достигна најбрзо темпо од 2012 година. За тримесечен период од 15 ноември, цените на бензините и на дизелот не можат да надминат 480 форинти (1,31 евро) за литар на […]

На валутните пазари вредноста на доларот се намали


На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна, откако минатата недела порасна за речиси еден отсто и го достигна највисокото ниво во изминатите 16 месеци. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 95,02 поени, додека во петокот […]

Србија размислува да го зголеми лимитот на осигурени депозити во банките на 100 илјади евра


Србија во моментов ги осигурува заштедите во банките во износ до 50.000 евра, но во некои од следните измени во законот се размислува за зголемување на износ до 100.000 евра, колку што е во земјите од ЕУ. Ова го изјави претседателот на Управниот одбор на Агенцијата за осигурување на депозити и претседател на белградската банкарска […]

„Опен Балкан ИД“ за слободен пристап до пазарот на трудот и олеснување на трговијата на Западен Балкан


Делегација на Северна Македонија предводена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски учествуваше на дводневниот работен состанок во Ниш, на кој се работеше на подготовка на сите предуслови за ефикасна имплементација на договорите што ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар. Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот […]

ТИРЗ со мерки за штедење на електрична енергија


Дирекцијата на Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) започна со редукција на уличното осветлување во делови од ТИР Зоните низ државата, а целосно се исклучени и надворешните светлечки табли во Дирекцијата, како придонес во надминувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор. Како што соопшти Дирекцијата на ТИРЗ, редуцирањето на уличното осветлување се прави во соработка и консултација […]

Шахпаска: Новиот Закон за работни односи нуди модерни решенија во интерес на работниците


Новиот Закон за работни односи ќе понуди модерни решенија што се во интерес на работниците, пишува министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. – Овој Закон прецизно ќе ги уредува договорите на определено време, чие времетраење ќе биде драстично променето, сезонската работа целосно ќе одговори и на потребите на работодавците, односно ќе им гарантира […]

Што всушност беше договорено на климатската конференција на ОН?


На климатската конференција на ОН, COP26, во саботата, преговарачите постигнаа договор за правилата за тргување со јаглерод и потенцијално го отворија патот за инвестиции од билиони долари во заштита на шумите, постројки за обновлива енергија и други проекти за борба против климатските промени. Конечниот договор, усвоен од речиси 200 земји, ќе го имплементира членот 6 […]

Бесими: Префрлени се четири милјарди денари на ЕСМ за обезбедување на дополнителни количества струја


Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека се преземаат соодветни чекори за ублажување на последиците од енергетската криза. Од Буџетот за 2021 година веќе се префрлени четири милијарди денари на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за обезбедување дополнителни количества електрична енергија, вклучително и балансна енергија. – Во насока на ублажување на последиците од оваа […]

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска на БББ, најдобар до сега


Агенцијата „Фич“ го подигна кредитниот рејтинг на Хрватска за едно ниво, од „БББ-“ на „БББ“, со позитивна перспектива, забележувајќи напредок во подготовките за членство во еврозоната и силно закрепнување на хрватската економија од пандемиската криза, пренесоа хрватските медиуми. Ова е најдобриот кредитен рејтинг во историјата на Република Хрватска. „Фич“ проценува дека и покрај пандемскиот шок, […]

Димитар Николоски: Неопходна е контрола на цените на енергенсите, минималната плата треба да се зголеми


Во состојба на повеќе кризи во земјава: двегодишната пандемиска, енергетската и од неодамна, политичката криза, неопходна е грижа за економските текови. Треба да се интеренира во стабилизација на цените на енергенсите, да се бараат алтернативни и да се внимава на пазарот на трудот, вели Димитар Николоски, професор на Економскиот факултет во Прилеп, експерт за пазар […]

Португалија им забрани на шефовите да испраќаат мејлови на вработените надвор од работното време


  Компаниите со повеќе од 10 вработени може да се соочат со казна доколку контактираат со вработените надвор од времето наведено во нивните договори за работа. Донесени се и нови правила за далечинско работење на работниците со деца. Родителите можат да работат од дома без временско ограничување, без да бараат дозвола од нивните работодавци, додека […]

Дединец: Електрична енергија има, но е многу скапа


Електрична енергија има, но е многу поскапа. Ако во јануари цената се движеше меѓу 24 и 40 евра за Мегават час, во октомври порасна на 100-200 евра, рече во емисијата Стадион на Канал 77, Александар Дединец од МАНУ. Дединец направи анализа на факторите за кризата, при што се наврати на состојбата со енергијата во периодот […]