Mеѓународен саем во Тирана, прв пат заеднички настап на фирмите од регионот


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) Бранко Азески, заедно со потпретседателката на Комората Елена Милевска Штрбевска учествуваа на отворањето на меѓународниот саем во Тирана на кој на заеднички штанд во организација на КИФ учествуваше 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан. Како што информираат од Комората, […]

„Slow Wine салон 2021“ денеска и утре во Битола


Во Битола денеска и утре ќе се одржи настанот „Slow Wine салон 2021“, што има за цел да ги презентира и промовира производителите на вино, кои ќе ги презентираат нивните вински приказни и ќе понудат дегустација на вина.  Ова е трето издание на „Slow Wine салон“, на кое учество ќе земат над 30 производители, пет дестилерии и […]

Ковачевски: Државата нема да дозволи ценовен шок


Триесет години не е инвестирано во македонскиот енергетски сектор. Нашите капацитети се стари, од поранешна Југославија. Но, државата има механизми да спречи ценовен шок, како и финансиски средства во Буџетот со кои ќе ја менаџира кризата, вели заменик-министерот за финансии и кандидат за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Во гостување на ТВ Сител, Ковачевски повтори […]

Кина му даде дозвола за летање на авионот „Боинг 737 макс“


Кинеските власти денеска му дадоа дозвола за летање на  технички надградениот авион „Боинг 737 макс“, по повеќе од две години откако моделот беше приземјен низ светот поради две фатални авионски несреќи. Кина е последниот голем пазар од кој „Боинг 737 Макс“ чекаше одобрение, откако САД дадоа дозвола за летање во декември 2020 година, а Европската […]

ЕК казни пет банки, картелски тргувале со девизи и со инсајдерски информации


Европската комисија им изрече казни на пет банки за нелегално картелско здружување во тргување со девизи. Швајцарската UBS, британската Barclays, Royal Bank of Scotland (RBS), HSBC и Credit Suisse се казнети со вкупно 344 милиони евра (390 милиони долари), соопшти денеска ЕК, пренесува CNBC. Истрагата, која се фокусираше на тргување со валутите на земјите и […]

Проблемите во автомобилската индустрија се одразија и кај дел од капацитетите во ТИРЗ


Дел од компаниите од автомобилската индустрија во зоните во државава почувствуваа последици од намалувањето на продажбата на автомобили во октомври годинава и затворањето на производствените капацитети на големите производители, а дел не, потврди директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски. -Различни се искуствата. Комуницираме редовно со компаниите од автомобилската индустрија, бидејќи претставуваат значаен дел од […]

ЕУ изгубила 134 милијарди евра од ДДВ поради евазија во 2019


Последната студија на службите на Европската комисија пресметала дека земјите членки на ЕУ во просек изгубиле 134 милијарди евра приходи од ДДВ во 2019 година поради „фискална оптимизација“. Поради фискална евазија, но и административни грешки при пресметки ги чинат земјите членки значајни приходи, Европската комисија бара таргетирани и ефикасни политики за да се одговори на […]

Компаниите или вработените – кој имаше поголема корист од работењето на ТИРЗ во изминатите 10 години


Анализа на ефекти од инвестиции во ТИРЗ: Компаниите во ТИРЗ растат, има потенцијал за поголема добивка за граѓаните и државата Сите компании кои се активни во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) оствариле континуиран раст во изминатава декада и постојано растат. Раст има и на бројот на работни места, платите и уплатите во Буџетот на државата, […]

ЦЕФТА го промовираше проектот „SEED+“ за поефикасен трговски процес


Претставници на царинските, фитосанитарните и ветеринарните служби на страни потписнички на ЦЕФТА, Европската комисија и Италијанската царина, кои се и партнери на проектот за електронската размена на податоци „SEED“, на состанокот во Будва ја промовираа надградената верзија „SEED+“. Како што посочија претставниците, оваа верзија дополнително ќе ја зголеми ефикасноста и ќе ги поедностави процедурите. Во […]

Објавен јавен повик за кредитокорисниците на ,,Ковид 3” за дополнителен грејс период од 12 месеци


Развојна банка соопшти дека објави јавен повик со кој им се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци. Согласно јавниот повик, компаниите имаат рок од 10 дена да поднесат електронско барање до банката, кое може да […]

Викендов ќе се одржи Фестивал на италијанска храна во Скопје со богата и забавна програма


Фестивалот на италијанска храна во Скопје ќе се одржи на плоштад Македонија, на 04 и 05 декември, во организација на Амбасадата на Република Италија и ИТА- Italian Trade Agency Skopje, соопштија организаторите. Настанот на отворено со кој се одбележува 6-тата Недела на италијанската кујна во светот е со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна […]

Даночната политика да поддржи одржливо финансирање


Фирмите во приватниот сектор да ги прилагодат своите основни бизнис модели со тоа што ќе ги инкорпорираат стандардите за добро, еколошко, општествено и корпоративно управување е препораката што денеска беше упатена на годишната конференција на Обединетите нации „Финансирање на целите за одржлив развој во Северна Македонија“. Марјан Петрески, професор на УАКС и економист во Finance […]

Србија: Цената на струјата за компаниите повисока за 170 насто


Поради поскапувањето на струјата за стопанството за 2,7 пати, дел од српската економија ќе запре бидејќи нема да може да го издржи тој притисок, а други тој трошок ќе го вградат во цените на финалните производи, предупреди претседателот на српскиот бизнис клуб „Привредник“ и сопственик на „Поинт груп“ Зоран Дракулиќ и порача дека тоа земјата […]

Цените на храната на светските берзи растат четврти месец по ред, достигнаа 10 годишен максимум


Цените на храната на светските берзи се зголемија во ноември, четврти месец по ред и остануваат на највисоко ниво во последните 10 години, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Причина за продолжувањето на поскапувањето е зголемената побарувачка на пченица и млечни производи.  Просечната вредност на индексот на цените на храната на […]

Во третиот квартал 8.595 слободни работни места, од нив 2.550 во услужни дејности и продажба


Во третиот квартал годинава имало 8.595 слободни работни места, а најголем број, 2.550, се во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба. Како што објави Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,69 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 3,32 проценти има во […]

Турскиот министер за финансии поднесе оставка поради спорот околу каматите


Сите што се против намалувањето на каматните стапки, што е наредба на Ердоган, си заминаа. Љутфи Елван е последниот од нив   Турскиот министер за трезор и финансии Љутфи Елван поднесе оставка на својата функција во текот на ноќта во средата поради несогласувањата во владата околу намалувањето на каматните стапки кои донесоа рекордни загуби за […]

Цената на кесите да се зголемува постепено, бараат производителите на пластични маси


Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана неопходен е системски пристап и инклузивност на процесот на носење на одлуки со вклучување на сите засегнати страни, како и предвидување на соодветен период на прилагодување кон новите законски решенија. Секој друг пристап нема да […]

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот The Banker


Исклучителноста на предизвиците наметнати од пандемијата и постигнатиот успех во 2021 година нѐ прават горди на наградата „Банка на годината“ како никогаш досега, велат од Комерцијална банка  Оваа престижна награда магазинот The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред Комерцијална банка е прогласена за „Банка на годината во Северна Македонија“ по […]

Четири сценарија: Како Омикрон ќе влијае на економијата


Ќе бидат потребни денови, па и недели експертите да ја проценат сериозноста на новата варијанта на корона вирусот Омикрон, но во меѓувреме, економистите на Голдман Сакс (ГС) проценија четири можни исходи и нивното последователно влијание на пазарот. Во првото „надолно“ сценарио, Омикрон се пренесува побрзо од Делта сојот и исто така повеќе го избегнува имунитетот […]

Стопанската комора на Северна Македонија прогласена за дигитален шампион за 2021 година


Светската трговска организација, Меѓународната стопанска комора и Меѓународниот центар за трговија ја прогласија Стопанската комора на Северна Македонија за дигитален шампион за 2021 година. Наградата „Дигитален шампион“ Комората ја доби за Проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење. Потпретседателката на […]