Црногорската полиција заплени два тона хашиш


Црногорската полиција заплени два тона хашиш во рамки на меѓународна акција која самата ја иницирала, јавија локалните медиуми. За шверц со дрога се осомничени 11 членови на организирана криминална група, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи. Со помош на информација до која стигнала црногорската полиција, во меѓународна акција координирана од американската Агенција против дрога ДЕА […]

Борисов: Се чувствува нов дух на соработка со Македонија


Благоевград – Само една година откако го потпишавме Договорот за пријателство, соработка и соседство, веќе се чувствува позитивен резултат во нашите заемни односи, изјавил премиерот на Бугарија Бојко Борисов за време на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во Благоевград, каде што се одбележуваат 115 години од Илинденското востание. Повикувајќи се на прес-службата на бугарската […]

Од 1 јануари нема да постои границата меѓу Косово и Албанија


Албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко им порача на граѓаните на Косово дека од 1 јануари 2019 меѓу Косово и Албанија нема да има граница, јави дописникот на МИА од Приштина. Мајко, кој синоќа во градот Скендерај, во централно Косово, присуствуваше на манифестација посветена на косовската дијаспора, рече дека албанскиот премиер Еди Рама веќе има […]

Уапсен уште еден пироман во Атика


Ми се допаѓа да потпалувам и да ги гледам пожарникарите како трчаат да ги изгасат пожарите, наводно рекол, според грчките медиуми, 35-годишниот маж кој беше уапсен за подметнување пожари во општината каде што загинаа најмалку 90 лица. Веројатно е дека уапсениот не е поврзан со катастрофалниот пожар во понеделникот, туку потпалувал во следните денови, односно […]

Тачи: Корекција на границата со Србија може, размена на територии не


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска повтори дека е отворен да разговара за корекција на границата со Србија, но не и за размена на територии. Тачи рече дека таквата поделба е „неприфатлива” за него, но дека Прешевската долина сепак треба да стане дел од Косово. – Тоа што Србија бара поделба на Косово нема да биде […]

Лажни полицајци ограбиле мигранти во Сараево


Сараевската полиција вчера и денеска уапси пет лица, кои се товарат за напад на мигранти и грабеж, кој го извеле така што исценирале полициска заседа. Четири мажи и една жена се приведени откако било пријавено дека неколку вооружени лица, облкечени во униформи слични на полициските, во ноќта меѓу понеделник и вторник во близина на Сараево […]

Харадинај во Бонстил: Изјавите за поделба на Косово се само шпекулации


Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај го посети денеска кампот на американските трупи во Косово, Бондстил, од каде што порача дека „изјавите на српски свештеници дека постои план за поделба на Косово“ немаат никаква основа и се само шпекулации. Харадинај денеска во Бондстил се сретна со командантот на кампот, Ник Дучиќ, кому му изрази благодарност за приоднесот […]

Ќе се уриваат над 3.000 дивоградби во областа Атика


Според Министерството за животна средина на Грција, во децентрализираната администрација на Атика постои листа со 2.500 дивоградби во шума, но и 685 дивоградби на брегот, кои според препораките на катастарските шумските служби треба да се урнат, изјави портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос. По катастрофалните пожари минатиот понеделник со над 90 жртви, во Грција се […]

Јадранскиот брег останува под црвен метеоаларм


Хрватската метеоролошка служба денеска, втор ден по ред, прогласи црвен метеоаларм на целото јадранско крајбрежје – од Истра до границата со Црна Гора – и жолт аларм во околината на Осијек. Се очекува температурите денеска да стигнат до 35 степени. Во сооопштението се наведува дека денеска хрватскиот брег на Јадранското Море ќе биде еден од […]

Деветмина повредени во пожар во Земун


Девет лица се повреден во пожар што избувна синоќа во белградската општина Земун. Белградската службата за Брза помош информираше дека помош им била пружена на седуммина пожарникари кои „се надишале чад“, а еден од нив се здобил и со изгореници, но е вон животна опасност. Уште две други лица, исто така, се жалеле на гушење […]

Пожар на Закинтос, брзо се шири поради ветерот


Пожар избувна синоќа на грчкиот остров Закинтос, кој брзо се проширил благодарение на силниот сув ветер. Како што јави грчката агенција АНА-МПА, пожарот започнал во селото Каламаки и се шири со два огнени фронта. Во гаснењето на пожарот учествуваат поголем број пожарникари, на кои од воздух им помага и хеликоптер.

Мета му објави „војна“ на Рама, не потпиша уште еден закон


Албанскиот претседател Илир Мета, само неколку дена откако го врати непотпишан законот за „Националниот театар“ параф не стави на уште еден закон. Преку соопштение, претседателскиот кабинет објави дека на повторно разгледување во парламентот се враќа Законот за данок на добивка. Во образоложението на аргументите зошто не го потпишува законот, меѓу другото, стои дека измените на […]

Хaрадинај наложи да се платат 30 тегли мед на продавач кому ветрот му ги скрши на пазар


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај наложи од буџетски средства да му се исплатат 30-те тегли мед на еден производител, кому силниот ветар денеска му ги урна од тезгата и се искршија во центарот на Приштина. На малиот, мобилен пазар, на плоштадот „Мајка Тереза“ во косовскиот главен град, домашни производители два пати во текот на неделата имаат […]

Тачи: Нема сила што ќе не принуди да разговараме за поделба на Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска реагираше на гласините дека во финалната рунда на дијалогот со Србија ќе се разговара за поделба на Косово и за размена на територии, катеогрички порачувајќи дека нема да има делба на Косово и дека нема да се прифати ниту да се разговара за такво нешто. – Како претседател на државата […]

Србија: Или кирилица или казна до 9.000 евра


Новиот српски закон предвидува дека кирилското писмо ќе има апсолутна предност над латинското. Ова писмо ќе треба да го користат државните органи, медиумите, фирмите, образовните и научните институции. Досега кирилското и латинското писмо беа подеднакво застапени. Српската влада ќе формира Совет за српски јазик, чија задача ќе биде да се грижи за почитување на официјалната […]

(Фото) Во Атина одржан собир во чест на жртвите во пожарите


Со свеќи во рацете и со едноминутен молк, тивко, мирно, Грци од сите возрасти се собраа на атинскиот плоштад Синтагма пред грчкиот парламент и пред споменикот на незнајниот јунак за да им оддадат почит на жртвите од пожарите. Со свеќите формираа срце, а во него бројките 23 и 7 односно датумот на катастрофалните пожари-23 јули, […]

Собир во центарот на Атина за жртвите во пожарите


„Едно извини од нас, до сите вас таму горе“ е настанот организиран преку социјалните мрежи од поранешниот грчки кошаркар Јанис Гагалудис кој ги повикува граѓаните вечерва во 21 часот со свеќи во рацете мирно и тивко да се соберат на плоштадот Синтагма во центарот на Атина за да им оддадат почит на жртвите во катастрофалните […]

Поднесена прва приватна тужба против одговорни за пожарот во Грција


Пензиониран офицер од морнарицата на Грција поднесе прва приватна тужба против лица одговорни за големиот пожар што ја погоди источна Атика на 23 јули. Панајотис Стаматис поднел тужба против сите одговорни вклучително и министри, вработени во министерства, официјални претставници на Атика и други. Побарал од судовите да испитаат дали може да бидат поднесени тужби  за […]

Нова снимка од пожарите во Атина: Луѓето бараат спас во морето


Во пожарите во Грција повеќе од 90 лица ги загубија своите животи, а бидејќи сѐ уште голем број се водат како исчезнати, бројот на жртвите би можел да биде уште поголем. Токму за големината на катастрофата што ја погоди Атина сведочи снимката што се појави во медиумите, која ги покажува очајничките обиди на луѓето пробувајќи […]

Независната истрага не ја утврди причината за исчезнувањето на летот МХ370


Група независни експерти кои беа ангажирани да ја испитаат судбината на исчезнатиот лет на „Малезија Ерлајнс“ МХ370 од 2014 година од Куала Лумпур до Пекинг, соопштија дека не успеале да ја откријат причината за несреќата. – Тимот не ја утврди вистинската причина за исчезнувањето на летот МХ370, изјави првиот човек на групата Кок Су Чон. […]