Харадинај: Со Могерини како посредник, ЕУ не е неутрална во преговорите меѓу Косово и Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај одговори денеска на вчерашното писмо од Брисел, обвинувајќи ја експлицитно високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини дека, како посредник во преговорите меѓу Косово и Србија, со нејзината едностраност, го попречува постигнувањето договор за нормализација на односите меѓу двете земји. Харадинај, во писмото што го објави […]

Заканувачки телефонски повик до Коѕијас: Ќе те егзекутираме


Заканувачки телефонски повик добил денеска поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕиајс поради неговиот предлог за контрола на тајните фондови, соопштуваат од неговото движење „Прато“. Радиото „Њуз247“ откри дека непознат маж му порачал на Коѕијас дека ќе биде егзекутиран. – Познатите – непознати, парадржавата на политичкиот живот, денеска телефонски му се заканија на […]

(ВИДЕО) Инцидент во албанскиот парламент: Рама нападнат со јајца


Седницата во албанскиот парламент денеска на кратко беше прекината бидејќи пратеникот Ендри Хаша од опозициска партија со јајца го гаѓаше премиерот Еди Рама, кој во моментот држеше говор во парламентот. Фотографијата, на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца, ја објави и поранешниот премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост […]

Атина ја предупреди Анкара


Началникот на Генералштабот на грчката Армија, Евангелос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција е решена да одговори во случај на „ескалација на турските провокации“. Апсотолакис, на средба со грчките новинари, ја истакнал оперативната способност и подготвеност на Армијата на Грција во случај да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. Според „Катимерини“, во случај на […]

Албанија протера двајца ирански дипломати, биле закана по безбедноста на земјата


Албанија одлучи да прогласи за непожелни и да протера двајца дипломати од амбасадата на Исламската Република Иран за кои се сомнева дека се вклучени во активности кои се закана по безбедноста во земјата. Веста, која ексклузивно ја пренесува тиранската телевизија Топ чанел, ја потврдила и портпаролката на албанското Министертво за Европа и надворешни работи. Според […]

Албанија: Кривични пријави за 80 функционери поради корупција


Во последните две недели во Албанија се евидентирани 55 кривични дела за корупцијата и злоупотреба на службената положба од страна на носители на јавни функции. Министерката за правда, Етилда Ѓонај изјави дека кривична постапка е почната за 80 лица, при што 11 се во притвор, додека 69 се бранат од слобода. -Меѓу оне кои заработија […]

Мисиците на Србија и Хрватска пред 90 години


Последниве денови на социјалните мрежи кружи фотографија од мисиците на Србија и Хрватска, која, наводно, била направена пред повеќе од 90 години. Српски „Блиц“ пишува дека е направена во текот на дваесеттите години на минатиот век, а во Белград беше изложена пред околу една година, како дел од патувачката изложба „Градови во движење – постотоманско […]

Ципрас в петок во Белград на средба со Вучиќ


Грчкиот премиер Алексис Ципрас в петок ќе го посети Белград и ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти кабинетот на шефот на српската држава. Како што јави дописникот на МИА од Белград, по средбата предвидено е да се одржи втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција, на која ќе […]

Столтенберг: НАТО ќе го преиспита својот ангажман во Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај соопшти дека денеска имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кого го информирал за законите кои ги усвои косовското Собрание за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Вооружени сили, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај во објава на Фејсбук нагласува дека телефонскиот разговор бил „пријателски“ […]

На косовските полицајци им е забрането одење во кафеана и во џамија додека се на служба


Директорот на Полицијата на Косово Рашит Ќаљај информира дека на полициските службеници им е забрането во текот на работното време да седат во кафеани и да одат во џамија и дека тие таа забрана ја почитуваат, јави дописникот на МИА од Приштина. – Работното време се почитува сто отсто. Им забранивме на припадниците на полицијата […]

Играчки со ликовите на Маша и Фрозен повлечени од продажба во Црна Гора


Црногорската компанија „Ковачи“ соопшти дека од своите продавници ги повлекла од продажба куклите Маша, Фрозен и девојката на Фрозен, затоа што содржеле супстанции кои може да им наштетат на здравјето на децата и да предизвикаат оштетувања на нивните репродуктивни органи. Компанијата ги повикаа граѓаните кои веќе купиле такви играчки, да ги вратат на продажните месте, […]

Харадинај за писмото на Трамп: Уште еден доказ дека САД се најголемиот сојузник на Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај оцени дека писмото на американскиот претседател Доналд Трамп до неговиот косовски колега Хашим Тачи претставува уште една потврда дека САД се најголемите поддржувачи на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај во објава на Фејсбук порача дека го поддржува барањето на Трамп за обединување на политичкиот спектар на Косово за […]

Хрватска ќе увезе 63.600 странски работници


До крајот на овој месец хрватската Влада ќе ја утврди годишната квота за вработување на странци во 2019 година на која, според предлогот, би требало да се најдат дури 63,600 работници. Хрватска првпат ќе увезе и 200 постојани медицински сестри или техничари, но сепак најмногу недостасуваат работници во градежниот и туристичкиот сектор. Извршниот директор на […]

Могерини: Оптимист сум за европската иднина на Србија


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека е опимистка околу европската иднина на Србија, додавајќи дека земјата во соработка со Брисел, може уште побрзо да напредува на патот кон ЕУ. – Оптимист сум кога станува збор за европската иднина на Србија и верувам дека со заедничка работа Србија […]

Киев: Украина е против Косовска војска, а Србија гласа против нас


Украинскиот амбасадор во Србија, Олександар Александрович изјави дека Украина не ја поддржува трансформација на Косовските бебзедносни сили во Војска на Косово, но во исто време е и незадоволна поради тоа што вчера во Генералното собрание на ОН, Белград „гласаше против Украина“. – Не го поддржуваме формирањето на Косовската војска, бидејќи не го признаваме Косово како […]

Ново писмо на ЕУ до Хардинај: Го загрозивте дијалогот


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарите за трговија и за проширување, Сесилија Малмстром и Јоханес Хан му упатија ново писмо на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, во кој наведуваат дека со едностраните акции го загрозил напредокот, кој досега е постигнат со дијалогот Белград-Проштина. Европските функционери, исто така, ја поздравија […]

Вистина и правда: Погрешно обвинетите лица во Романија


Романија е на првото место според бројот на неправедни судски процеси во Европската унија. И додека правниот систем е заглавен во контроверзии, обичните жртви на судските грешки се соочуваат со тешка борба. Кога полицијата го опколила неговиот дом едно студено јануарско утро, Петрика Манолаки знаел дека е готово. 29-годишниот мајстор се криел изминатите шест години, […]

Британскиот амбасадор се срами колку малку косовски функционери се казнуваат за корупција


Амбасадорот на Обединетото Кралство во Косово, Руаири О’Конел, по денешната презентација на извештајот на Институтот на Косово за право (ИКД) за „Правдата во врска со интегритетот на правниот систем во борбата со корупцијата“, изјави дека се чувствува посрамен поради неказнувањето на косовските функционери за корупција, јави дописникот на МИА од Приштина. О’Конел реагираше на податокот […]

Тито се врати во Титоград: Во Подгорица поставен споменик на доживотниот претседател на СФРЈ


Споменикот на доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито, беше поставен на булеварот „Свети Петар Цетињски“ во главниот град на Црна Гора, Подгорица, а утре ќе биде свечено откриен на одржувањето на прославата на Денот на ослободувањето на Подгорица. На статуата на споменикот пишува: „Јосип Броз Тито 1892-1980, благодарни граѓани на Титоград […]

Остануваат во сила американските санкции против Додик


Санкциите, кои САД ги воведе против претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, остануваат во сила, потврди заменикот државен секретар на САД Џон Саливан, кој се сретна вчера в Сараево со членовите на тричленото босанско Претседателство. – Се сретнав со претседавачот на Претседателство со Додик и другите двајца негови членови, бидејќи ја почитувам […]