Ѓукановиќ: Црна Гора ќе стане првата следна членка на ЕУ


Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека таа држава ќе биде првата следна членка на Европската унија. Обраќајќи се пред студентите на Оксфорд, Ѓукановиќ рече дека единствено обединета Европа е стабилна Европа. Тој истакна дека Црна Гора не е оптоварена со рокови и оти без разлика дали ќе биде или не членка на ЕУ, […]

Градоначалникот на Косовска Митровица поднесе оставка


Градоначалникот на Косовска Митровица Горан Ракиќ денеска поднесе оставка на таа должност, поради, како што рече, дискриминаторската политика на Приштина, која е насочена против српскиот народ. Тој истакна дека оставката ја поднесува поради таксите од 100 отсто, после кои децата во Косово нема да имаат храна и услови за нормален живот, поради упадите на РОСУ […]

Словенија ќе ја добие првата жена началник на Генералштаб


Словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец потврди дека ќе ја предложи генерал-мајор Аленка Ерменц за нов началник на Генералштабот на словенечките вооружени сили. Аленка Ерменц, која минатата недела беше промовирана во прва жена воен генерал, од утре ќе го замени генерал-мајорот Алан Гедер на чело на Генералштабот. Гедер на оваа позиција дојде на 22 февруари […]

Вашинггтон побара од Приштина да ги укине таксите на увозот од Србија и БиХ


Државниот секретар на САД Мајк Помпео, на средбата со косовскот претседател Хашим Тачи, ги повика властите во Приштина да ја укинат таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина и да работат на нормализирање на односите со Белград. Во соопштението на портпаролката на Стејт Департментот Хедер Нојерт, што го […]

Спираки: Нова демократија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа


Од најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, преку портпаролката Мариа Спираки, на денешниот брифинг со новинарите, уште еднаш го повтори ставот дека ниту во актуелниот, ниту во следниот парламент нема да гласаат позитивно за Договорот од Преспа, кога ќе дојде за ратификација. – Нова демократија има многу конкретна позиција. Нема да гласаме за ратификација на […]

Дачиќ: Рама ги уби регионалните договори за соработка


Албанија ја поддржува косовската блокада на стоки од Србија, со што албанскиот премиер Еди Рама ги прекрши договорите за регионална соработка, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. – Рама ги уби регионалните договори за соработка, единствениот економски простор и она за што зборувавме. Бесмислено е понатаму да одржуваме какви било состаноци за […]

Секретарката на Оливер Ивановиќ приведена на распит во полиција


Косовската полиција денеска ја приведе на информативен разговор Силвана Арсовиќ, секретарка на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), чиј лидер беше Оливер Ивановиќ, кој беше убиен во јануари годинава во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за приведувањето на Арсовиќ, што се случило околу пладне во канцелариите на партијата, ја потврди потпретседателката […]

Обложувалниците од Албанија се селат во Македонија и Косово


По одлуката Албанија да ги затвори обложувалниците тие сега се селат во Македонија и во Косово, каде овој бизнис се смета за законски, изјави Артан Шити, претседател на друштвото на обложувалници. Според него, многу албански компании од оваа дејност и претходно имале ваква активност во Македонија и Косово. -Иако има еден месец до крајниот рок, […]

Владите на Косово и Албанија со „двоглав орел“ го прославија потпишувањето на 9 договори


Под мотото „Заедно за развој“ денеска во косовскиот град Пеќ се одржа заедничка седница на владите на Косово и на Албанија. Претставниците на владите на Албанија и Косово, по заедничката седница во Пеќ, потпишаа девет меѓудржавни договори. Потоа ги поставија рацете во знак на двоглав орел. Потпишан е договор за признавање на возачките дозволи, за […]

Уништени и оштетени над 100 гранични камења на границата меѓу Грција и Македонија


Непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин, соопшти грчката полиција. Инцидентот се случил во периодот од 23 до 24 ноември, покрената е истрага, а биле известени и надлежното грчко обвинителство и надлежните воени власти, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Рама: Србија да сфати дека иднината не се гради со ножеви од зад грб


Премиерот на Албанија Еди Рама по денешната заедничка седница на неговата и косовскaта влада во Пеќ, изјави дека таксата што Косово ја воведе за стоките од Србија е оправдана и го повика Белград „да застане со нозете на земја и да престане да му зарива на Косово ножеви од зад грб. Рама нагласи дека продлабочувањето […]

„Катимерини“: Сценарија за избори во март следната година


Односите на Владата со црквата, позитивните мерки и финансиските придобивки за граѓаните, кризата меѓу Европската комисија и Италија, но и Договорот од Преспа, според грчкиот весник „Катимерини“ се прашањата кои што водат до сплет на околности и ја оставаат отворена можноста во Грција да се одржат предвремени парламентарни избори во март следната година, јави дописничката […]

Во Пеќ се протестира за бегството на Груевски


Членови на семејствата на осудените за настаните во Куманово во мај 2015 година протестираат утрово во Пеќ со барање за нивно ослободување и со обвинувања на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за споменатите настани, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот се одржува пред хотелот „Дукаѓини“, каде што се одржува заедничката седница на Владите на […]

Грчки европратеник бара одговори од Могерини за азилот на Груевски


Дали ќе се побараат одговори од Унгарија за дадениот азил на Груевски, а доколку ставот на Будимпешта покренува прашања, кои чекори ќе се преземат за земја членка на унијата да не го попречува функционирањето на правдата во земја кандидат, се прашањата кои европратеникот од СИРИЗА, Стелиос Кулоглу ги достави до високата претставничка на ЕУ за […]

Високи српски функционери ќе бидат уапсени ако отидат во Косово


Пред воведување на драконските такси со што фактички го забранија влезот на српски производи на територијата на Косово, приштинските власти на 1 ноември донеле одлука на највисоките функционери од Белград да не им дозволат влез во Косово, пишува весникот „Новости“. Според сознанија на весникот, списокот со непосакувани личности е доставен до сите полициски пунктови на […]

Баша: Рама апси деца додека криминалот ја убива Албанија


Тирана – Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша го обвини премиерот Еди Рама дека „апси деца, додека криминалот ја убива Албанија“. -Кога целата држава и полиција се нафрлени да ги истераат жителите од нивните домови за изградба на нова обиколница во Тирана и да украдат 40 милиони евра за Рама, со албанските градови […]

Тргнаа сообраќајот на две делници од Коридорот 10


Делниците од автопатот на Коридорот 10 кон македонската граница, Долни Нерадовац – Српска куќа и Српска куќа – Левосоје, се пуштени во сообраќај, соопшти Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, овие две делници со придружните петљи Бујановац 1 и Бујановац 2 се отворени за сообраќај во петокот. Во сообраќај, […]

Заев му нудел на Јовановиќ место во советничкиот тим


Премиерот Зоран Заев му нудел место во својот советнилки тим на лидерот на опозициската ЛДП во Србија, Чедомир Јовановиќ. Како што објавува белградски „Блиц“, на Јовановиќ му било понуден да биде советник за регионална соработка и за европски интеграции. Како што пишува „Блиц“, повеќегодишните добри релации меѓу Заев и Јовановиќ биле интензивирани за време на […]

Предлог од Виена за мировна конференција за косовското прашање


Виена – Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе смета дека официјална Виена треба да предложи организирање мировна конференција за решавање на косовското прашање и повторно ја поддржа идејата за размена на територии. На синоќешната средба со претставници на српската заедница во Австрија, Штрахе оцени дека косовското прашање мора да се реши бидејќи ги спречува и Белград и […]

Вучиќ: Нема дијалог со Косово, додека не се укинат варварските такси кон Србија


Одлуката на Приштина за воведување на такси со кои се оневозможува трговијата со Косово, за Србија претставува најзначаен обид за дестабилизација до денес и затоа денеска се договаравме и координиравме како да им помогнеме на нашите луѓе на Косово,изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање на јавноста на РТС, по состанокот со целиот […]