Харадинај: Шестте турски државјани се депортирани без мое знаење


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека шестте турски државјани се депортирани без негово знаење, истакнувајќи оти тоа било „билатерална операција на разузнавачките служби на двете држави“. Харадинај посочи дека смената на министерот за внатрешни работи Фламур Сефај и директорот на косовската разузнавачка служба (АКИ) Дритон Гаши, е основана. – Депортацијата е кршење на хиерархијата на …

Харадинај: Шестте турски државјани се депортирани без мое знаење Read More »

Петиција за смена на косовскиот претседател поради апсењето на „ѓуленисти“


Во Приштина е покрената петиција за смена на косовскиот претседател Хашим Тачи поради вчерашното апсење и депортација на шестте турски државјани, кои за официјална Анкара се припадници на движењето ФАТО, чиј лидер е Фетулах Ѓулен. Пратеничката Мимоза Кусари-Љиља на Фејсбук побара смена на Тачи, бидејќи според неа, тој ја наредил акцијата. – Треба да се …

Петиција за смена на косовскиот претседател поради апсењето на „ѓуленисти“ Read More »

Србија: Први казни поради невакцинирање деца


Суд во Белград изрече 55 пресуди за родители кои не ги вакцинирале своите деца и тоа во 15 случаи изречена е парична казна, додека за 40 родители изречена е опомена наместо парична казна. Претседателот на Судот за прекршоци во Белград Милан Мариновиќ вели дека од почетокот на примена на Законот за заштита на населението од …

Србија: Први казни поради невакцинирање деца Read More »

Ѕанакопулос: Грчката влада во рамките на националната линија бара решение со соседот


Во рамките на националната линија на сите грчки влади, официјална Атина бара решение во спорот за името, е ставот на порптаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. – Во однос на името на поранешната југословенска Република Македонија, владата со чувство на одговорност ја брани националната линија што е заедничка основа на сите …

Ѕанакопулос: Грчката влада во рамките на националната линија бара решение со соседот Read More »

Борисов: Бугарија нема да протера руски дипломати


Бугарија нема да протера руски дипломати поради „Случајот Скрипал“, изјави денеска бугарсиот премиер Бојко Борисов. Тој истакна дека Бугарија, која претседава со Европската унија, треба да одржува отворен дијалог со Русија, во момент на тензични односи помеѓу западните земји и Москва поради труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Англија. – Бугарија изрази солидарност …

Борисов: Бугарија нема да протера руски дипломати Read More »

„Шпигел“: Грција станува центар на кримучарите на луѓе во Европа


Грција се повеќе станува центар на криминалните активности на криумчарите на луѓе во Европа, имајќи предвид дека реонот на Егејското Море е под засилен мигрантски притисок од страна на четирите милиони регистрирани бегалци во соседна Турција, наведува магазинот „Шпигел“, повикувајќи се на таен извештај на германската полиција. Во документот се посочува дека во текот на …

„Шпигел“: Грција станува центар на кримучарите на луѓе во Европа Read More »

Харадинај не бил информиран за операцијата во која беа уапсени шест лица поврзани со Ѓулен


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не бил информиран за полициската операција, во која на Косово беа приведени шест турски државјани, за кои се претпоставува дека се поврзани со движењето на Фетулах Ѓулен, обвинет од Анкара дека стои зад обид за пуч во јули 2016 година. Харадинај посочи дека се обидува да ја разбере „уставната …

Харадинај не бил информиран за операцијата во која беа уапсени шест лица поврзани со Ѓулен Read More »

Приведена екипа на РТС во Пеќ, по пет часа ослободена


 Екипа на Радио-телевизија Србија (РТС), која вчера ја снимала  четврта епизода на емисијата „Право на утре” за узурпираниот имот на Србите во Пеќ, заедно со пет адвокати, била уапсена од косовската полиција, соопшти денеска  јавниот сервис. Снимателот Александар Стипиќ, реализаторката Билјана Ердељан и возачот Далибор Милутиновиќ, биле уапсени во Пеќ околу 17:45, и со нив …

Приведена екипа на РТС во Пеќ, по пет часа ослободена Read More »

Ѓуриќ: Во Приштина не сакаат мир, тие подготвуваат војна


Од изјавата на Рамуш Харадинај на сите им стана јасно дека во Приштина на функции се лица кои не сакаат мир, туку подготвуваат војна, вели директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ . – Харадинај е во право што вели дека не може да има поделба и размена на територии на Косово и …

Ѓуриќ: Во Приштина не сакаат мир, тие подготвуваат војна Read More »

Вучиќ: Избрав мир наместо војска


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека разгледувал и опција за употреба на армијата и полицијата поради настаните на Косово, но избрал трпеливост и зачувување на мирот. На новинарско прашање дали е точно дека бил подготвен како претседател да даде наредба за испраќање армиски единици и полиција на границата, Вучиќ рече дека негова уставна обврска …

Вучиќ: Избрав мир наместо војска Read More »

САД ги повикаа Србија и Косово да ги нормализираат односите преку дијалог


САД остро ги осудија последните тензии меѓу Косово и Србија, истакнувајќи дека тоа може „непотребно да ги зголеми тензиите и да претставува закана за регионалната стабилност”. Реакцијата на САД уследи по случувањата околу апењето на  директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, кој накратко беше задржан во притвор, а потоа протеран од Косово во …

САД ги повикаа Србија и Косово да ги нормализираат односите преку дијалог Read More »

Приштина: ЗСО што ќе ја формираат Српска листа нема да има легитимитет


Во првата реакција на најавата на Српска листа дека ќе ја формираат Заедницата на српски општини, од косовската Влада соопштија дека тој орган нема да има легитимитет. – Заедницата е обврска која Косово ја презеде во процесот на Бриселскиот дијалог и која ќе биде реализирана во блиска иднина. Ниту една иницијатива која не е занована …

Приштина: ЗСО што ќе ја формираат Српска листа нема да има легитимитет Read More »

Ѕанакопулос: Топката е на теренот на соседите


Во рамките на грчките позиции за сложено ерга омнес име треба да постои решение, топката сега е на теренот на соседите и треба да направат уште неколку чекори за да стигнеме до договор, вели портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за третиот канал од Солун на грчката државна телевизија ЕРТ и уште еднаш …

Ѕанакопулос: Топката е на теренот на соседите Read More »

Косовските камионџии протестираа против патарина во Албанија


Косовски камонџии со 150 празни камиони пристигнаа на преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на албанските власти од 15 април да почнат со наплата на патарина на автопатот Тирана-Кукс. На камионџиите кои носеа транспаренти упатени до албанските власти како “Ние не ги укинуваме границите, ние ги подигаме”, се …

Косовските камионџии протестираа против патарина во Албанија Read More »

Србите го презентираа логото на ЗСО, ќе ја формираат на 20 април


Претставници на косовските Срби денеска одржаа средба во северниот дел на Митровица, на која учествувале 120 делегати и претставници на 10 општини со мнозинско српско население. На средбата било договорено на 20 април да се формира Заеднцата на српски општини, а било презентирано и логото на заедницата. Лидерот на „Српска листа“ Горан Ракиќ, нагласил дека …

Србите го презентираа логото на ЗСО, ќе ја формираат на 20 април Read More »

Анекта: Дури 81 отсто Срби се против признавање на Косово во замена за ЕУ


Повеќето, односно 81 отсто од граѓаните на Србија не би поддржале признавање на косовската независност дури ниту како услов за членство во ЕУ, 45 проценти сметаат дека Косово не е загубено, а 43 отсто оценуваат дека поранешнат покраина сепак е загубена. Вкупно 55 проценти од Србите веруваат дека независноста на Косово нема да ја признае …

Анекта: Дури 81 отсто Срби се против признавање на Косово во замена за ЕУ Read More »

Србите пред самопрогласување автономија во Косово


Драматичните настани во соседството на Македонија. Албанските аналитичари сепак сметаат дека тензиите во Косово се користат за замаглување на договорот за демаркацијата со Црна Гора. Ситуацијата предизвикана од приведувањето и протерувањето на директорот на српската канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, постепено се смирува, но претходно предизвика големи реакции во Косово, Србија, ЕУ и во САД. …

Србите пред самопрогласување автономија во Косово Read More »

Србија: Полицијата ги сослушува Слаѓана Велков и Јелена Крлеуша оти ширеле пропаганда против вакцините


Белградската полиција почна да сослушува јавни личности од Србија против кои група граѓани поднесе кривична пријава поради предизвикување паника со своите објави против вакцинирањето од морбили. Во полиција на распит вчера беше професорката Мира Совиљ, а неколку часа по неа и лекарот Тодор Јовановиќ, објави српскиот весник „Блиц“. Сослушувањата се спроведуваат откако кон почетокот на …

Србија: Полицијата ги сослушува Слаѓана Велков и Јелена Крлеуша оти ширеле пропаганда против вакцините Read More »

Могерини: Тоа што се случи на Косово не смее да се повтори


Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, за време на состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека вчерашните настани во Косово не смеат да се повторат и дека ЕУ очекува да се сочува мирот со мудар и воздржан пристап. Вучиќ и Могерини се состанаа вечерва во Белград, на разговори околу …

Могерини: Тоа што се случи на Косово не смее да се повтори Read More »

Тринаесетгодишно девојче трета жртва од морбили во Албанија


Тринаесетгодишно девојче од планинско село кај Фуш Арез денеска почина од морбили. Во тешка здравствена состојба,со хеликоптер на понатамошно лекување во Тирана се префрлени и нејзините брат и сестра, кои, исто така, биле заразени од морбили. Селото Берише,од каде се децата,од петокот се уште е завеано во снег. Ова е трет смртен случај во Албанија …

Тринаесетгодишно девојче трета жртва од морбили во Албанија Read More »