Над три четвртини од граѓаните на Западниот Балкан ја поддржуваат регионалната соработка  


Дури 77 отсто од граѓаните во земјите од Западниот Балкан веруваат дека регионалната соработка може да помогне во решавањето на политичките, економските и безбедносните прашања на нивните држави, покажуваат резултатите од годишното истражување „Балкански барометар 2021“, спроведено од Регионалниот совет за соработка (РЦЦ). Во Северна Македонија поддршка на регионалната соработка изразиле 72 отсто од анкетираните. […]

Авион на „Ер Монтенегро“ приземјен во Сплит поради дојава за бомба


 Патнички авион на новата црногорска авиокомпанија „Ер Монтенегро“, што летал на релација Прага-Сплит, денеска е приземјен поради предупредување за поставена бомба, јави Н1. Но, како што јавуваат хрватските медиуми, во авинот не е пронајдена бомба.   „Авионот што летал од Прага за Сплит е приземјен во Сплит со известување на пилотот за вонредна состојба, потврди […]

Курти за „Ле Монд“: Вучиќ и натаму размислува за тоа како Србија да го врати Косово


Косовскиот премиер, Албин Курти, изјави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, и натаму Косово го смета како територија што Србија мора еден ден да ја врати. Курти ова го изјави за француски „Ле Монд“, нагласувајќи дека Србија „треба да се соочи со минатото и да стане подемократска“. Француски „Ле Монд“ во воведот забележува дека премиерот на […]

Блиц: Европскиот пат на Србија можат да го закочат Хрватска, Романија и Бугарија


Србија започна преговори со ЕУ пред повеќе од седум години, до ѕвездата на знамето на ЕУ има уште многу да се работи, а на тој пат може да не запре Хрватска, пред се поради границата и исчезнатите лица, Романија поради малцинствата и користењето на Дунав, како и Бугарија со која го решаваме прашањето за националните […]

Велико Трново есенва ќе биде домаќин на средба меѓу новинари од Бугарија и Македонија, организирана од БТА


Бугарија – Велико Трново наесен ќе биде домаќин на состанок меѓу новинари од Бугарија и Република Северна Македонија, организиран од БТА, најави генералниот директор на бугарската агенција БТА, Кирил Валчев. Тој посочи дека десет новинари од двете земји се очекува да го продолжат дијалогот меѓу нив, што почна во 2019 година. Тогаш новинари од Република Северна […]

Пленковиќ очекува влез на Хрватска во еврозоната на почетокот на 2023 година


Хрватска очекува да стане членка на еврозоната на почетокот на 2023 година и дотогаш има намера да ги исполни сите потребни критериуми. Тоа го изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Брисел. Вториот ден од самитот на европските лидери се одржува денеска во Брисел, а како дел од тоа ќе се одржи и самит на […]

ЕУ и дава на Турција три милијарди евра за мигрантите


Белгија– Лидерите на ЕУ се согласија да и обезбедат на Турција помош од близу три милијарди евра според договорот за мигрантите, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од турската приватна телевизија НТВ. Таа ја даде изјавата откако шефовите на држави и влади на ЕУ вчера побараа од Европската комисија веднаш да даде официјален предлог во […]

Иван Костов предлага расформирање на безбедносните служби во Бугарија


Поранешниот бугарски премиер, Иван Костов, (1997 -2001) предлага распуштање на сегашните безбедносни служби и создавање нови, подредени на различни министри. Како што јави дописникот на МИА од Софија, еден од аргументите на Костов е дека сегашните претставници на бугарските безбедносни служби не и се лојални на државата, бидејќи заминале на одмор и саботираат. Како „мит […]

Балкан Барометар 2021: Над половина од граѓаните би се вакцинирале, за членство во ЕУ се 62 отсто


Повеќе од половина од испитаниците на Западен Балкан, односно 56 проценти изразуваат желба да се вакцинираат, 42 проценти не сакаат, покажува „Балкан Барометар 2021“ што го спроведува Регионалниот центар за соработка. Според „Барометарот“ на јавното мислење, кој е спроведен помеѓу 6.000 граѓани од регионот, има подобрување во 46 точки, за разлика од 2020 година, кога […]

Во Бугарија вршат истрага за 14 трансплантации извршени во болница во Софија


Бугарија– Бугарската Дирекција за борба со организаиран криминал врши истрага за 14 трансплантации извршени во болница во Софија. – За случајот е побарана помош од Молдавија, изјави техничкиот мнистер за внатрешни работи Бојко Рашков. Истрагата е почната откако министерот за здравство донел резултати од проверки извршени со МВР на Бугарија. „Првичните податоци се дека се […]

Под знак прашање аранжмани на балкански туристички агенции кои соработувале со грчкиот „Музенидис травел“


Белградски туристички агенции денеска потврдија дека добиле мејл од грчкиот тур-оператор Музенидис во кој се нагласува дека сите патувања во периодот д 27 јуни до 31 јуни се откажани. Според медиумите во Србија под знак прашање се десетина илјади аранжмани на корисници од Русија, Северна Македонија, Украина, Романија, Бугарија, Србија и Босна. Во Белград според […]

Албанија не планира укинување на полицискиот час


 И покрај стабилната епидемиолошка состојба со Ковид-19, албанскиот Комитетот на експерти за справување со пандемијата, не размислува за укинување на мерката за ограничено  движење.  Скендер Братај, член на комитетот и директор на Националниот ургентен центар во Тирана, коментирајќи го барањето на унијата на угостители за ослободување од анти-ковид мерките рече дека мерките ќе продолжат да се […]

МЗ на Бугарија: Несоодветните маски што ги купи Борисов одат во обвинителството


 Материјалите од инспекцијата на Министерството за здравство на Бугарија за респиратори, маски и лекови купени од Кина за периодот на епидемијата од 13 мај минатата година одат во обвинителството. Ова го најави бугарскиот заменик министер за здравство Димитар Петров. Инспекцијата покажала дека станува збор за нетранспарентни процедури и повисоки – двојно и тројно – цени […]

Втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан в понеделник во Брисел


Претседателите на парламентите на Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и претседателот на Собранието на Косово ќе се состанат в понеделник во Брисел, на иницијатива на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Како што е соопштено од ЕП, на овој втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан, тие ќе разговараат со Сасоли […]

Грција од утре го укинува задолжителното носење маски на отворено


Грција – Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас, денеска соопшти дека од утре, во 5 часот наутро, се укинува мерката за задолжително носење маска на отворено. Препораката е маските, сепак, да се носат на места што, иако се на отворено, во нив  има турканици. Во затворен простор препораката за задолжително носење и натаму важи. […]

Благ пораст на бројот новозаболени денеска во Србија: Повеќе од 100


  По неколку дена под 100 новозаболени во Србија, денеска се регистрирани 103 нови случаи со ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа три лица, јави Б92. Имено, на 19 јуни имаше 89 новозаболени, на 20 јуни – 60, на 21 – 88, а во понеделникот 72. Досега во Србија се тестирани вкупно 4.361.392 […]

Регионална конференција: Во Западен Балкан во пораст трговијата со деца


Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференција „Заедничко преземање мерки во криза: Заштита на децата од трговија со луѓе и експлоатација на Западен Балкан“. На Конференцијата беше истакнато дека пандемијата дополнително ја зголеми […]

На Грција и се заканува четврт бран на Ковид 19


Сојот  Делта на корона вирусот предизвикува загриженост во Грција дека престои можен четврти бран на пандемија, изјави Марија Теодориду, шеф на Националниот комитет за вакцинација. За време на брифингот за медиуми за ширењето на вирусот, таа рече дека ако има четврти бран, тоа ќе доведе до помалку хоспитализации и смртни случаи и ќе влијае на […]

Косовската влада ги дозволи свадбите и матурските прослави


Владата на Косово денеска усвои нови анти-ковид мерки, со кои, меѓу другото, се дозволува одржување свадби и други семејни прослави, како и матурски вечери, со одредни ограничувања, јави дописникот на МИА од Приштина. Според денешната одлука на Владата на Албин Курти, семејните и матурските веселби ќе можат да траат до 23 часот, додека музиката ќе […]

Црна Гора: Премиерот Кривокапиќ не планира да поднесе оставка


Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ изјави денеска дека нема да потклекне пред притисокот на лидерите на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, чија листа ја предводеше на парламентарните избори, кои бараат од него да се повлече од премиерската функција. – Преземав обврски и одговорност и нема да потклекнам пред првиот предизвик, изјави Кривокапиќ за подгоричкиот дневен […]