Вучиќ: Сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека би сакал предвремени избори да се одржат во декември 2026 година со оценка дека тоа би бил „конечен пораз“ на оние што ги бараат. Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано …

Вучиќ: Сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија Read More »

Анкета: Поскапувањата на цените и инфлацијата најголем проблем за повеќе од половина Грци


 Поскапувањата на цените и инфлацијата и економијата и растот со 56,6 и 30 отсто се главните проблеми за Грците, кои не се особено задоволни од мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти од Солун, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Opinion Poll“ за грчката телевизија „Action 24“, јави дописничката на МИА …

Анкета: Поскапувањата на цените и инфлацијата најголем проблем за повеќе од половина Грци Read More »

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција


 Албанската Влада, прва во светот, ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција. Таа е 17-член на новиот владин кабинет „Рама4“. Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави дека Диела, што …

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција Read More »

Рама го објави составот на новата влада, за првпат жена на чело на полицијата


Тирана – Лидерот на албанските владејачки социјалисти, Еди Рама, го соопшти новиот состав на 17- члениот владин кабинет „Рама 4“, во кој за првпат на чело на полицијата ќе биде жена, Албана Кочиу, досегашна министерка за здравство. На функцијата потпретседател на владата и министерка за инфраструктура и енергетика останува Белинда Балуку, исто како и Пиро …

Рама го објави составот на новата влада, за првпат жена на чело на полицијата Read More »

Хрватска: Нелегалната градба ќе стане кривично дело


Нелегалната градба ќе стане кривично дело, беше нагласено во четврток на 5-тиот Саем за архитектура и градежништво „АрхиБау 2025“ во Хрватска. Нагласувајќи дека нелегалната градба наскоро ќе стане кривично дело, вицепремиерот и министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, Бранко Бачиќ, рече дека државата не смее да ја изгуби играта со нелегалните градители, кои …

Хрватска: Нелегалната градба ќе стане кривично дело Read More »

Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата


Владата на Словенија денеска воведе санкции против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.  Одлуката на словенечката Влада подразбира забрана за влез на претседателот на Република Српска во земјата, објави Н1 Љубљана.  Материјалот за оваа одлука го подготви Министерството за надворешни работи на Словенија.

ЕК одобри 33,7 милиони евра помош за кипарските Турци


Брисел – Европската комисија усвои Програма за помош на заедницата на кипарските Турци за 2025 година во износ од 33,7 милиони евра, наменети за поддршка на социо-економскиот развој и за олеснување на процесот на повторно обединување на Кипар.  Како што соопшти ЕК, оваа Програма за помош има за цел да поттикне зголемување на трговијата меѓу двете …

ЕК одобри 33,7 милиони евра помош за кипарските Турци Read More »

Рама бара разрешување на градоначалникот на Тирана и измени на Уставот


Претседателот на владејачките албански социјалисти и кандидат за премиер, Еди Рама, на состанок на Националниот конгрес на партијата, побара итно отстранување од функцијата на Ерион Велиај, актуелниот градоначалник кој е во притвор поради корупција.     Како предлог за кандидат за градоначалник на главниот град на претстојните вонредни избори, ја предложи министерката за образование, Огерта …

Рама бара разрешување на градоначалникот на Тирана и измени на Уставот Read More »

Минималната плата во Србија од 1 јануари ќе изнесува 64.554 динари (551 евро)


На денешната седница, Владата на Србија усвои одлука за редовно зголемување на минималната плата од 1 јануари 2026 година на 551 евро, што е зголемување од 10,1 отсто. Минималната плата ќе се зголеми на 371 динар по работен час и ќе изнесува 64.554 динари месечно. Пред тоа, минималната плата ќе биде вонредно зголемена од 1 …

Минималната плата во Србија од 1 јануари ќе изнесува 64.554 динари (551 евро) Read More »

Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачите


Машиновозачите во Грција утрово започнаа 24-часовен штрајк поради отпуштањето на тројца нивни колеги од компанијата „Хеленик Трејн“, со што возовите во земјата денеска нема да сообраќаат, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот на машиновозачи на Грција соопштија дека компанијата „без никакво предупредување во август отпушти тројца искусни машиновозачи“ кои, според нив биле со …

Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачите Read More »

Десет раководители на турски медиумски холдинг уапсени при акција на обвинителството


Истанбул – Десет лица на раководни позиции во турскиот „Џан холдинг“, во чија сопственост се и водечките турски медиуми „Шоу ТВ“ („Show TV“), „Хабертурк“ („Habertürk“) и „Блумберг“ („Bloomberg“), беа уапсени при акција на турското Главно обвинителство во Истанбул, јави онлајн изданието „Хуриет“. Апсењата се по обвиненија за создавање организирана криминална група, измами и перење пари. …

Десет раководители на турски медиумски холдинг уапсени при акција на обвинителството Read More »

Во Брисел се очекува нова рунда од дијалогот Белград – Приштина


Белград – Во Брисел денеска е планирано одржување нова рунда од дијалогот на Белград со Приштина.  Делегацијата од Белград, предводена од директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија и главен преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ, синоќа пристигна во Брисел. Претходната рунда дијалог се одржа на 10 јуни, по што главниот …

Во Брисел се очекува нова рунда од дијалогот Белград – Приштина Read More »

Поплавена Риека, водата навлегува во дуќаните


Обилниот дожд што падна во Риека ги поплави улиците денес околу 13 часот. Снимките што  ги поставуваат граѓаните, покажуваат како водата тече низ улиците, а поплавени се и некои деловни простории. Обилниот дожд поплави и автобус на „Автотролеј“. Директорот на Хидрометеоролошкиот завод, Иван Гитлер, порано денес на N1 зборуваше за најавената промена на времето, црвениот …

Поплавена Риека, водата навлегува во дуќаните Read More »

Хрватска размислува за сопствена нуклеарна централа


Хрватското Министерство за економија размислува за изградба на сопствена нуклеарна централа наместо за можна соработка во изградбата на вториот блок од нуклеарната централа Кршко, пишува „Пословни дневник“. – Експертите ќе одлучат дали ќе бидат мали нуклеарни реактори или класична нуклеарна централа. Со изградба на електрана на сопствена територија, добиваме геополитички и безбедносен контекст. Ова е …

Хрватска размислува за сопствена нуклеарна централа Read More »

ЕК одобри околу 788 милиони евра за Грција во рамките на механизмот САФЕ за зајакнување на одбраната


Атина – Износ што достигнува до 788 милиони евра се очекува да добие Грција од механизмот САФЕ, новиот финансиски инструмент на Европската Унија за обезбедување заеми за олеснување на зајакнувањето на европските одбранбени трошоци, пишува грчкиот весник „Катимерини“ и додава дека ЕК вчера ја одобри привремената финансиска помош за земјите-членки, јави дописничката на МИА од …

ЕК одобри околу 788 милиони евра за Грција во рамките на механизмот САФЕ за зајакнување на одбраната Read More »

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем


Повеќе од 630 лекари во Србија денеска, во отворено писмо, оценуваат дека ако државата ги злоупотребува и апси оние кои се грижат за повредените, таа ја злоупотребува и апси „самата идеја за несебично дејствување и значењето на меѓучовечкото разбирање“. Во отворено писмо, што го објави порталот Н1, лекарите наведоа дека кога полицијата извршила „демонстрација на …

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем Read More »

Метрото, трамваите и неколку автобуски линии во Атина секоја сабота ќе сообраќаат 24 часа


Почнувајќи од оваа сабота и секоја сабота, метрото, трамваите и десет автобуски линии во Атина ќе сообраќаат 24 часа, а не само до полноќ како што беше случај досега, со цел младите безбедно да се врата дома без автомобили. Алтернативниот министер за транспорт и инфраструктура на Грција, надлежен за јавниот превоз Константинос Киранакис преку видео …

Метрото, трамваите и неколку автобуски линии во Атина секоја сабота ќе сообраќаат 24 часа Read More »

Манфред Вебер иницира преиспитување на членството на партијата на Вучиќ во ЕПП


Првиот човек на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер соопшти дека иницирал постапка за преиспитување на членството во семејството на европските партии на десниот центар на Српската напредна партија (СНС), чиј донеодамнешен лидер беше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.  – ЕПП не затвора очи пред тоа што се случува во Србија, изјави Вебер најавувајќи дека …

Манфред Вебер иницира преиспитување на членството на партијата на Вучиќ во ЕПП Read More »

Градоначалниците на Атина и Витлеем повикаа веднаш да прекине војната во Газа


Децата во Газа гладуваат и сакам од овде, заедно да испратиме порака до целиот свет дека оваа војна треба да престане, оваа војна треба да заврши. Сега, не утре, порача градоначалникот на Витлеем, Махер Никола Канавати на денешната прес-конференција во општина Атина, што ја организираа заедно со атинскиот градоначалник Харис Дукас. Витлеем и Атина се …

Градоначалниците на Атина и Витлеем повикаа веднаш да прекине војната во Газа Read More »

Иднината на партијата на Вучиќ во ЕПП ставена под прашалник


  Иднината на Српската напредна партија (СНС) во рамките на Европската народна партија (ЕПП) ќе биде предмет на додатни расправи во наредните денови, изјави во Стразбур Манфред Вебер, претседател на пратеничката група на ЕПП во Европскиот парламент. Тој пред пленарната сесија на Европскиот парламент изјави дека ЕПП внимателно ја следи ситуацијата и политичките случувања во …

Иднината на партијата на Вучиќ во ЕПП ставена под прашалник Read More »