Бугарскиот премиер Петков се самоизолира


Бугарскиот премиер Кирил Петков е во превентивна самоизолација откако бил во контакт со претседателот на парламентот Никола Минчев кој е позитивен на коронавирус, соопшти денеска владинот претставник за печат. „Премиерот ќе биде под карантин како што се правилата“, рече тој. Владата допрва ќе одлучува за кој ќе ги преземе неговите должности. Никола Минчев се почувствува […]

Земјотрес од 6,6 степени кај Кипар


  Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер регистриран е рано утрово во Средоземното Море кај западниот брег на Кипар, соопшти Американскиот сеизмолошки институт. Потресот се случил на длабочина од 19,6 км, 48 км од градот Полис, пренесе Франс прес. Според прелиминарната оценка, веројатноста овој потрес да предизвикал штети или жртви е мала. ЕМСЦ […]

Бугарскиот спикер позитивен на Ковид-19, доведена во прашање посетата на Петков на Македонија


Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на корона вирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. […]

Петков не е Наполеон – никој нема да го чека 100 дена


  Како и да гледате, Кирил Петков не е Наполеон и не треба да чекаме 100 дена да видиме што ќе прави новата влада, е оценката денес на бугарскиот медум „Сега“ пред средбата на Советот за национална безбедност.  „Нема време за чекање – Бугарија е заробена во кризи кои тешко се бројат. Државата се соочува […]

Дачиќ: Очигледно е дека Австралија ќе го депортира Ѓоковиќ


Претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ изјави дека однесувањето на австралиските власти кон тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој помина неколку дена во притвор во Мелбурн поради испрашувањата во врска со медицинското ослободување за влез во таа земја без потврда за вакцинација против коронавирус, е „генерално срамно“ и „политичко малтретирање“, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ, […]

Словенија со 150 отсто повеќе новозаразнеи од минатата недела


Во изминатите 24 часа во Словенија забележани се нови 2.515 случаи со корона вирус, што е за 150 отсто зголемување од претходната недела. Како што покажуваат денешните податоци на Националниот институт за јавно здравје, ова е шести ден по ред бројот на новозаразени двојно да се зголемува на неделно ниво, наведува агенцијата СТА. Околу 48 […]

Хрватска воведува построги анти-ковид мерки


Во Хрватска од денеска стапуваат во сила нови антиепидемиски мерки, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 – воведена е обврската на работодавците да ја организираат работата од дома секогаш кога е можно, дополнително се ограничуваат собирите, а се најавува и поинтензивна контрола на угостителските објекти. Според одлуката на Националниот штаб за цивилна заштита, забранети се јавни собири и настани на […]

Ципрас позитивен на коронавирус


Грција- Лидерот на грчката опозиција и претседател на левичарската партија Сириза, Алексис Ципрас, на социјалните мрежи објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој на „Твитер“ напиша дека досега имал благи симптоми, додека неговата сопруга и децата се негативни, објави „Катимерини“. „За среќа, Бети и децата се негативни. Засега имам благи симптоми и се надевам дека […]

Нов скок на бројот заразени во Србија – речиси 8.000


  Според последните податоци во Србија денеска се регистрирани 7.949 новозаразени со корона вирус. На респиратор се 81 пациент, а во болница се лекуваат 2.221 лица. Во последните 24 часа починаа 22 пациенти, а процентот на смртност е 0,96 отсто.

Во Грција од 1 февруари нема пристап до некои места без бустер доза


Сите кои до 1 февруари нема да примат дополнителна, трета доза вакцина против Ковид-19, во Грција нема да може да пристапат до места резервирани за вакцинирани, рече грчкиот министер за здравство Танос Плеврис. „Од 1 февруари сите кои не примиле дополнителна доза вакцина протви корона вирусот, а поминале седум месеци од претходната, втора доза ќе […]

Бугарија сака да го воведе еврото од 2024, јавноста сè уште поделена


Бугарија не се откажува од својот план да ја замени националната валута со евро почнувајќи од 2024 година.  Сепак, официјална Софија мора да ги засили напорите за да им ја објасни промената на своите граѓани, кои се уште се поделени по ова прашање, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за Блумберг. Њујоршката агенција пишува […]

Делтакрон- на Кипар откриени 25 случаи на хибрид од Делта и Омикрон


Кипар– Хибрид од варијантите Делта и Омикрон на Ковид-19, наводно, бил откриен на Кипар. Досега се откриени 25 случаи на овој хибрид. Критичарите, сепак, наведуваат дека ова е обичен случај на контаминација, пренесува RT. Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, го нарече новиот хибрид „делтакрон“ и во петокот предупреди дека светот […]

Запленети 272 апарати за ископување криптовалути во Косово


  Косовската полиција претпладнево заплени 272 апарати за ископување на криптовалути во село во близина на Лепосавиќ, област на северот од земјата населена со српско население, јави дописникот на МИА од Приштина. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља преку својата страница на Фејсбук информира дека во акцијата, која поминала без инциденти, е уапсено […]

Србија лани со рекордни 3,9 милијарди евра странски директни инвестиции


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека Србија ја завршила 2021 година со повисока стапка на странски директни инвестиции од рекордната 2019 година. Станува збор за 3,9 милијарди евра. „Мислам дека Рузвелт еднаш рече дека признанието, наградите и благодарноста одат на оние кои се борат, на оние во арената, на рингот, а не на оние […]

Во Србија повеќе од 7.500 новозаразени, починаа 23


  Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа регистрирани се 7.652 новозаболени со Ковид-19. Починаа 23 пациенти, а на респиратори се 83 луѓе. Како што беше најавено, веднаш по новогодишните празници бројот заболени нагло почна да расте. Лекарите велат дека сојот омикрон веројатно е доминантен и дека бројот заразени ан дневно ниво уште […]

Во Хрватска близу 9.000 позитивни, починаа 36 пациенти, од понеделинк нови мерки


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 8.817 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 42.242. Од нив 1.820 пациенти се на болничко лекување, а 249 на респиратор. Тестирани биле 19.865 луѓе. Починаа 36 лица. Поради порастот на заразени, за што виновна е новата варијанта омикрон, […]

Од понеделник во јавниот превоз во Словенија само вакцинирани и прележани


  Негативен тест на корона вирус во Словенија без карантин од понеделник ќе важи покусо отколку сега, потврдено е со новиот протокол со кој владата реагира на брзото ширење на омикрон варијантата. Валидноста на негативниот ПЦР тест за влез во Словенија се намалува на 48 часа од земањето на брисот, а брзиот антигенски тест 24 […]

Омикрон доминантен во Словенија, навлегол и во болницата „Јесенице“


Омикрон варијантата на коронавирусот стана доминантна во Словенија, претежно се шири локално, но има повеќе увезени случаи кај младите кои ја дочекаа Новата година во Белград, а медиумите пишуваат дека омикрон навлегол во една болница. Меѓу близу 900-те млади кои во организација на словенечка туристичка агенција ги дочекаа новогодишните празници во Белград, досега се потврдени […]

Бугарски новинари осудени за клевета, ќе платат по 20.000 лева казна


Двајца новинари во Бугарија и една веб-страница се осудени за клевета и им е наложено да платат околу 35 илјади долари казна а написи објавени во 2018 година, што се опишува како пресуда без преседан, јавува бугарскиот сервис Радио Слободна Европа. Софискиот градски суд (ДСК) утврди дека Борис Митов, сега новинар во бугарскиот сервис на […]

Демографски колапс на Бугарија – сега има 6,5 милиони жители


Вројот на населението на Бугарија прогресивно се намалува – сега државата има 6,5 милиони луѓе. Тоа значи дека има помалку 844 илјади луѓе во споредба со пописот во 2011 година, или 11,5 проценти. Овие податоцви ги претстави Националниот статистички институт (НСИ) како прелиминарна проценка на пописот спроведен во септември-октомври минатата година. Демографскиот колапс главно се […]