Премиерот на Шпанија ја започнува посетата на Србија


  Србија – Премиерот на Шпанија Педро Санчез денеска доаѓа во дводневна посета на Србија, во рамки на турнејата во која ќе посети уште четири земји од Западен Балкан, пренесе Бета. Санчез денеска во Белград ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по што ќе се одржи пленарен состанок на делегациите на двете земји. Шпанскиот […]

Петков: Ако има мафија во Бугарија тоа се околу 50 луѓе


  Бугарија–  „Навистина, имаме дваесетина луѓе, поточно од 20 до 50, кои во текот на животот нелегално се збогатуваа, одржувајќи привилегирани односи со политичката моќ. Тие се во основа конкуренти, но и меѓусебно зависни еден од друг… Тие се обединуваат кога нивните интереси се загрозени. Згора на тоа, имаат главен обвинител кој им е на […]

Бербок денеска на средби со Мицотакис и Дендиас во Атина


  Грција – Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок во рамките на дводневната посета на Грција, денеска ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Според Министерството за надворешни работи на Грција, Дендиас и Бербок ќе разговараат за билатералните […]

Хрватска ќе ја обновува пругата од Загреб до Риека. Ќе чини 2,8 милијарди евра, а речиси цела ќе ја плати ЕУ


  Само два дена по пуштањето во работа на Пељешкиот мост Хрватска почнува со реализацијата на најголемиот инфраструкурен проект во нејзината независна историја – модернизација и изградба на пругата од Загреб до Риека. Пругата ќе биде долга 155 киометри, ќе чини 2,8 милијарди евра, а дури 85 отсто ќе ја плати Европската унија преку своите […]

Во Грција потврдени вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници


Грција– Заклучно со 28 јули 2022 година, во Грција се потврдени вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници, 12 повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Сите потврдени случаи се кај мажи од 22 до 59 години, а 38 отсто, односно 12 од […]

Шмит бара од Милановиќ да се однесува пристојно


Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, му порача на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека тој како шеф на држава треба да се однесува пристојно и да престане да ги навредува другите луѓе, вклучително и него, а за српскиот член на Претседателството Милорад Додик, рече дека е „посебен случај“. Ова го изјави Шмит […]

Илир Мета во комунизмот го шпионирал најдобриот другар, а во плурализмот го сменил презимето


Медиумите во Албанија продолжија да откриваат детали за најозборуваното досие, она за улогата на поранешниот претседател Илир Мета во државната безбедност. Вокс њуз ја анализира улогата на поранешниот претседател Мета во државната безбедност, врз основа на досије.   – Целата оваа фабула почнува во 1988-1989 година, кога студентот Филип Тало, најблизок пријател на Илир Мета, […]

Дури 84 отсто од граѓаните на Србија се против санкции за Русија


  Огромно мнозинство српски граѓани се против воведување санкции против Русија, членство во НАТО и членство во ЕУ, доколку услов за тоа е признавањето на Косово, покажува истражувањето на Новата српска политичка мисла (НСПМ), објавено во новиот број на „Неделник“. Расте бројот на граѓани кои сметаат дека не треба да ѝ се воведуваат санкции на […]

Лажна дојава за поставена бомба привремено го затвори аеродромот во Софија


Лажна дојава за поставена експлозивна направа го затвори аеродромот во Софија околу еден час, при што беа евакуирани двата терминала, соопштија од аеродромот. Во соопштението од аеродромот се наведува дека не е пронајдена експлозивна направа или опасни материи и на патниците им  дозволено да се вратат на терминалите. Претходно два терминала на аеродромот во Софија […]

Во Хрватска уапсен висок припадник на полицијата за откривање информации од тајни истраги


 Дамир Остерман, информатичар и водач на проекти за зајакнување и интегрирање на сите бази на податоци во хрватскиот полициски систем, е уапсен во синоќешната акција на полицијата и Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал, пишува Јутарњи лист.  Весникот наведува дека на Остерман, како главен „админ“ на целата полиција, му бил овозможен пристап до […]

Анонимна дојава за бомба го затвори аеродромот во Софија


Поради анонимна закана за поставена бомба, од утрово се затворени двата терминала на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми. Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор. Поради таа причина и од двата терминала се евакуирани лица, соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи, што во моментот спроведува истрага.

Нинова за Радев: Лично го промовирав, а тој ни ги урива владите


Претседателот Румен Радев не престанува да ја критикува оваа влада од првиот ден, иако тој самиот ја создаде „Продолжуваат промените“. Сметаме дека тој е дел од групата која ја урна актуелната власт. Ова го изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, неколку минути откако третиот мандат му беше вратен неисполнет на Румен Радев. Нинова беше категорична […]

Радев беше дел од групата што ја урна владата, обвини Нинова


  Претседателот е дел од мнозинството, заедно со ГЕРБ-СДС, ДПС, Преродба и Има таков народ“, кои ја соборија владата што тој ја создаде. Со овие зборови видно бесната лидерка на БСП Корнелија Нинова излезе од канцелариите на претседаетелот Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми. „Тој не престана да ја критикува владата од нејзиниот прв ден, иако […]

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19


  Хрватска – Хрватска се соочува со нов бран на многу заразни подваријанти на коронавирусот, поради што е зголемен процентот на позитивни меѓу тестираните на дури 30 проценти, а бројот на нови случаи на заразени дневно е повеќе од илјада, соопшти Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ). Во Хрватска циркулираат субваријанти на Омикрон БА.2 и БА.4 […]

Во Србија 6.102 нови случаи со ковид, 10 починати


  Според официјалните податоци, во последните 24 часа од корона вирусот во Србија починале уште 10 лица, со што вкупниот број на жртви е 16.239, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство. Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 16.311 лица за корона вирус, од кои 6.102 се позитивни. На вентилатори се […]

Грција воведува дигитална лична карта и возачка дозвола


Преку специјална официјална апликација на грчката Влада, личните карти и возачките дозволи, од денеска за Грците ќе бидат достапни и во дигитална форма на нивните мобилни телефони, јави дописничката на МИА од Атина. Дигиталната лична карта и дигиталната возачка дозвола се достапни преку апликацијата Gov.gr Wallet, која попладнево беше презентирани од надлежните министри во присуство […]

Илир Мета со таен документ посочен како соработник на ШИШ


Надлежните служби доставиле до албанскиот Парламент документ во кој стои дека висок домашен политичар И.М. бил соработник на поранешната албанска тајна служба (ШИШ), по што првата парламентарка Линдиа Никола, попладнево под итно одржа средба со координаторите на пратеничките групи.  По средбата со координаторите на пратеничките групи, Никола случајот го нарече шокантен.  Таа пред новинарите кажа […]

АЕЦ „Козлодуј“ да почне да користи американско нуклеарно гориво


Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска ја посети нуклеарната централа во Козлодуј, јави дописникот на МИА од Софија и додаде дека во разговорот со раководството на централата тој побарал да се расчистат пречките за реализација на проектот со американската компанија „Вестингхаус“, со цел Бугарија да добие и алтернативно гориво за нуклеарната централа. Во моментов, бугарската нуклеарна […]

Грција не разгледува можност за воведување ковид мерки во текот на летото


Сметаме дека во моментов бранот е во надолен тренд и веруваме дека ова ќе продолжи околу еден месец. Не покажува карактеристики дека во текот на летото ќе биде потребна промена на моделот што го следиме, истакна министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, уште еднаш потенцирајќи дека не се […]

Бугарија оди на уште едни избори, четврти за 15 месеци


  Политичката криза во Бугарија како да нема крај. Како и што се очекуваше, Бугарската социјалистичка партија (БСП) објави дека в четврток ќе го врати и нејзиниот мандат за формирање влада што значи дека распуштањето на парламентот е неминовно и Бугарија ќе оди на уште едни избори. Тие ќе бидат четврти по ред за 15 […]