Вучиќ го уверил Зеленски дека го почитува територијалниот интегритет на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски  во Атина се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ по што објави фотографија на Твитер со порака дека тоа било „отворена, искрена и плодна средба“. „Добар разговор за почитување на Повелбата на ОН и за неповредливост на границите. За заедничката иднина на нашите народи во заедничкиот европски дом. За развивање на […]

Бугарија на есен ќе и испорача на Украина оклопна борбена опрема


Бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев на заедничка прес-конференција со неговиот украински колега Олексеј Резников во Одеса изјави дека Бугарија може да започне со префрлање оклопна борбена опрема во Украина уште оваа есен. Како што јави БТА, Тагарев посочи дека станува збор за 100 оклопни транспортери од советски тип. – Ова донекаде го пролонгира процесот […]

Мицотакис и Зеленски потпишаа заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина


Атина – Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и украинскиот претседател Володомир Зеленски попладнево потпишаа заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина, соопшти самиот Мицотакис на заедничката прес-конференција со гостинот од Украина по нивната средба, јавуваат грчките медиуми. Украинскиот претседател допатува во ненајавена посета на грчката престолнина, каде подоцна вечерва ќе учествува на вечера и неформална дискусија […]

Во Тирана уапсен државјанин на Јужна Кореја за измама од 28 милиони евра преку меѓународни пирамидални шеми


Тирана – Шеесет и едногодишен маж од Јужна Кореја, меѓународно баран за измама со големи финансиски вредности, е уапсен денеска во близина на меѓународниот аеродром во Тирана. Стефан Моргенштерн, обвинет за создавање пирамидални шеми на меѓународно ниво, во близина на аеродромот ја чекал сопругата која доаѓала во Тирана од Дубаи. Тој е обвинет дека заедно со […]

Зеленски во тајност пристигна во Атина, ќе вечера со лидерите од регионот


Атина – Претседателот на Украина Володимир Зеленски попладнево пристигна во Атина во официјална посета на Грција и планирано е да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Миотакис, со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, но и да присуствува на неформалната вечера во премиерската палата заедно со лидерите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина. Ова е […]

Во Србија 39 лица се заразени со западнонилска треска


Во Србија годинава се регистрирани 39 случаи на западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Институтот додаде дека поголемиот дел од заболените од западнонилска треска имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста – менингитис или енцефалитис – и се лекуваат во болница. Западнонилската треска е сезонско заболување кое […]

Такер Карлсон: Вучиќ ми кажа дека војната во Украина ја уништи економијата на Европа


Американскиот новинар и конзервативен политички коментатор Такер Карлсон по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Будимпешта изјави дека разговарале за руската војна во Украина и за последиците од тој конфликт за другите земји. По вчерашната средба со Вучиќ во амбасадата на Србија во Будимпешта, Карлсон на социјалната мрежа Х изјави дека еден од ставовите […]

Дачиќ бара објаснување зошто не му бил дозволен влез на Горан Бреговиќ во Молдавија


Министерството за надворешни работи на Србија побара објаснување од Молдавија зошто не бил дозволен во таа држава на славниот светски уметник Горан Бреговиќ. Шефот на срспката дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека таквата одлука не е во согласност со традиционално пријателските односи меѓу Србија и Молдавија.Одлуката предизвика многу негативни реакции и наиде на осуда во Србија. […]

Белери останува во притвор, Грција и порача на Албанија да заборави на пари од ЕУ и на евроинтеграција


 Првостепениот специјален суд за корупција и организиран криминал одлучи да ја остави во сила мерката „затворски притвор“ за градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој е обвинет за изборна корупција. Ова беше повторено барање за ублажување на мерката затворски со домашен притвор, за да може да даде заклетва како градоначалник. Претходно барањата беа одбиени од сите судски […]

Семејството на убиениот Грк тврди дека е лага дека е убиен од навивач на АЕК


Адвокатите на семејството на Михалис Кацурис, навивачот на АЕК кој беше убиен во хулиганските нереди во Атина, Христос Мавроматис и Ставрос Георгопулос ја пренесоа изјавата од семејството кое негира дека зад неговото убиството стои навивач на АЕК,. Според нив, таквите информации не соодветствуваат со реалноста, а обидите да се префрли вината на друга страна ги […]

Во Србија почнуваат преговори за минималната плата во 2024., синдикатите бараат прво да завршат оние за 2023 година


Претставници на Владата на Србија, работодавачите и репрезентативните синдикати денеска почнуваат преговори за зголемување на минималната плата за 2024 година, но синдикатите ќе инсистираат да завршат претходно прекинатите разговори за зголемување на „минималната плата“ за оваа година, што е околу 40.000 динари (околу 21.000 денари).  Претставникот на Сојузот на независни синдикати на Србија (СССС), кој […]

Уште една трагедија во Бих: Ја убил сопругата, па се самоубил


Синоќа околу 21:10 часот во градот Живинице во Тузланскиот кантон Босна и Херцеговина маж си ја убил сопругата, а потоа се самоубил, потврдија за Klix.ba. Како што се цдознава, мажот со иницијали М.А. ( 1965 година) ја застрелал сопругата на иницијалите Ч.Т. (1971 година). После тоа извршил самоубиство. „Во 21 часот и 10 минути од […]

Градоначалникот на Истанбул ги повика жителите да штедат вода


Истанбул – Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу ги предупреди граѓаните да ја користат водата умерено, во услови на жештините и слабите врнежи во летната сезона, објави електронското издание на весникот „Сузџу“. Градоначалникот истакна дека според Координативниот центар за катастрофи на Истанбулската општина (АКОМ), следната недела во Истанбул не се очекуваат врнежи. „Ги повикувам сите наши […]

Косовската опозиција ги повика САД да го истражат Курти


Пратеничката од косовската опозициска партија Алијанса за иднината на Косово (ААК), Тиме Кадријај изрази сомневање дека актуелниот косовски премиер Албин Курти им служи на „непријателските агенди“, поради што побара од Соединетите Американски Држави да спроведат „независна истрага“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на нејзината страница на Фејсбук, Кадријај наведува дека ААК, на […]

Мелони подмирила неплатена сметка на италијански туристи „идиоти“ во Албанија


Во необичен дипломатски потег, италијанската премиерка Џорџија Мелони подмири сметка во ресторан на четворица италијански туристи кои излегле од ресторан во Албанија  без да платат. Албанскиот премиер Еди Рама го покрена ова прашање со својот италијански колега додека Мелони беше во посета на Албанија со своето семејство минатата недела. Инцидентот, наводно, се случил во Берат, […]

Вучиќ најави избори во Србија за три или шест месеци


Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска најави дека изборите во Србија ќе се одржат многу брзо, за три или шест месеци, а најдоцна за шест-седум месеци. Тој пред новинарите во Будимпешта, каде што е во дводневна посета, изјави дека локалните и покраинските избори се регуларни, а најверојатно ќе се одржат и парламентарни избори. Вучиќ, коментирајќи […]

Косовската дијаспора испратила 633 милиони евра, 77 милиони евра повеќе од 2022 година


Косовската дијаспора продолжи да придонесува за Косово и оваа година, јави РТК и прецизира дека според податоците на Централната банка на Косово (ЦБК), во првите шест месеци од оваа година е забележан пораст на дознаките од дијаспората. Бесник Када од Централната банка на Косово (ЦБК) за RTKlive изјави дека во периодот јануари-јуни 2023 година, износот […]

Над 36 илјади домашни и странски туристи се лекувале во туристичките центри на Албанија


Албанската министерка за здравство Оргета Манастирлиу објави дека од 15 јуни, кога беа ставени во функција 30- те летни здравствени центри,  услуга добиле  36.592 домашни и странски туристи. Во видео објава на Фејсбук додава дека „квалитетни услуги, од квалификуван персонал, добиле туристи долж крајбрежјето и областите за планински туризам”. Таа сподели изјави на лекарите кои […]

За 100 минути ќе се патува со брз воз од Белград до Ниш, за три саати до Будимпешта


   Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска изјави дека до 2025 година ќе биде готова брзата пруга Белград-Будимпешта и дека ќе бидат потребни три часа за да се патува до главниот град на Унгарија. Тој истакна дека во моментов се работи на брзата пруга Белград-Ниш. „Кога ќе заврши таа делница, ќе […]

Голем пожар кај Александропулос, патот Егнација е затворен


На граѓаните во седум села во регионот на Еврос, североисточна Грција, денеска им беше кажано да се евакуираат во порака испратена преку бројот за итни случаи 112 поради шумски пожар што избувна претходно во текот на денот во близина на градот Александрополис, пишува Екатимерини. Прво им беше порачано на жителите на Нипса, Етохори и Пефка да […]