(Видео) Невреме со град и торнадо на Родос, луѓе заглавени во возила


Невреме придружено со град и торнадо го погоди грчкиот остров Родос. Поради високиот водостој на патот, граѓаните останаа заробени во своите автомобили. Пожарникарите со едно противпожарно возило утрово се обиделе да ослободат три лица кои останале затрупани во возилата, пренесува Телеграф. И синоќа Родос беше погоден од невреме. Во исто време, штета предизвика и торнадото …

(Видео) Невреме со град и торнадо на Родос, луѓе заглавени во возила Read More »

Од денеска се враќа публиката на фудбалските натпревари во Грција


Натпреварите од првата фудбалска лига во Грција од денеска повторно ќе се играат со публика по пауза од два месеци по воведената забрана од грчката Влада во рамките на мерките за справување со спортското насилство, јави дописничката на МИА од Атина. Новите правила за стадионите ќе се спроведат во следните два месеци, а предвидуваат задолжителен …

Од денеска се враќа публиката на фудбалските натпревари во Грција Read More »

Земјотрес од 3,9 степени во Грција


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Потресот е регистриран во 6:32 часот по локално време, во морската област на 67 километри југоисточно од Карпатос. Длабочината на земјотресот првично беше проценета на 10 километри. Нема информации за материјална штета или повредени.

Централната банка на Косово објави тримесечен план за укинување на плаќањето со динари


Централната банка на Косово (ЦБК) објави денеска нов план за имплементација на одлуката за укинување на користењето на српскиот динар за готовинско плаќање, според кој преодната фаза за имплементација на новата регулатива, која стапи во сила на 1 февруари, ќе трае три месеци, јави дописникот на МИА од Приштина. Со новиот транзициски план, меѓу другото, …

Централната банка на Косово објави тримесечен план за укинување на плаќањето со динари Read More »

Почина Петар Луковиќ, новинарот од чија критика стравуваа многу музичари


Познатиот новинар и рокенрол критичар Петар Луковиќ утрово почина во Белград по долго и тешко боледување, соопшти семејството. Луковиќ имаше богата кариера во различни области од новинарството, но многумина ќе го паметат по врвното познавање на музиката. Покрај сето она што го правеше во својата новинарска кариера, Петар Луковиќ многумина ќе го паметат како голем …

Почина Петар Луковиќ, новинарот од чија критика стравуваа многу музичари Read More »

Пукање во бродска компанија во Атина. Четворица мртви


Четири лица го загубија животот денеска во престрелка во просториите на бродска компанија во предградието на Атина, меѓу кои и напаѓачот кој се самоуби, соопшти полицијата. Напаѓачот утринава упаднал во седиштето на European Product Carriers, отворил оган и покосил три лица, двајца мажи и една жена, а потоа се забарикадирал во подрумот каде што бил …

Пукање во бродска компанија во Атина. Четворица мртви Read More »

Над 3.600 странци работеле во Косово во 2023, од нив 211 биле од Македонија


Косово во текот на 2023 година издало над 3.600 работни дозволи за странски државјани, од кои 211 за државјани на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовскиот Институт за напредни студии – ГАП објави дека минатата година се издадени вкупно 3.646 работни дозволи за странски државјани, што е за 667, или 22,4 отсто …

Над 3.600 странци работеле во Косово во 2023, од нив 211 биле од Македонија Read More »

Товарен брод во грчка сопственост нападнат во Црвеното Море


Товарен транспортен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Маршалските Острови бил мета на напад со два проектила во Црвеното море, без при тоа да биде повреден екипажот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според државната новинска агенција АНА-МПА, британска приватна компанија за поморска безбедност Амбри соопштила дека проектилите завршиле …

Товарен брод во грчка сопственост нападнат во Црвеното Море Read More »

Почина Фоте Никола истакнат активист и борец за правата на Македонците во Албанија


На 78-годишна возраст, синоќа во Тирана почина Фоте Никола, – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија, објави македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Роден е на 4 март 1946 година во село Шулин, област Мала Преспа. Основно образование заврши во Пустец, средно педагошко во Елбасан и Филолошки факултет …

Почина Фоте Никола истакнат активист и борец за правата на Македонците во Албанија Read More »

Владата на БиХ даде два милиони евра и ја спаси јавната РТВ од затворање


Министерскиот совет на БиХ и додели два милиони евра на Радио телевизија Босна и Херцеговина, со што државниот радио-телевизиски сервис беше спасен од затворање. Владата на вонредна седница додели два милиони евра на државниот и по 1,5 милион за јавните сервиси на ентитетите. „Со оваа одлука се настојува да се обезбеди финансиска стабилност на јавните …

Владата на БиХ даде два милиони евра и ја спаси јавната РТВ од затворање Read More »

Дачиќ: ЕУ го зголемува притисокот врз Србија со вклучување на Охридскиот договор во преговорите за членство


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Брисел го зголемува притисокот врз Белград со формален предлог деловите од Охридскиот договор, со кои Србија не се согласи, да се вклучат во преговарачката рамка за членство во Европската Uнија, јави дописникот на МИА од Белград. -Има обид преку ЕУ и поглавјето 35 на Србија …

Дачиќ: ЕУ го зголемува притисокот врз Србија со вклучување на Охридскиот договор во преговорите за членство Read More »

Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина одлуката за екстрадиција на До Квон и го врати предметот на повторно одлучување


Апелацискиот суд на Црна Гора ја прифати жалбата на бранителите на обвинетиот јужнокорејски државјанин До Квон, осомничен за измама со криптовалути, и ја поништи одлуката на Вишиот суд и предметот го врати на повторно одлучување до првостепениот суд. Апелацискиот суд на Црна Гора соопшти дека одлуката за екстрадиција на До не може да ја донесе …

Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина одлуката за екстрадиција на До Квон и го врати предметот на повторно одлучување Read More »

Грција и САД ќе го одржат петтиот стратешки дијалог


Петтиот круг од стратешкиот дијалог меѓу Грција и САД ќе се одржи денеска во Вашингтон, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис ќе се сретне со американскиот државен секретар Антони Блинкен, јави дописничката на МИА од Атина.  Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека на агендата на стратешкиот дијалог ќе бидат: регионалните случувања, …

Грција и САД ќе го одржат петтиот стратешки дијалог Read More »

Абот: Нова војна во Косово не е можна, Србија знае дека НАТО нема да го дозволи тоа


 Британскиот амбасадор во Косово, Николас Абот ги нарече нереални предупредувањата за можна војна во Косово, со оглед на поддршката што Косово ја има од своите меѓународни партнери, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за ТВ Клан Косова, Абот рече дека најверојатно нема да дојде до нов вооружен конфликт меѓу Косово и Србија, …

Абот: Нова војна во Косово не е можна, Србија знае дека НАТО нема да го дозволи тоа Read More »

Косово да го одложи спроведувањето на одлуката за укинување на динарите


Њујорк –  Постојаните членки на Советот за безбедност на ОН синоќа ја изразија својата резервираност во однос на намерата на Косово еднострано да ја забрани употребата на динарот во земјата без соодветни консултации со партнерите и ја повикаа да ја одложи примената на таа мерка. За време на дискусијата на вонредната седница на Советот за …

Косово да го одложи спроведувањето на одлуката за укинување на динарите Read More »

Во Албанија разбиена криминална група за фалсификување американски визи и трговија со луѓе


 Албанската полиција, во Тирана разби криминална група за фалсификување американски визи и трговија со луѓе. -Честитки до Државната полиција за успешната акција денес во соработка со партнерските агенции за спроведување на законот. Во првата фаза од операцијата „The Rogue Son“,е погодена криминална дејност од областа на американска визна измама и шверц со луѓе, приведени се …

Во Албанија разбиена криминална група за фалсификување американски визи и трговија со луѓе Read More »

Европскиот парламент бара меѓународна истрага за изборите во Србија


  Европскиот парламент усвои резолуција за изборите во Србија, во која, според финалниот нацрт до кој јавноста имаше пристап, се бара меѓународна истрага и од Европската комисија бара доколку се докаже кражбата на изборите, да се укинат пристапните фондови на Европската унија кон Србија. Резолуцијата беше усвоена со огромно мнозинство – 461 гласа „за“ и …

Европскиот парламент бара меѓународна истрага за изборите во Србија Read More »

Турските аеродроми имаа рекордни 14,7 милиони патници во јануари


Во јануари турските аеродроми пречекаа рекордни 14,7 милиони патници, изјави денеска министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаиоглу. „Протокот на патници на турските аеродроми во јануари е зголемен за 8,1 отсто во однос на истиот месец минатата година“, рече министерот Караисмаиоглу, повикувајќи се на податоци од Генералниот директорат на државните аеродроми. Над 7 милиони патници …

Турските аеродроми имаа рекордни 14,7 милиони патници во јануари Read More »

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуција за ситуацијата во Србија по изборите


Белград – Пратениците на Европскиот парламент (ЕП) денеска во Стразбур ќе гласаат за резолуција со која се бара независна меѓународна истрага за нерегуларностите на декемвриските парламентарни, покраински и локални избори во Србија, со посебен фокус на изборите во Белград. Во конечниот предлог-резолуција за ситуацијата во Србија по декемвриските избори, ЕП ја повикува Европската комисија веднаш да …

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуција за ситуацијата во Србија по изборите Read More »

ЕУ ќе и додели на Турција 400 милиони евра за санација на последиците од ланските земјотреси


Брисел – Европската комисија и Турција потпишаа договор со кој преку Фондот за солидарност на Европската Унија (ЕУСФ) на Анкара ќе и биде доделен грант во износ од 400 милиони евра наменети за финансирање на проекти за обнова и санација по катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата на почетокот на минатата година.  – Оваа катастрофа, …

ЕУ ќе и додели на Турција 400 милиони евра за санација на последиците од ланските земјотреси Read More »