Познат руски готвач пронајден мртов во Белград


Алексеј Зимин (52), сопственикот на познатиот ресторан „Зима“ во елитниот дел на Лондон во Сохо, пронајден е мртов во изнајмен стан во Белград. Сопственикот на станот го пронашол на подот со рана на главата, пишува српски Телеграф. Зад себе ги остави сопругата и 17-годишната ќерка. Инаку, тој отворено се спротивстави на војната меѓу Русија и […]

Албанија и ОАЕ потпишаа договор за формирање заедничка компанија за производство на струја


Албанија и Обединетите арапски емирати, односно албанската електро корпорација, КЕШ и Масдар, гигантот на ОАЕ, во Баку, Азербејџан, потпишаа договор за формирање заедничка компанија за производство на електрична енергија. Премиерот Еди Рама на социјалните мрежи сподели фотографии од потпишувањето на договорот,  потенцирајќи дека оваа компанија ќе инвестира во Албанија и регионот. Вицепремиерката, и министерка за […]

Двајца од повредените во Нови Сад се свесни, но се во тешка состојба


Двајца од тројцата пациенти кои се тешко повредени како последица од уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов за српски медиуми. „Двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент […]

Албанија потпиша меморандум за соработка со Азербејџан за гасификација на округот Корча


Албанија и Азербејџан,  потпишаа меморандум за соработка за гасификација на Корча, што ќе продолжи и во Подградец и Ерсек а потоа и други градови. Договорот е потпишан во Баку во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на 29-та Конференцијата на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за […]

Почина влијателниот грчки бизнисмен Вардис Вардинојанис


 На 91-годишна возраст денеска почина Вардис Вардинојанис – грчки бизнисмен и основач на истоимената економска групација, една од највлијателните фактори во грчката економија, објави АНА-МПА, повикувајќи се на соопштение од неговото семејство. Вардинојанис е роден во 1933 година во Ретимно, Крит. Тој завршил воена поморска академија и служел во морнарицата. Беше еден од основачите на […]

Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац


Тежок инцидент се случи вчера во Урошевац, во кој се избодени четири лица, две девојчиња помлади од 18 години и две лица на возраст од околу 29 години. Тие биле нападнати од страна на едно лице со нож. Под сè уште неразјаснети околности, 59-годишниот маж со нож избодел четворица случајни минувачи, две девојчиња помлади од […]

Штетите од поплавите во БиХ се проценуваат на повеќе од 100 милиони евра


Поплавите што погодија делови од централна Босна, Јабланица и Коњиќ во Херцеговина на 4 октомври, освен што предизвикаа смрт на 27 лица, предизвикаа и голема материјална штета која се проценува на повеќе од 100 милиони евра. Дирекцијата за цивилна заштита на Федерацијата Босна и Херцеговина подготви и испрати до владиниот ентитет информации за досега утврдените […]

Вучиќ повика на оставки поради несреќата на железничката станица во Нови Сад


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека луѓето се загрижени за несреќата во која загинаа 14 лица на Железничката станица во Нови Сад и дека бараат одговорност и побара од членовите на Владата на Србија да покажат одговорност, наведувајќи дека мора да го покажат тоа и да направат разлика, пренесе Бета. „Знам дека некои […]

Македонски експерт откри засега непознат вид пајак на планината Озрен


Здружението на граѓани од Маглај „Фојничани“ соопшти дека во пештерскиот комплекс Мокра Мегара е пронајден нов, досега непознат вид пајак и дека научно ќе го носи името на планината Озрен, која, како што соопштија, трајно го впишува овој простор во светската научна наследство. Пајакот Озрен (Porrhomma ozrenensis) беше претставен на 6-тата конференција на Мрежата за […]

Протест на опозицијата пред Владата на Србија: Се бараат оставки од премиерот Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад


 Во Белград пред Владата и претседателството на Србија се одржа протест поради уривање на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот беше организиран од опозициските партиии и движења, а започна со минута молчење и читање на […]

Имигрантите кои престојуваат во Ѓадер ќе мора да се вратат во Италија


Имигрантите кои престојуваат во кампот во Ѓадер ќе мора да се вратат во Италија, откако денеска судот во Рим одлучил случајот да го испрати до Судот на правдата на ЕУ. – Одделот за имиграција на судот во Рим  денеска одлучи да го упати до Европскиот суд на правдата прашањето за имигрантите, кои според договорот Италија-Албанија […]

Мистериозното исчезнување на девојка и млад човек во Србија. Тој е пронајден мртов, од неа нема трага


Ммногу неодговорени прашања има во случајот со младиот исчезнат пар Тамара Новаков и Елвис Николиќ од српски Банат. Имено, сè започна уште на 19 октомври, кога и двајцата беа видени последен пат. Потоа заедно заминале во непознат правец и со денови не контактирале со семејствата. Иако на прв поглед може да се помисли дека се […]

Вучиќ сака со Азербејџан да гради гасна централа кај Ниш


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави дека Србија и Азербејџан ќе се обидат да изградат гасна централа, која долгорочно ќе го стабилизира снабдувањето со електрична енергија на земјата, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ, кој присуствува на Самитот за климатски промени COP-29 во организација на Обединетите […]

Пеевски како Ахмети: Никој нема да ја заобиколи ДПС- Нов почеток


Нема да дозволам никој да го заобиколи ДПС-Нов почеток, изјави лидерот на партијата Дељан Пеевски пред почетокот на 51. Народно собрание. Во моментов се подготвува нова партија на претседателот Румен Радев на чело со Крум Зарков, изјави Пеевски. „Знам многу за вас“, се обрати Пеевски на шефот на државата и се закани дека нема да […]

Борисов верува дека без него како премиер не може да има влада


Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ, сугерираше дека владата во Бугарија може да се формира без учество на ДПС – Нов почеток (фракцијата на Дељан Пеевски), Алијансата за права и слободи (Доганска фракција), „Преродба“ (Вазраждане) или „Морал , Единство, чест“ (MEЧ). Тој нагласи дека овие партии се идеолошки различни и смета дека може да се формира […]

Тинејџерка од Велика Британија удрена од параглајдерист во Турција. Има скршеници на ‘рбетот и вилицата


Британската тинејџерка Лили Никол (15) од Дурам, се здобила со сериозни повреди откако била удрена од параглајдерист додека била на одмор со своето семејство во популарното летувалиште Олудениз во Турција. Инцидентот се случил за време на последниот ден од нивниот одмор, додека Лили била на вечера во ресторан со нејзината мајка Линдзи Логан и постарата […]

Утрово земјотреси во Албанија и во Грција


Во шест часот наутро земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја стресе Албанија. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 94 километри северно од градот Саранда и грчкиот остров Крф. Потоа следеа уште неколку помали потреси, од 2,1 и 2,5, 3 и 2,7 степени според Рихтер. Земјотрес со помал интензитет утрово бил […]

Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад


Опозициските парламентарни партии во Србија за денеска закажаа протест пред зградата на српската влада поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 14 лица. Барањата што ги покренаа демонстрантите се оставки на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, декласификација на договорите поврзани со реконструкцијата на железничката станица во […]

Прва седница на новиот бугарски парламентарен состав


Новоизбраниот бугарски парламентарен состав (51. Народно собрание) ќе ја одржи претпладнево првата седница. согласно указ од 5 ноември на претседателот Румен Радев, јави БТА. Првата седница на Националното собрание ќе ја отвори најстариот присутен пратеник – во 51-от парламент тоа е Силви Кирилов од „Има таков народ“ кој има 73 години доека најмладиот е од […]

Вучиќ разговараше со Трамп: Верувам во посилно партнерство со САД


Одличен, срдечен и содржајен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти претседателот Александар Вучиќ на Инстаграм. Тој наведе дека во телефонскиот разговор изразил надеж дека Доналд Трамп ќе ја посети Србија, бидејќи Србија била земја во која поддршката за неговиот избор била најголема во цела Европа, јави дописникот на МИА од Белград. -Одличен […]