Во Косово досега регистрирани четири случаи на заболени од западнонилска треска


Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) соопшти дека во земјата досега се потврдени четири случаи на заразени со вирусот на западнонилската треска. Во денешниот збирен извештај за состојбата со западнонилската треска во Косово, ИКШПК соопшти дека првиот увезен случај е потврден на 07.08.2024 година кај жител на општина Косово Поле. Вториот и третиот […]

По ПАСОК и СИРИЗА ќе одбира нов лидер


 Двете најголеми грчки опозициски партии СИРИЗА и ПАСОК, кои според истражувањата на јавното мислење во Грција водат трка за втората позиција, зад владејачката Нова демократија, во следниот период ќе бираат нови партиски лидери, јави дописничката на МИА од Атина. Изборите во ПАСОК беа најавени кон крајот на јуни по европските избори и ќе се одржат […]

Херцеговски бизнисмен чија јахта изгоре во Макарска купи нова опрема за пожарникарите и даде парична донација


Мишел Марио Чолак, бизнисмен од Херцеговина, чија јахта вредна три милиони евра изгоре во Макарска во јуни годинава, реши да им се заблагодари на пожарникарите кои со часови го гаснеа неговиот брод долг 34 метри. „Голема благодарност до компанијата FL Nautica d.o.o и нејзиниот директор г-дин Марио Чолак! Благодарение на нивната великодушност беа платени сите […]

Нападната српската амбасадорка во Мадрид, Ѓуриќ го осуди нападот и побара целосна истрага


Белград-Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ соопшти дека во неделата во Мадрид е нападната српската амбасадорка во Шпанија и повика на целосна истрага и гонење на сторителот, јави дописникот на МИА од Белград. -Најостро го осудувам подмолниот физички напад врз амбасадорката Ирена Шарац во центарот на Мадрид. Ваквите акти на насилство се неприфатливи и […]

„Политико“: Екатерина Захариева ќе биде еврокомесар за управување со кризи


  Поранешната бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, најверојатно ќе го добие портфолиото за управување со кризи и хуманитарна помош во следната Европска комисија, пишува „Политико“. Медиумот забележува дека тоа е негова претпоставка, бидејќи Бугарија не аплицира за ниту една од клучните позиции. „Бидејќи земјата даде два предлози – маж и жена, Захариева речиси […]

Турција најави производство на свој прв брз воз


Анкара – Турција ќе го произведе својот прв брз воз, а тестирањата ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. – Нашиот брз воз, кој ќе го произведува TURASAS (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 […]

Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите


Атина – Од пет часот утрово таксистие во Атина, организирани од нивниот Синдикат, започнаа 24-часовен штрајк поради, како што велат,„низа владини одлуки и важни законодавни пропусти што се однесуваат на нивниот сектор“, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот потенцираа дека новите даночни и осигурителни закони ќе ги доведат до финансиска пропаст, а планираната транзиција […]

По 20 евра ќе плаќаат туристите од крузерите на грчките острови Миконос и Санторини


Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам, целта не се пристигнувањата, туку приходите, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на традиционалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун и паралелно соопшти дека патниците од крузерите ќе плаќаат по 20 евра на островите Миконос и Санторини во високата туритичка сезона. На традиционалната прес-конференција што се одржува […]

Дачиќ со претседателот на Интерпол разговарал за формирање регионална канцеларија на оваа организација во Србија


Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска се сретна со претседателот на Интерпол Ахмед Насер Ал Раиси, на маргините на Глобалниот форум за соработка во областа на јавната безбедност во Лианџунганг, Народна Република Кина. Како што соопшти српската влада, Дачиќ истакнал дека Министерството за внатрешни работи на Република Србија е сигурен […]

Поради непочитување на пресуда на Судот за човекови права, БиХ може да биде исклучена од Советот на Европа


Азра Зорниќ, по чија жалба Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди против Босна и Херцеговина (БиХ) поради дискриминација, денеска најави можност да побара исклучување на БиХ од Советот на Европа поради неспроведување на таа пресуда. На седницата на Здружението на независни интелектуалци „Круг 99“ на тема „И БиХ против пресудите на Европскиот суд за […]

Хорор во Турција: Пронајдено телото на девојче по кое се трагаше 19 дена


Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, беше пронајдено во поток недалеку од селото во кое живееше, по 19 дена опсежна потрага. Телото на девојчето е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина, јавува Anadolu Agency, според првичните сознанија, девојчето било убиено, а телото било […]

(Видео) Сè повеќе вртачи во Турција. Во една рамнина ги има над 2.600


Над 2.600 копнени дупки (вртачи) во плодната турска рамнина на Коња се закана за земјоделството и станбените области. Во таканаречената житница на земјата се појавија вртачи поради сушата и прекумерната потрошувачка на подземните води. Моментално ги загрозуваат земјоделските активности, а се сè поблиску до станбените зони. Напредуваат кон станбени и земјоделски области Според последните податоци, […]

Шумски пожари беснеат во Измир и Мугла


Измир – Шумски пожари беснеат во областите Измир и Мугла на егејското крајбрежје на југозападна Турција. Според информациите на весникот „Милиет“, пожар избувнал во шума во близина на селото Ментеше, во областа Мугла. Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил и се движи кон населено место блиску до шумата. Екипи за гаснење на пожарот се […]

Мицотакис: Имаме изградени силно билатерално економско партнерство со Германија


Атина– Доказ дека Грција и Германија „имаат изградено многу силно билатерално економско партнерство“, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е фактот што на Меѓународниот саем во Солун присутни се 130 германски компании, јави дописничката на МИА од Атина. На 88-от Меѓународен саем, што започна денеска, почесна земја е Германија, во Солун е вицеканцеларот и министер за […]

Почнува Меѓународниот саем во Солун, Германија почесна земја


Атина– Со учество на над 1.300 изложувачи од 25 земји и домаќинот Грција, денеска во Солун почнува 88-от Меѓународен саем, а оваа година почесна земја е Германија, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, учество на земји од целиот […]

Основец од Прокупље фрлил клупа врз наставник и тешко го повредил


Наставникот во основното училиште Ратко Павловиќ „Ќиќко“ во Прокупље е тешко повреден откако ученик од петто одделение во тоа училиште за време на попладневниот час фрлил со клупа кон него и го повредил. Наставникот бил примена во болницата во  Прокупље, каде по санирањето на повредите, пациентот побарал да оди на понатамошно лекување во Ниш, а […]

Бонус од 200 до 600 евра месечно за грчките лекари кои ќе работат во проблематични или непопуларни подрачја


 Финансиска стимулации за привлекување и задржување на лекарите во т.н. проблематични или непопуларни подрачја, воведува грчката Влада, а бонусот ќе биде меѓу 200 и 600 евра месечно. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи соопшти дека веќе е потпишана конкретната министерска одлука, објаснувајќи дека „новиот додаток, во зависност од категоријата на областа каде лекарот ќе […]

Рашиќ се противи на Курти за мостот на Ибар: Неразумно е да се загрози напредокот во северно Косово


 Министерот за заедници и враќање во Владата на Косово, Ненад Рашиќ, се изјасни против отворањето на мостот на реката Ибар, кој го дели градот Митровица на јужен дел, населен со албанско мнозинство и северен со мнозинство Срби, јави дописникот на МИА од Приштина. Ваквиот став на Рашиќ, кој е од редовите на српската заедница во […]

Шефот на турската дипломатија, Фидан, денеска во Косово


Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан денеска ќе престојува во официјална посета на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. За време на престојот во Косово, Фидан се очекува да оствари билатерални средби со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со премиерот Албин Курти и со министерката за надворешни работи на Косово, Доника […]

Роде: Сарацин не успеа да го убеди Курти да направи компромис за Косово во ЦЕФТА


Германскиот амбасадор Јорн Роде изјави дека емисарот на неговата земја за регионот на Западен Балкан, Мануел Сарацин дошол во Косово со цел да го убеди премиерот Албин Курти да направи компромис за Централно европската спогодба за слободна трговија (ЦЕФТА), но не успеал во тоа, јави дописникот на МИА од Приштина. ЦЕФТА е меѓународен договор создаден […]