Брнабиќ: В понеделник седница на Собранието за новата влада


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ за понеделник најави седница на која ќе се избира новата влада,јави дописникот на МИА од Белград.  „Се надевам дека седницата ќе може да започне веќе в понеделник, бидејќи треба да ја завршиме до 18 април на полноќ. Не е во ред да се работи на Велики петок. Имињата […]

Не е надлежен, но Вучиќ лично ќе ги гонел обвинителите за случајот со тракторите


  Полицијата уапси четири лица под сомнение дека во периодот од 14 до 15 март ги оштетиле трактори паркирани во близина на Пионерскиот парк во Белград непосредно ред големиот протест. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, а ова апсење следеше откако претседателот на Србија на поинаков основ го коментираше „случајот со тракторите“ […]

Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата


Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја соопшти одлуката за обвинението покренато против 13 лица по падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката ќе биде објавена утре во 11 часот. При падот на настрешницата на 1 ноември минатата година, 14 […]

Српската полиција приведе четири луѓе кои ги оштетија тракторите во Пионирски парк во Белград


 Српската полиција приведе четири лица попладнево под сомнение дека оштетиле трактори паркирани во близина на Пионирски паркво Белград. Се трага по уште едно лице, соопшти полицијата.  Приведените се на возраст меѓу 21 и 35 години.  Тие се сомничат дека во периодот од 14 до 15 март годинава на јавен собир ги оштетиле тракторите паркирани околу […]

Двајца турски новинари приведени поради критикување на властите


Двајца турски новинари, Тимур Сојкан од весникот „БирГун“ и Мурат Агирел од весникот „Џумхуриет“, се приведени денеска на основа на, како што наведуваат весниците, лажни обвиненија кои произлегуваат од нивното работење. Сојкан, кој е и писател, и Агирел се уапсени во нивните домови под обвинение за закани и уцени во истрагата на главниот јавен обвинител […]

Македонија, Албанија и Турција остануваат на грчката листа „безбедни трети земји“ за враќање на нелегални мигранти


Атина – Преку заедничка министерска одлука на грчките министри за миграција и азил и за надворешни работи, Северна Македонија и Албанија, Грција ги карактеризира како безбедни земји за баратели на меѓународна заштита кои преку границите од овие држави нелегално влегле на грчка територија, а истото важи и за Турција, но за мигранти, кои се од […]

Загреб ќе бара од Белград образложение за протерувањето хрватски граѓани


Остра дипломатска нова се очекува Загреб да му испрати на официјален со барање да го оправда протерувањето хрватски граѓани од Србија, јавија српските медиуми пренесувајќи изјава на Хидајет Бишчевиќ, хрватски амбасадор во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.  Дипломатскиот чекор ќе се преземе откако завчера српските власти наредија хрватска државјанка која повеќе од една […]

Студентите по медицина му порачаа на Вучиќ дека лекар мора да одобри влез на Интензивна нега


Студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Нови Сад му се обратија на претседателот на државата, Александар Вучиќ на мрежата Икс, откако тој рече дека „негова била волјата“ е да влезе на Интензивна нега во УКЦ во Белград и да ги посети повредените пациенти во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград. „Господине претседателе, како […]

Студенти во блокада од Нови Сад ги објавија критериумите за формирање експертска влада


Белград – Студенти во блокадата oд 14 факултети и високи школи од Нови Сад синоќа ги објавија критериумите за формирање експертска влада, како и какви ќе бидат нејзините ограничувања. Тие објавија шест критериуми, од кои првиот, како што велат, е од „клучно значење“ – неповрзаност со извршната и законодавната власт, јави дописникот на МИА од […]

Вучиќ за студентското барање за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани : Никој не ме пушти, сам си влегов


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека самиот влегол во Клиничкиот центар на Србија за да ги посети повредените во пожарот во дискотеката во Кочани. Изјавата на Вучиќ доаѓа откако студентите во блокада во Србија поставија и шесто барање, а тоа е да се утврди кој е одговорен за посетата и престојот на новинарските екипи […]

Турција ќе ја истражува Месечината следнава деценија


Анкара – Турција планира да спроведе над 60 научно-истражувачки мисии на Месечината во следната деценија, како дел од напорите за зајакнување на позицијата на земјата во меѓународните истражувања на Месечината. Турската вселенска програма планира да ја спроведе првата мисија на Месечината во 2028 година, а за таа цел планира да користи вселенско летало развиено и произведено […]

Урнебесно: Српската полиција приведе демонстрант во автомобил, тој излезе од другата врата (видео)


На социјалните мрежи се шири видео кое е снимено за време на вчерашниот протест во Нов Белград, кога жителите протестираа против планираната изградба на хотел, голем супермаркет и кафуле веднаш до станбена зграда, пишува Н1 Србија. На протестот интервенираше и полицијата. На снимката се гледа како полицијата приведува маж, најверојатно еден од учесниците на протестот. […]

Хрватска воведува 13-та пензија


Новиот Закон за пензиско осигурување во Хрватска, кој денеска беше доставен на е-консултации, предвидува донесување на нова формула за пресметување пензии, годишен додаток на пензија, како и мерки за подолго останување во светот на работата, најави ресорниот министер Марин Пилетиќ, презентирајќи го предложениот закон. „Целите на реформата се да се зголемат пензиите во Хрватска, да […]

Извештај на ЕП за Турција: Во сегашните околности невозможно е продолжување на процесот на пристапување во ЕУ


Турција бележи континуирано влошување на демократските стандарди, за што показател е и политички мотивираното отстранување на истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу од функцијата, поради што процесот на пристапување на земјата во Европската Унија мора да остане замрзнат, се наведува во Извештајот на Европскиот парламент за Турција. Во документот усвоен денеска од страна на Комитетот за надворешни […]

Извештај на ЕП за Косово: Потребно е избегнување на еднострани активности кои го поткопуваат дијалог Белград-Приштина


Косово постигна напредок во изборните реформи, економската отпорност и заштитата на основните права, но заедно со Србија мора да избегнува еднострани активности кои го поткопуваат процесот на дијалог Белград-Приштина, се наведува во Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Косово во 2023 и 2024 година, усвоен денеска од страна на парламентарниот Комитет за надворешни работи […]

Извештај на ЕП за Србија: ЕУ да ја преиспита финансиската помош за Белград, доколку тој продолжи да ги поддржува антидемократските идеологии


Србија бележи позитивни резултати во макроекономската стабилност и фискалната дисциплина, но нема напредок во владеењето на правото и слободата на медиумите, а загриженост предизвикуваат и блиските односи со Русија, се оценува во Извештајот на Европскиот парламент за Србија.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во документот усвоен денеска од страна на Комитетот за […]

Српскиот министер за здравство бара да му се земе лиценцата на лекарот кој се побунил поради посетата на Вучиќ на македонските пациенти


Педијатарот од белградската Универзитетска детска клиника, д-р Дејан Паниќ, бил суспендиран поради транспарент што го објавил на својот Фејсбук профил, на кој алудира на недозволената посета на претседателот Александар Вучиќ и министерот за здравство Златибор Лончар на пациентите од Македонија кои беа хоспитализирани после трагедијат во Кочани. Како што објавија дел од српските медиуми, министерот […]

Во Бугарија денеска се одржуваат протести со барање ДДВ-то за туризам да остане девет отсто


Софија – Во бугарската престолнина Софија и во другите градови низ земјата денеска ќе се одржат протести на вработените во угостителството, со барање да остане на сила стапката на ДДВ од девет проценти за туристичкиот сектор.  Во Софија протестот ќе се одржи денеска од 15 до 19 часот под слоганот „Политичари, не го убивајте бугарскиот туризам, […]

Од 1 април Грција има строга забрана: Погледнете ја листата со правила за туристите, казните се сериозни


Погледнете ја листата на работи што се забранети во Грција додека е во сила новото правило. Од 1 април 2025 година во Грција се применуваат правилата на таканаречените „тивки часови“, кои стапуваат на сила секоја година во текот на летната сезона. Секој што планира да отпатува во Грција на одмор или мини одмор за празниците […]

Почнува Делфи економскиот форум во Грција, најавени се над 1.000 говорници од 55 земји


Атина – Грчкиот планински град со античко и историско значење Делфи од денеска до сабота ќе биде домаќин на јубилејниот десетти Економски форум, на кој најавени се над 1.000 говорници од 55 земји, меѓу кои и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој утре ќе учествува на панел-дискусија, јави дописничката на МИА од […]