Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак, ТВ Нова не може да емитува утринска програма


Студентите кои синоќа ги блокираа РТС и сите влезови на оваа телевизија на улицата Таковска и Кошутњак ноќта ја минаа пред влезот и од утрово не дозволуваат на никого да влезе. Поради оваа блокада, телевизијата Нова С, чии простории се и во рамките на комплексот РТС во Кошутњак, не може да ја емитува утринската програма […]

Албанија го отвори кластерот за внатрешниот пазар во пристапните преговори со ЕУ


 Албанија  синоќа отвори кластер за внатрешниот пазар во пристапните преговори со Европската Унија. На четвртата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ беше отворен кластерот 2, што ги опфаќа поглавјата 1 (слобода на движење на стоки), 2 (слобода на движење на работници), 3 (право на деловно престојувалиште и слобода на давање услуги), 4 (слобода на движење на капитал), 6 […]

Кос: Албанија е успешна приказна на проширување на ЕУ, целта е членство во 2030 година


Отворањето на нов кластер во преговорите за членство во Европската Унија е добра вест за сите жители на Албанија како идни граѓани на ЕУ и тоа е резултат на решеноста на албанските власти да ги спроведуваат реформите, истакна вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос по завршувањето на четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија, на која беа […]

Централната банка на Црна Гора поднесе барање за приклучување кон шемата за плаќање СЕПА


Централната банка на Црна Гора денеска официјално поднесе барање до Европскиот платен совет за приклучување кон платните шеми на Единствениот платен простор во евра – СЕПА. „Овој потег е еден од клучните оперативни и технички чекори во процесот на миграција кон СЕПА платните системи и овозможување побрзи, поевтини и посигурни меѓународни плаќања од Црна Гора […]

Хрватската влада ги распиша локалните избори, ќе се одржат на 18 мај


Хрватската Влада денеска ги распиша локалните избори во земјата, кои ќе се одржат на 18 мај. Одлуката стапува на сила утре, кога ќе почнат да течат роковите за собирање потписи. Владата ја донесе одлуката на телефонска седница, а на локалните избори на 18 мај, хрватските гласачи во третата недела од мај ќе избираат членови на […]

Албанија денеска отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ


  БРИСЕЛ – Проширувањето кон Западниот Балкан е јасен политички приоритет за Европската унија и тоа е одраз на вистинската посветеност на ЕУ кон регионот и е најважната геополитичка инвестиција за мир, просперитет и стабилност на европскиот континент, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при дочекот на албанскиот премиер Еди Рама во Брисел, […]

Бугарија ја зајакнува армијата: Првите 33 возила „Страјкер“ пристигнуваат годинава


Оваа година Бугарија ќе ги добие првите 33 возила „Страјкер“ за Копнените сили, објави бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов за време на денешната церемонија по повод патронскиот празник на Воената академија „Г. С. Раковски“ и одбележувањето на 113-годишнината од нејзиното основање. – Модернизацијата на Бугарската армија напредува со забрзано темпо. Вчера бевте сведоци на […]

Студентите на велосипеди од Нови Сад пристигнаа во Штутгарт, пречекани со црвен тепих и извици „Пумпај“


Студентите кои од Србија патуваа со велосипеди пристигнаа во Штутгарт во неделата, каде беа пречекани од голем број луѓе кои се собраа на Мариенплац. Пристигнувањето во овој град беше исклучително физички напорно поради многубројните угорнини, а граѓаните ги пречекаа со паролата „Пумпај, пумпај“ и црвен тепих. Да потсетиме, ова е една од нивните постојки бидејќи […]

Британија предупредува за амбициите на Путин на Западен Балкан. „Тоа е нова жешка точка“


Додека очите на Европа и на Западот најмногу се насочени кон војната во Украина, тензиите во Западен Балкан растат. Во врвот на британските власти тие го нарекуваат регионот „уште една фокусна точка“ и предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин го користи моментот за да ги дестабилизира поранешните југословенски земји, да ги поттикне поделбите и да […]

Блокади во Софија поради протест на транспортните работници


Возачите од градскиот превоз во Софија денеска излегуваат на протест, што може да предизвика блокади и отежнато движење во градот. Националниот протест, под мотото „Достоинствен труд – достоинствена плата! Без превоз, нема економија!“, е организиран од синдикатите на транспортните работници. Од 8:00 часот се очекува демонстрантите да ги блокираат сообраќајните раскрсници во центарот на Софија, […]

Желјазков: Борбениот авион е симбол на стратешкото партнерство што го имаме со САД


Овој прекрасен борбен авион е симбол на стратешкото партнерство што го имаме со САД – стратешко партнерство кое не е само во областа на одбраната, туку и во областа на енергетиката, што создава структурни гаранции за нашата национална безбедност, создава гаранции за зголемување на капацитетот на нашите вооружени сили, создава гаранции за безбедноста во овој […]

Немири во Атина: Нападната полициска станица, над 70 уапсени


Атина – Во текот на ноќта избувнаа немири во атинската населба Ексархија, откако непознати лица фрлаа молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон полициска станица во квартот. Запалени се неколку паркирани автомобили и мотоцикли. Интервентната полиција која пристигна на местото на инцидентот употреби солзавец за да ги растера учесниците во нападот. Според грчката телевизија EPTNews, […]

Во Игнатиево ќе биде промовиран првиот бугарски авион F-16 Block 70


Софија – Првиот бугарски ловец F-16 Block 70 ќе биде пречекан денеска со свеченост во Третата воздухопловна база во селото Граф Игнатиево, соопшти бугарското Министерство за одбрана. На настанот, како што пренесува БТА, ќе присуствуваат министерот за одбрана Атанас Запрјанов и началникот на Генералштабот, адмирал Емил Ефтимов. Ќе присуствуваат и заменик-помошникот секретар за одбрана на САД […]

Вучиќ изнесе пет барања до институциите на собирот во Белград


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на митингот пред Собранието на Србија „Не ја даваме Србија“ изнесе низа барања упатени до институциите во Србија. Како прво барање Вучиќ нагласи дека надлежните органи и институции, пред сѐ надлежните обвинителства, да поведуваат соодветни постапки од нивните надлежности со цел да се воспостави редот и мирот во државата, […]

Медиуми добија дојава дека за 35 минути во Атина ќе експлодира бомба. Експлодира!


Експлозија се случила пред канцеларијата на Грчките железници во Атина, соопшти во петокот грчката полиција, додавајќи дека засега нема извештаи за жртви. Полицијата го блокираше пристапот до областа откако два грчки медиуми добија дојава дека ќе се случи експлозија во рок од 35 минути, соопштија полициски претставници. Зградата е евакуирана. Сè уште никој не ја […]

Вучиќ доби силна поддршка од Роберт Фицо и Виктор Орбан


  За српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на неговиот митинг во Белград в сабота, како одговор на повеќемесечните демонстрации на стотици илјади граѓани ширум Србија, дојде поддршка од премиерите на Унгарија и Словачка. Словачкиот премиер Роберт Фицо на Инстаграм објави дека на Европската унија ѝ е потребна искрена дискусија за демократијата и за она […]

Српски граѓански организации поднесоа кривична за тероризам заради инцидентот со звучен топ од 15. март


Граѓанските организации – Белградски центар за човекови права, Граѓански иницијативи, Комитетот на правници за човекови права – JУКОМ (YUCOM), Иницијатива  A 11, ФемПлац и ЦРТА до Обвинителството за организиран криминал во Белград поднесоа кривична пријава против непознати лица заради сомнение дека на 15. март 2025 година извршиле кривично дело тероризам кога во текот на одбележувањето […]

Имамоглу: На суд сум затоа што победив на изборите


Поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу денеска има два судски процеси против него, а ќе се појави пред суд и во својство на сведок во процесот против неговата Републиканска народна партија (ЦХП). Против 53-годишниот Имамоглу се водат пет одделни судски процеси и уште три истраги. Имамоглу на почетокот од судењето за наводните закани кон јавниот […]

Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување на истрагата


Вишиот суд во Нови Сад денеска го врати обвинението што беше покренато против 13 лица за падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави допсиникот на МИА од Белград. Такво решение е донесено , според тој суд , поради потребно подобро расчистување на работата за да се испита […]

(Видео) Густ снег го прекри главниот град во средината на април: Училиштата се затворени


Образовните институции во турскиот главен град Анкара денеска се затворени поради обилни снежни врнежи и невреме, соопшти гувернерот Васип Сахин. Türkiye Cumhuriyeti’nin başkenti Ankara’dan anlık… Başkent kendini Nisan’da pamuk gibi hissediyor… 📽 Cumhuriyet Gürcan pic.twitter.com/dwyBxuKYBi — Hava Forum (@HavaForum) April 11, 2025 Во изјавата објавена на социјалните мрежи во четвртокот, Сахин рече дека временската прогноза […]