Хрватската влада поддржува решение за две држави по планот на Франција да ја признае Палестина


Единственото одржливо решение за израелско-палестинскиот конфликт е создавање две држави, соопшти денеска хрватската влада. Соопштението доаѓа откако Франција ја објави својата намера да ја признае државата Палестина. Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа објави дека Франција планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание на ОН во септември. Во соопштението на хрватската влада не е […]

Рамзан Кадиров хоспитализиран во Турција, за малку ќе се удавел во морето


Лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, за малку ќе се удавел во четвртокот додека бил на одмор во турското одморалиште Бодрум, според турските медиуми. Инцидентот наводно се случил во луксузен хотел со пет ѕвездички во округот Кајнар во Бодрум, кој се наоѓа во покраината Мугла. Според медиумските извештаи, Кадиров влегол во водата за да плива […]

На Пелопонез измерени речиси 46 степени Целзиусови


Највисоката температура во Грција денеска достигна 45,8 степени Целзиусови измерени во Скала во општина Месиниа на Пелопонез, а околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на денешниот ден температурата […]

Србија би вовела санкции за Русија во замена за членство во ЕУ


  Србија може да воведе санкции против Русија ако перспективата за приклучување на земјата кон Европската Унија стане „очигледна“, изјави министерот за европски прашања Немања Старовиќ во интервју за австриската агенција АПА. Според Старовиќ, Белград сè уште не се приклучил на антируските санкции на ЕУ, бидејќи таквите мерки практично нема да имаат никаков ефект врз […]

(Видео) Пожар во близина на Шибеник, почнал од градежни работи со употреба на механизација


Малку пред 13 часот, избувна пожар во близина на Шибеник, Хрватска, а пожарот се заканува на индустриската зона, во близина на градот.  Пријавата е примена околу 12:45 часот, а пожарникарите се на местото на настанот. Пожарот се проширил преку ридот кон економската зона Поди. Два канадери и четири ер трактори, се борат со огнената стихија, […]

Рама со ултиматум: До 31 јули да се отстрани секој материјал што се наоѓа на помалку од 20 метри од коловозот на патиштата


Албанскиот премиер Еди Рама, упати ултиматум до претприемачите, кои имаат свои бизниси покрај националните патишта, до 31 јули, да отстранат секаков вид материјал, што се наоѓа на помалку од 20 метри од коловозот. Преку објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека ова треба да биде и законската безбедносна дистанца, порачувајќи дека  „ќе има казнени мерки […]

Отстранети пешкири, лежалки, чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа


Атина – Незаконски поставените чадори за сонце, лежалки, пешкири и други слични предмети на јавен простор, на плажите во Полихроно и Калитеа биле отстранети, одземени и однесени на рециклирање, во рамките на контролите што ги спроведува општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Касандра објавија фотографии и […]

Србија: Преминот Прешево ќе се проширува, ќе има 23 ленти


Капацитетот на граничниот премин Прешево кон С. Македонија, еден од најпрометните гранични премини во Србија, наскоро би можел значително да се прошири, што ќе ги намали  и метежот и времето на чекање. Тоа е предвидено во Просторниот план на Зоната за посебна намена на граничниот премин Прешево,  даден на јавен увид. Проширувањето вклучува реконструкција и […]

Денеска и утре – пик на топлотниот бран во Србија


Во Србија на сила е црвен метео аларм што означува дека се прогнозирани особено опасни временски појави, што се со таков интензитет што можат да предизвикаат голема материјална штета и да бидат многу опасни за безбедноста на луѓето и животите, соопшти српскиот РХМЗ. УВ индексот во Србија денеска е многу висок, а на некои места […]

ЕК започнува постапката против Бугарија во врска со санкциите против Русија


Европската комисија покрена нови кривични постапки против голем број земји-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, за непочитување на обврските за транспонирање на клучните европски директиви и прописи во националното законодавство. Земјата е засегната во три одделни области: примена на санкции против Русија, безбедност на транспортот на опасни материи и промоција на обновлива енергија. Првата постапка е […]

И официјално градоначалникот на Тирана, Велиај, под обвинение за корупција и перење пари


Тирана – Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој од 10 февруари годинава е во притвор, и официјално е обвинет, откако беше запознат со обемното досие во кое се опфатени и неговата сопруга Ајола Џоџа и неколку бизнисмени и други лица. Според Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, Велиај и Џоџа,  се обвинети за […]

Оставка поднесе директорот на Експо 2027, Душан Боровчанин


Душан Боровчанин поднесе оставка од функцијата директор на компанијата Експо 2027, што ја основа Владата на Србија како друштво со ограничена одговорност за организација на специјализирана меѓународна изложба, објави „Радар“. На таа позиција, како што самиот потврди, ќе го замени Данило Јериниќ, кој досега беше директор за операции во компанијата. Јериниќ потврди дека Боровчанин останува […]

Полупразни плажи во Црна Гора – лежалките некаде чинат 200 евра


  Полупразни плажи, тераси од кафулиња и ресторани и повеќе од 50 проценти од достапните апартмани и соби во приватниот сместувачки капацитет потсетуваат на периодот за време на пандемијата, а мештаните на црногорското крајбрежје сè уште чекаат конечно да започне сезоната, иако јули веќе завршува. И покрај слабиот одѕив на гости оваа година, цените, сепак, […]

Десет пожарникари загинаа во шумски пожар во централна Турција кога ветрот го сменил правецот


Десет пожарникари загинаа, а 14 се повредени додека се бореа со шумски пожар во централна Турција „Додека реагиравме на шумски пожар што избувна во Ескишехир и стигна до границата на Афионкарахисар, 24 пожарникари беа заробени во пожарот кога ветерот одеднаш се промени и ги пренасочи пламените јазици кон нив“, изјави Џумакли за новинарите.   Пожарникарите […]

Тепачка на летот од Загреб за Малме: Имаше крв насекаде, луѓето трчаа кон задниот дел од авионот за да се сокријат


Во авионот „Рајанер“, кој полета од Загреб за Малме, избувна расправија меѓу двајца мажи, а потоа и тепачка во која, на општо чудење на патниците, меѓу кои имаше жени и деца, имаше и крв. Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека инцидентот се случил синоќа, непосредно пред 22:30 часот кога авионот се подготвувал за слетување во Малме. Патникот […]

Албанија ќе го отвори последното поглавје од преговорите за членство во ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека данското претседателство со ЕУ добило овластување да ја покани Албанија да ја презентира својата преговарачка позиција во врска со последните поглавја. „Албанија не запира“ – изјави албанскиот премиер по одлуката на амбасадорите на 27-те земји од Европската Унија да се отвори последното поглавјe од преговорите со Албанија, што ги […]

Климатските промени ја направија Албанија „рајска градина“ за егзотично овошје


Маракуја, гуава, питаја или кивано – климатските промени ги охрабрија албанските земјоделци да почнат да одгледуваат егзотично овошје што планираат да го продадат или веќе го продаваат на европскиот пазар. Малата фарма на искусниот агроном Иракли Шкоза, сместена недалеку од морето во централна Албанија, е еден вид рајска градина што цвета на јадранското сонце. Со […]

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите


Европската Унија ѝ даде на Албанија „зелено светло“ за отворање на последното преговарачко поглавје, кое ги вклучува земјоделството и кохезијата, објави премиерот Еди Рама. Владата ќе ја изготви својата преговарачка позиција и ќе ја достави до данското претседателство со ЕУ. „Албанија не запира – Денеска, на 23 јули 2025 година, по континуираниот и динамичен напредок […]

Од 42 степени на копно до 13 во морето: метеоролошки екстреми во Романија


Националната метеоролошка служба на Романија издаде жолт и портокалов код за екстремно високи температури во 17 окрузи на југот на земјата. Најжешко е во регионите Олтенија и Мунтенија, каде индексот на температура и влажност ќе ја надмине критичната граница од 80 единици. Максималните температури ќе се движат меѓу 37 и 40 степени, а ноќта повторно […]

Трагедија на Раб – дете почина по пад од тобоган


  Дете со германско државјанство почина откако падна од воден тобоган во воден парк во вторник во Лопар на хрватскиот остров Раб, објави во средата полицијата. Според „24 сата“, детето паднало од рацете на татко му на бетонска површина додека заедно се спуштале по воден тобоган во водениот парк „Акваган“ во Лопар. Туристите ја виделе […]