Илјадници Срби земаат бугарско државјанство по примерот на Македонците


Бугарија напредува во Јужна Србија со илјадници граѓани кои добиваат бугарско државјанство. Ова се наведува во „анализа“ на српскиот информативен портал „Нишке вести“, без да се прецизира дека кандидатите ги докажале своите бугарски корени и го декларирале бугарскиот идентитет, објави БГНЕС. „Меѓу 5.000 и 8.000 граѓани на Србија имаат бугарски пасоши. Само во последните две […]

Дванаесет грчки плажи останаа без „Сино знаме“


Дванаесет грчки плажи останаа без наградата за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од меѓународната листа за 2025 година, поради лошата организација, додека пак квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната […]

Истанбул има најдобар аеродром во светот во 2025, според „Travel + Leisure“


Аеродромот во Истанбул ја освои првата позиција на наградите „Најдобри во светот за 2025 година“ на „Travel + Leisure“, постигнувајќи извонреден резултат од 98,57, што е подобрување во однос на 95,79 во 2024 година. Проширувањето на глобалната поврзаност на аеродромот во Истанбул, современата инфраструктура и подобрените патнички услуги му помогнаа да го обезбеди првото место. Аеродромот Чанги во Сингапур, кој обично се смета за […]

На првиот крак на Халкидики продолжува отстранувањето на недозволено поставени чадори и опрема за на плажа


Општина Касандра, на првиот крак на Халкидики вчера и денеска продолжи со вонредните и ненајавени акции за отстранување на нелегално поставените чадори, столици, лежалки, пешкири и слична опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека денешната обемна акција била спроведена во присуство на грчката полиција на подрачјето од Криопиги – […]

Тешка сообраќајка на автопатот Марибор-Љубљана, пет лица загинаа, сите се странски државјани


Автопатот Штаерска (Марибор – Љубљана) е целосно затворен во правец кон Љубљана, пред одморалиштето Тепање, поради тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а едно лице е повредено. Сите се странски државјани. Според првичните информации од полицијата, возач на комбе удрил во камион кој стоел во колона, објавува 24ur.com. Несреќата предизвикува сообраќаен метеж во […]

Статуата на Марко Аврелиј по 65 години од САД е вратена во Турција


Бронзената статуа на римскиот император Марко Аврелиј, по 65 години, е вратена во својата татковина, Турција. Статуата, која датира од 2 и 3 век од н.е., е дело кое го прикажува римскиот император како филозоф и се смета за една од најубавите бронзени скулптури во Анадолија. Се планира набргу да биде претставена пред јавноста, на […]

Топлотниот бран во Грција во средината на јули еден од најдолгите регистрирани во земјата


Во периодот од 14 до 28 јули Грција беше соочена со топлотен бран во две фази, што според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, беше ден од најдолгите топлотни бранови регистрирани во земјата со екстремно високи температури, а претходните два најдолги биле во изминатите три години, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“


Српскиот претседател Александар Вучиќ најави „голем пакет мерки“ од 1 септември за, како што нагласии, „луѓето кои припаѓаат на пониската, средна класа и кои се малку посиромашни“. „Ќе бидеме особено внимателни и ќе започнеме со иницијативата за измена на Уставот на Србија, што се однесува на неможноста извршителите во извршна постапка да им го одземат […]

БиХ изгуби повеќе од 620.000 жители од последниот попис


Босна и Херцеговина изгуби повеќе од 620.000 жители од последниот попис во 2013 година, што е последица на масовната емиграција и намалениот природен прираст во земјата која има бројни политички и економски проблеми, беше објавено денес во Сараево. Збирката трудови „Демографски промени во Босна и Херцеговина од 2013 до 2024 година“ ја презентираше Академијата на […]

Резултати од приемот на Хрватска во Еврозоната: Раст на цените и инфлацијата, но и на БДП и платите


Приклучувањето на Хрватска во Еврозоната на 1 јануари 2023 година резултираше со раст на цените и повисока стапката на инфлација споредено со претходниот период, но сепак, според експертите, економските податоци сугерираат дека замената на куната со еврото во голема мера е успешна приказна.  Така, Хрватска лани беше меѓу земјите од ЕУ со највисока стапка на […]

Грција ќе достави барање за учество во механизмот САФЕ на ЕУ за зајакнување на одбраната


Грција, во рамките на програмата „ReARM Europe“, ќе учествува во новиот финансиски механизам САФЕ (SAFE) на ЕУ. Утре официјално ќе го поднесеме нашиот предлог за вклучување во механизмот САФЕ, барајќи ниски каматни заеми во висина од најмалку 1,2 милијарди евра за зајакнување на нашата национална одбрана и грчката одбранбена индустрија, соопшти преку Фејсбук грчкиот премиер […]

Ѝ Црна Гора бара помош од ЕУ за справување со пожарите


Подгорица – Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ ги повика надлежните институции да побараат меѓународна помош за справување со големите шумски пожари што ја зафатија земјата, јави црногорската новинска агенција МИНА. „Од Луштица, преку Ловќен и Чемовско поле, до Кучи и Братоножиќи, Пива и Дурмитор – нашите пожарникари и припадниците на Армијата на Црна Гора […]

Сè е поевтино на овој грчки остров: Цените се исти како порано, туристите сè уште не го откриле, само локалното население се опушта


Островот во близина на Атина се смета за една од поевтините дестинации, поради што повеќето локални жители летаат таму. Егина, мал остров во Саронскиот Залив, сè уште е омилена дестинација за локалните жители, додека за повеќето странски туристи останува непозната точка на мапата. Се наоѓа на само еден час возење со ферибот од Атина, и […]

Невреме во Истра, повеќе од 2.500 удари од гром за два часа (видео)


Голема бура, проследена со силен дожд и грмотевици, ја погоди Хрватска рано утрово, а облаците од дожд почнаа рано утрово, поточно пред четири часа. Повеќе од 50 мм дожд наврнаа за кратко време во Пореч, предизвикувајќи поплави и пороен дожд. Уште пообилни врнежи од дожд беа измерени од станицата во Помер (65 мм) до 6:30 […]

Родителите на момчето кое изврши масакр во Србија мора да им исплатат 3 милиони евра на жртвите


Семејството Кецмановиќ, родители на момчето убиец  кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година, мора солидарно да исплатат вкупно 344 милиони динари (околу 3 милиони евра) нематеријална штета на членовите на семејството на убиените деца, наставничката Татјана Стевановиќ и на двете ранети момчиња, според конечната пресуда на […]

Балканот гори: Бурса во опасност, Грција, Бугарија и Албанија бараат помош од ЕУ


Турција со недели се бори со пожари, кои сега го загрозуваат четвртиот по големина град Бурса. Повеќе од 1.700 луѓе ги напуштиле своите домови, а еден пожарникар починал на должност. Гувернерот на Бурса изјави дека пожарите на пошумените планини околу градот брзо се ширеле ноќеска, при што се евакуираат цели села. Автопатот што ја поврзува […]

Ниту синоќа не беше конституиран косовскиот Парламент


Приштина – Ниту доцна синоќа Собранието на Косово (во 54-от обид) не беше конституирано, бидејќи немаше доволно гласови за формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател. Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа и коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и НИСМА ниту синоќа не […]

Силно невреме ја погоди Србија: Белград на удар, Крагуевац под вода, паднати дрвја и град со големина на ореви


    По неколкудневни пеколни жештини и температури над 42 степени, Србија конечно доби освежување, но во форма на разорно невреме. Бура со силен ветер, обилни врнежи и град ја зафати земјата попладнево, предизвикувајќи штети и хаос во повеќе градови. Белград е под предупредување на Републичкиот хидрометеоролошки завод, невремето се очекува да се засили до […]

Големи пожари на најмалку пет различни локации во Грција


 Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина; во северна Грција; на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот во […]

Не успеја ни 53-тиот обид да се избере претседател на Собранието на Косово


Парламентарците во Собранието на Косово не успеаја да формираат комисија за избор на претседател на Парламентот, со што заврши 53-тиот обид за конституирање на тоа тело, а продолжението на седницата на собранието е закажано за вечерва во 22:00 часот. Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината […]