Мали грчки острови размислуваат за можноста да воведат туристичка такса за еднодневните посети


Малите грчки острови Пакси и Итака во Јонското море, размислуваат за можноста да побараат воведување специјална такса за еднодневни посети на туристите поради прекумерниот туризам, следејќи го примерот на островот Сими, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на Сими, малиот остров во непосредна близина на Родос и на турското крајбрежје, […]

Додик бесен по смената од чело на Република Српска: „Ова е уште едно ср*ње од Сараево“


  Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кому Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ му го одзеде мандатот за претседател на Република Српска во среда, реагираше по таа одлука само со објава на социјалната мрежа X во која истакна дека не го признава тоа тело. Во неколку одделни објави, тој прво ја опиша одлуката на […]

Пократка работна недела, повисоки бенефиции за невработените: Оваа земја во соседството објави револуционерни бенефиции


Според моделот наречен 80-90-100, кој се однесува на 80 проценти од работното време, 90 проценти од платата и 100 проценти од платените придонеси, делумно ќе ги вклучи во своето законодавство искуствата на земји како Исланд, Ирска и Германија. Законот што ќе донесе вистинска револуција на пазарот на трудот делумно ќе стапи на сила во Словенија […]

Прв случај потврден во Србија: Опасен крлеж предизвикал алергија на црвено месо, лекарите предупредуваат за симптомите


Првиот случај на алергија на црвено месо предизвикана од убод од крлеж е регистриран во Србија. Првиот случај на алфа-гал синдром, алергија на црвено месо што се јавува по убод од крлеж, е потврден во Србија, објави здружението „Алергија и јас“ и нагласи дека ова е важен момент за домашната алергологија и јавното здравје. „Веруваме […]

Мицотакис ја блокира истрагата на министри за милионска измама со земјоделските фондови на ЕУ


  АТИНА — Грчките владини министри и високи функционери се осомничени за договарање во масовна измама со земјоделска помош од Европската унија за стотици милиони евра. Но, и покрај тоа што се именувани како осомничени од страна на европските обвинители, тие веројатно ќе ја избегнат правдата бидејќи премиерот Киријакос Мицотакис блокира целосна истрага. „На Грција […]

Вјоса Османи добила писмо од Трамп, и се заблагодарил за одлуката да примат 50 мигранти протерани од САД


Косовската претседателка Вјоса Османи добила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој „ѝ се заблагодарува за нејзината посветеност и пријателство“ кон САД и изразува желба за продлабочување на соработката во наредните години, објави косовското претседателство. Трамп напишал во писмото, според соопштението, дека одлуката на Косово да прифати граѓани од други земји ја покажува […]

На Додик му го одзедоа мандатот за претседател на Република Српска


Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на Република Српска, постапувајќи по пресуда на Судот на БиХ. Одлуката била донесена едногласно, а Додик има право на жалба, по што ќе бидат распишани предвремени избори во рок од 90 дена. Мандатот беше одземен по правосилната пресуда за непочитување на […]

Историчарот Класиќ за „Бура“: „Брилијантна воена операција, но она што се случи по неа е срамота“


  По повод 30-годишнината од операцијата „Бура“ во Хрватска и збегот на стотици илјади Срби, историчарот Хрвое Класиќ оцени дека станува збор за воено „брилијантна“ и неопходна операција, но исто така предупреди на потребата од справување со последиците што следеа по воената победа. „Во тој момент, Хрватска беше меѓународно призната повеќе од три години и […]

Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица


Дневно поминуваат околу 25.000 луѓе и излегуваат околу 15.000, вели за грчката државна телевизија ЕРТ претседателот на полициските службеници од Кукуш (Килкис) Плутархос Елефтериадис за граничниот премин Евзони/Богородица, каде што во одредени денови за влез во Грција се создаваат редици автомобили со туристи, како од нашата земја, така и од државите од регионот, јави дописничката […]

Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ


Пратениците на српското Собрание – Шаип Камбери, Ахмедин Шкријељ и Минела Календер поднесоа кривична пријава против претседателката на собранието Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“, јавија белградските медиуми. Пријавата следува по нејзината изјава во која, зборувајќи за протестите во Нови Пазар, таа, меѓу другото, рече: „Го слушнавме извикот „Алаху Акбар“ и други […]

Мелони ќе се сретне со Вучиќ вечер во Белград


Италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се сретне денеска со српскиот претседател Александар Вучиќ во српската престолнина Белград, се наведува во соопштение објавено на веб-страниците на италијанската Влада и на српското претседателство. Мелони вечер ќе биде гостин на официјална вечера што ја организира Вучиќ. Тема на разговорите ќе биде процесот на приклучување на Србија кон ЕУ […]

Му се слошило сред ТВ емисија: Хоспитализиран српскиот министер за јавни инвестиции


Српскиот министер за јавни инвестиции и претседател на Извршниот комитет на Српската напредна партија, Дарко Глишиќ, претпладнево е донесен во Ургентниот центар во Белград во исклучително тешка состојба откако му се слошило за време на гостувањето на белградска телевизија. „Се прави дијагностика. Дел од дијагностиката е завршена, вклучена е и терапијата. Станува збор за исклучително […]

Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа и субверзивна мрежа


Бугарија е наведена прва како земја што учествувала во „институционалното уништување и дехуманизација“ на Александар Вучиќ. Бугарските научници и дипломати се сметаат за дел од моќната шпионска мрежа што учествувала во организирањето на „Шарената револуција“ во Србија. Ова е водечкиот акцент во „истражувачкиот филм“, чиј прв дел е емитуван во Белград, објави БГНЕС. Во „Универзитетска […]

Турција бележи раст на приходите од туризам од 7,6 отсто, најбројни туристите од Русија, Германија и Велика Британија


Во првото полугодие од 2025 година, приходите од туризам во Турција пораснале за 7,6 отсто во споредба со истиот период лани и во земјата од туризам се слеале 25,8 милијарди долари. Во овој период земјата ја посетиле речиси 26,4 милиони туристи, што е раст за еден отсто во споредба со првите шест месеци од минатата […]

Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти


Студентите во блокада во Србија ги објавија резултатите од анкетата на јавното мислење, според која студентската листа би победила на изборите, а СНС има поддршка од помалку од 40 проценти од граѓаните. По НСПМ и Ипсос, пристигнуваат резултатите од уште една анкета на јавното мислење објавена од студентите во блокадата и според нив, истражувањето е […]

Готовината е крал, но не за долго: Албанија планира целосно да го укине кешот


Во Албанија, земја каде што готовината сè уште владее, премиерот Еди Рама има амбициозен план: да ја укине готовината до 2030 година, превртувајќи го општеството наопаку. Со години, Албанците, како што вели популарната шега, претпочитаа да ги чуваат своите пари под душеци, покрај своите калашникови, отколку во банки. Доколку желбата на Рама се оствари, Албанија […]

Помала посетеност и намалена побарувачка: Локалните бизниси на Халкидики незадоволни


Полоши од очекуваните се финансиски резултати за повеќето бизниси на Халкидики со намалена посетеност и намалена потрошувачка од посетителите, но и намален број грчки туристи, согласно истражувањето што за Комората на Халкидики го спровела агенцијата „Interview“ за периодот јуни и јули годинава, јави дописничката на МИА од Атина. Во истражувањето во рамките на 20-от Барометар […]

Србинка изгоре во автомобил, сопругот и ќерката во болница: Тешка сообраќајна несреќа меѓу Словенија и Италија (Фото)


Србинка загина во сообраќајна несреќа меѓу Словенија и Италија. Во судир на две возила што се движеле по словенечкиот автопат кон Италија, животот го загубила српска државјанка (32), додека нејзиниот сопруг и нивната осумгодишна ќерка се здобиле со тешки повреди. Сообраќајната несреќа се случила кратко пред четири часот наутро. Според локалните медиуми, возачот на БМВ-то, […]

Поранешниот премиер Иво Санадер излезе од затвор


Иво Санадер,  поранешен лидер на ХДЗ и премиер на Хрватска, е ослободен од затвор пред да ја отслужи целата казна. Санадер беше условно ослободен од затворот Липовица откако отслужи две третини од казната и денес мора да се јави во полициската станица и во канцеларијата за условна казна. Санадер беше осуден на 18 години затвор. […]

Атинскиот градоначалник до израелскиот амбасадор: Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили


Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили, напиша на Икс атинскиот градоначалник Харис Дукас, реагирајќи на интервјуто за „Катимерини“ на амбасадорот на Израел во Грција, Ноам Кац, кој рече дека градоначалникот не прави доволно за да ги заштити посетителите од одредени групи и не го чисти градот од графити поради кои израелските […]