(ВИДЕО) Осуммина повредени при експлозијата во Скадар


Осум лица се ранети денеска при експлозија на ТНТ во северниот албански град Скадар, чија цел, според локалната полиција, бил бизнисменот Љуљзим Кула. При експлозијата се предизвикани штети на призмениот кат на трговско-деловниот центар, пред кој бил поставен екплозивот. Тројца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, […]

САД: Постои опасност од тероризам во Косово


Американскиот Стејт департмент ги предупреди државјаните на САД кои планираат да патуваат во Косово де бидат „дополнително внимателни“ поради опасност од тероризам. Во предупредувањето на Стејт департнемтот, што го објави Амбасадата на САД во Приштина, се наведува дека „терористички групи продолжуваат да планираат можни напади“ во Косово, Во соопштението се додава дека терористите би можеле […]

(ВИДЕО) Експлозија во Скадар: Седум лица се повредени


Најмалку седум лица се ренети денеска при експлозија на бомба во северниот албански град Скадар, чија цел, според локалната полиција, бил бизнисменот Љуљзим Кула. Двајца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, додека останати се примени во болницата во Скадар. Меѓу повредените при експлозијата е и бизнисменот […]

Солзавец и инциденти пред грчкиот парламент


Група демонстранти се обидоа да влезат во дворот на зградата на грчкиот парламент по завршувањето на протестот во центарот на Атина, но беа спречени од полицијата, јави дописникот на МИА од Атина. Групата успеа да стигне до скалите што водат кон парламентот, но беше запрена од полицијата која откако демонстрантите не се повлекоа употреби солзавец. […]

(ВИДЕО) Со трубачи и чочеци лекарите од Ниш се вселија во новиот Клинички центар


Лекарите и останатиот медицински персонал со трубачи се вселуваа во новата зграда на Клиничкиот центар во Ниш. Директорот на Ургентниот центар Миодраг Лазиќ рече дека ваков чин заслужува да биде проследен со музика. Останатите Клиники додава тој, се преселени неколку дена порано. Официјално претседателот на рбија Александар Вучиќ овој клинички центар го отвори на 17 […]

Туск: Ситуацијата на Балканот подраматична од „Играта на престолите“


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск оцени дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од серијата „Игра на престолите“.Тој предупреди дека на Западниот Балкан на кој Брисел сака да воспостави блиски врски со земјите кои сакаат да се приклучат на Европската Унија, не треба да се дозволи да се одигрува по сценариото на филмската […]

Словенија и се закани со тужба на Хрватска за границата


Словенечкиот премиер, Миро Церар, изјави пред парламентот дека најдобро би било Хрватска самата да се согласи на спроведување на арбитражната одлука за границата меѓу двете земји. Тој се закани дека во спротивно Словенија ќе биде принудена да тужи. Церар ова го изјави по затворената седница на собраниската комисија за надворешни работи на која придружуван од […]

Албански рибари „уловија“ мина тешка 600 кг од Втората светска војна


Албански рибари кај островот Сазан, во близина на  Валона, „уловиле“ мина од Втората светска војна тешка околу 600 килограми. Експлозивната направа била во водите на Јонско Море на длабочина од 160 метри и на оддалеченост од околу 14 милји од островот Сазан. Рибарите ја информирале албанската полиција која мината ја транспортирала во воената база „Трипорт“ […]

Во Турција вратени на работа 1.800 државни службеници


Турските власти денеска вратија на работа 1.800 државни службеници кои беа отпуштени по неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година. Одлуката беше донесена откако турските власти утврдија дека отпуштените лица немаат никави врски со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, чија организација ФЕТО, Турција ја обвинува за воениот удар. Владата на Турција прецизираше дека 1.823 […]

Вуцис: Не смее да се пропушти шансата за решавање на името


Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, денеска изрази оптимизам во врска со решавање на прашањето за името на Македонија, нагласувајќи дека сега постои голема шанса што не смее да се пропушти. – Ова прашање беше одложувано долги години. Ова е важна шанса за негово решавање што може да се искористи и јас сум оптимист, изјави […]

Јункер: Бугарското претседавање со ЕУ може да ги нормализира односите со Турција


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер смета дека Бугарија, како претседател на Европскиот совет во следните шест месеци, може да има значајна улога во нормализирање на односите меѓу Турција и ЕУ. Според Јункер, ЕУ сака да има блиска соработка и партнерство со Турција. Тој, сепак, додаде дека обновувањето на односите со оваа земја зависи исто […]

Кои се актерите што ќе ги глумат Слободан Милошевиќ и Мира Марковиќ?


Откако пред два дена беше објавено дека авторката Јелена Богавац заедно со режисерот Ненад Тодоровиќ го подготвуваат мјузиклот за животот и влијанието на Слбоодан Милошевиќ и неговата сопруга Мира Марковиќ. На социјалните мрежи веднаш почна да се шпекулира кои актери би можеле да го глумат Милошевиќ, а кои актерки да бидат во улогата на неговата […]

Борисов: Словенечко-хрватскиот граничен спор влијае врз Западен Балкан


Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја со денешната официјална церемонија и утрешниот состанок на Европската комисија во Софија, официјално го означи почетокот на шестмесеченото претседавање со Европската унија, оцени дека словенечко-хрватскиот спор за границата е „билатерално прашање, кое, за жал има влијание врз Западен Балкан и целата Унија“. – Нема да бидат арбитер, ниту ќе […]

Независни Грци ќе учествуваат на протестите во Солун за името


Пратеникот од Независни Грци, Костас Кацикис, говорејќи за солунското радио Фокус, откри дека тој и неговите колеги од партијата, ќе бидат дел од протестите во Солун, за името. – Бидејќи Независни Грци, патриотските прашања ги имаат на врвот од агендата. Како е можно Независни Грци да не учествуваат во протестите и во активностите на народот?, […]

Стотици луѓе од ХРТ сакаат да заминат со отпремнина од 160.000 куни


Каква е состојбата во Хрватската радио-телевизија најдобро се гледа и слуша гледајќи ја телевизијата и програмата на радиото. Но, и претходно доаѓаа информации за ситуацијата во јавниот сервис и давани беа разни изјави – интерни, службени или неслужбени, протести и бунт на вработените. Иако од тоа во последно време има се помалку, што се случува […]

Вучиќ: Нема предвремени парламентарни избори во Србија


Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) на денешната седница донесе одлука да не иницира распишување предвремени парламентарни избори, соопшти вечерва партискиот лидер и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ. По завршувањето на седницата Вучиќ им се заблагодари на членовите на Претседателството затоа што „речиси едногласно, со два гласа против“, го поддржале неговиот став дека […]

Јункер: Поставуваме темели за ново проширување на ЕУ


Државите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за членство во ЕУ и затоа мора да поставиме темели за ново проширување на Унијата, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. – Перспективата за членство што ја заслужуваат земјите од Западен Балкан нема да биде спроведена во пракса за мојот мандат на чело на Европската комисија, но мораме […]

Новиот канал кај Босфорот ќе чини над 14 милијарди евра


По изградбата на мостот „Султан Селим“ преку Босфорот, Турција подготвува нов мега проект – прокопување на вештачки канал кој ќе ги поврзе Црното и Мраморното Море. Според дневниот весник „Сабах“, претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја промовирал изградбата на каналот кој првпат го најави во 2011 година, а за кој се очекува да чини над 14 […]

Грчката православна црква не прифаќа име што ќе го содржи терминот Македонија


Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името. Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на како што велат „расколничката самопрогласена македонска црква“, а според грчката ТВ ЕРТ, Светиот синод ќе […]

Патријарх Иринеј: Србите да му благодарат на Бога за Вучиќ


Патријархот на Српската православна црква Иринеј, изјави синоќа во Бања Лука дека Србите треба да му бидат благодарни на Бога што им подарил човек каков што е претседателот Александар Вучиќ кој „лавовски се бори“ за српскиот народ. – Му благодариме на Бога што ни подари човек кој лавовски се бори за српскиот народ, и посебно […]