Стотици луѓе од ХРТ сакаат да заминат со отпремнина од 160.000 куни


Каква е состојбата во Хрватската радио-телевизија најдобро се гледа и слуша гледајќи ја телевизијата и програмата на радиото. Но, и претходно доаѓаа информации за ситуацијата во јавниот сервис и давани беа разни изјави – интерни, службени или неслужбени, протести и бунт на вработените.

Иако од тоа во последно време има се помалку, што се случува во ХРТ и каква е таму атмосферата, може да се прочита од информации кои овие денови се добиени вон медиумот.

Според нив, челниците на ХРТ во крајот на минатата година до своите вработени упатиле повик и понуда да се пријават ако сакаат да си заминат од медиумот со стимулативна отпремнина.

На тој повик, според она што може да се слушне по ходниците, се пријавиле околу 500 вработени од сите генерации и сите профили на занимања (уредници, новинари, тон-мајстори, сниматели…)

Кога до ХРТ упативме прашање за сето наведено, од нивниот Оддел за комуникации ни стигна одговор во кој се дадени некои цифри, но нешто помали.

– Ве известуваме дека ХРТ како работодавач ги повикала сите заинтересирани вработени до 31 декември 2017 година да се информираат за можноста за напуштање на работното место со отпремнина. Постапката се одвива во согласност со параметри утврдени со одлука на главниот директор на ХРТ од 27 декември истата година. До 31 декември 2017 година интерес пријавиле околу 200 вработени, наведуваат од ХРТ.

Во одлуката на главниот директор на ХРТ, Казимир Бачиќ пишува дека право на отпремнина од 100 илјади куни до најмногу 160.000 куни (21.500 евра) (зависно од годините на стаж кај медиумот) остваруваат вработени со минимален стаж од пет години. До 31 декември има реализирана одлука за 23 вработени кои заминуваат со новата одлука за отпремнина.

Можност за пријавување на заминување со отпремнина немаат оние кои имаат помалку од 12 месеци до навршени 65 години живот. Сето тоа се прави со цел рационализација на трошоците за рабоптењето на ХРТ.

Сепак, како што е наведено, одлуката на директорот ќе се применува до крајот на јануари и тоа значи дека може да се очекува таа цифра од 23 вработени на кои им претавува работниот однос поради отпремнина да биде и поголем.

Но, колегите од ХРТ дознале дека раководството на куќата тврди оти за заминување со отпремнина интерес покажале 200 вработени и тоа им било чудно.

– Занимливо е дека по ходници се зборува дека се пријавиле 500-600 луѓе, а тие сега велат дека се работи за 200. Чудно. Воглавно многумина би сакале да заминат, вели колега со кој се сложуваат и неколкумина други.

Сите наведуваат дека во ХРТ има незадоволство, но и резигнација за што во голема мера, придонесува и предлогот за нова систематизација што се наметнува иако Работничкиот совет ја одбил.

Освен тоа, бесмислен им се чини и септемврскиот оглас за дури 24 главно-уреднички и уреднички места. До денес и по повеќе од 3,5 месеци не се знае кој е избран.

Без врска им е и тоа што се случувало со распуштањето на претходниот НО и повеќемесечните разговори за изборот на нов Надзорен одбор. За програмата не сакаат ни да зборуваат.
Вечерњи лист/МИА