Синдикалната кошница се искачи на 61.199 денари, само во август трошоците зголемени за над 600 денари


За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари. Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 […]

Кривичниот суд ја префрли одговорноста за Рамадани на МВР


Кривичниот суд ја нарече предимензионирана медиумската покриеност на екстрадиционата постапка на Блерим Рамадани кому му беше определена мерка куќен притвор, по што побегна во Косово. Од судот, детално се осврнаа на случајот, велејќи дека со бројните политички коментари и преписки дополнително се поткопува довербата на јавноста, но и бројните експертски коментари кои дадоа свое лично […]

Најголема предност за вработување ќе имаат приватните специјализанти од внатрешноста


 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека прв критериум за вработување на приватни специјализанти, е таму каде има најголем дефицит. – Најголем дефицит имаме во внатрешноста на државата и ќе им дадеме предност во тие места, значи тие коишто доаѓаат од градовите Куманово, Струмица, Тетово, Кичево. Потоа, ќе бидат специјализанти кои се при крај […]

Македонските лекторати во светот – интерес има, услови нема


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, вчера, на отварањето на  57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Охрид, во присуство на пола државен врв, со опоменувачки тон, потцрта, дека е поразувачка реалноста што сега има помалку лекторати по македонски јазик во […]

„Чебрен“ повторно во игра, но кој ќе го гради


Проектот „Чебрен“ повторно влезе во врвот на агендата на политичарите, откако премиерот Христијан Мицкоски за тоа завчера разговараше со Ричард Гренел, поранешен пратеник на експретседателот на САД, Доналд Трамп, за Балканот и екс-американски амбасадор во Германија, а денеска најави дека многу скоро за овој проект ќе биде разработен „јасен план“. Што ќе донесе тој план, […]

Таравари се фалеше дека го ослободил Рамадани, ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека го ослободиле судиите на СДСМ и ДУИ


ВМРО-ДПМНЕ излезе со смешно соопштение тврдејќи дека за бегството на Блерим Рамадани, што го бара со потерница Србија, виновни се судиите што го ставиле во куќен притвор, а не МВР што требало да го контролира, одејќи понатаму – обвинувајќи ги за тоа СДСМ и ДУИ – иако министерот Арбен Таравари јавно се пофали дека „го […]

Се затвараат дуќани на Широк Сокак и во Старата битолска чаршија, битолчани нагрнаа во новиот мол


БИТОЛА – Кратко по отворањето на новиот трговски центар „Блис“ на излезот од Битола кој нуди неколку брендови, присутни и во скопските молови, дуќанџиите од Битола веќе бројат загуби и најавуваат затворање на бизнисите. Економисти од градот сметаат дека помалите трговци не се подготвени да се спротивстават на ниските и промотивни цени на големите брендови […]

Радмила Шекеринска кандидат за заменик генерален секретар на НАТО, тврди „Политико“


Двајца високи поранешни функционери од Северна Македонија и Бугарија се меѓу оние кои се натпреваруваат да станат идниот заменик на шефот на НАТО, пишува Политико. Пред да го започне својот нов мандат како шеф на НАТО, Марк Руте веќе минува низ неколку биографии од оние кои сакаат да бидат негова десна рака. Актуелниот заменик, Мирчеа […]

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани избегал од куќен притвор


Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор од домот на роднини во земјава. -Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презема власта во Скопје преку владин повереник


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по координацијата со другите скопски градоначалници соопшти дека ќе побараат од Владата на следната седница да стави точка на дневен ред во која ќе се разгледува состојбата во Градот Скопје, заедно со барањето  да се одземат ингеренциите на градоначалничката Данела Арсовска, најпрво во  во ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП […]

Пожарите не стивнуваат, дали спојувањето на ЦУК и ДЗС ќе овозможи поефикасна заштита


Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи.   Премиерот Христијан […]

Донесени законските измени со кои се укинуваат економските директори во здравстените установи


Со 71 глас „за“ и еден „против“ пратениците денеска го донесоа Законот за изменување на Законот за здравствената заштита, со кој се укинуваат економските директори. На денешната седница беше усвоен и Законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и Законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата. Пратеникот Петар […]

Еден и единствен: Што зборуваа легендите на ју-кошарката за Лечиќ


Утринава, на 85-годишна возраст почина Лазар Лечиќ, македонска и југословенска  кошаркарска легенда, уникатна личност која што ја задолжи засегогаш кошарката на овие простори. Како тренер остави длабока и неизбришлива трага во кошарката на овие простори, особено во Македонија. Луциден, темпераментен и на многу начини уникатна личност, Лечиќ беше една од најомилените фигури во македонската и […]

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот


 Собранието попладнево со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година. Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во […]

Комерцијална банка ги отвори „картите“: Еве колку нуди за акциите на Стопанска банка Битола


Комерцијална банка денеска преку известување до Македонската берза ја соопшти својата понуда за откуп на акциите на Стопанска банка Битола и таа изнесува 3.200 денари за една aкција. Тоа значи дека доколку ги откупи сите 390.977 акции на битолската банка, вкупниот износ што ќе треба да го издвои Комерцијална банка е 1,25 милијарди денари или […]

Свечено затворени ОИ во Париз, олимпиското знаме предадено на Лос Анџелес (видео)


Ако Селин Дион беше изненадување на отворањето на Олимписките игри во Париз, тогаш вечерва на завршната свечена церемонија на Стад де Франс, тоа беше еден од најпознатите холивудски актери Том Круз, кој го презеде олимпиското знаме и во стилот на филмовите Невозможна мисија, со мотор, авион и падобран го префрли преку океанот предавајќи го во […]

Од понеделник до среда ќе биде пеколно – Владата со дополнителни мерки за превенција


Владата на денешната 111-та седница донесе одлука за дополнителни мерки за превенција од топлотниот бран.  Како што се наведува во соопштението, Министерството за здравство ја информираше Владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од два дена и тоа во […]

Полицијата ги опколи демонстрантите кои ја блокираа пругата. Обраќање на Вучиќ


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во 11 часот ќе и се обрати на јавноста по масовните демонстрации против ископувањето на литиум синоќа во центарот на Белград, додека демонстрантите во меѓувреме опстојуваат на намерата да го блокираат железничкиот сообраќај, јави Хина. Демонстрантите на масовниот протест против ископувањето литиум синоќа ја блокираа железничката клучка во Прокоп […]

Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница


Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година, во рамки на 12. седница на Собранието. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по […]

Дали урбанистичките планови со новиот закон ќе се откочат или ќе дојде до градежно дивеење?


  Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба. Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните […]