Филипче верува дека поразот е шанса за нов почеток на СДСМ


  По неколкумесечно одлоговлекување, еден неуспешен собир, по длабоката криза во која се најде по големиот пораз на изборите, Социјалдемократскиот сојуз денеска го одржува својот 30. Конгрес на кој треба да се направи анализа  зошто партијата беше казнета од гласачите и да се изберат новите раководни лица. Тоа е и првото големо соочување на новиот […]

Мицкоски се пофали за договор со банките за унгарскиот кредит, каматата ќе била 1,95 отсто


  Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. „Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на […]

Потребни се системски мерки, а не феудално водење на политика: Интервју со Ванчо Узунов


  Универзитетскиот професор Ванчо Узунов важи за човек кој многу директно, без влакна на јазикот, зборува за проблемите со кои се соочува, пред сѐ на економски план, нашата држава. Во интервјуто за „Независен“ фокусот е ставен врз некои од најактуелните теми, како што е унгарскиот кредит од 500 милиони евра и неговата распределба на општините […]

Меркел е загрижена од вториот мандат на Трамп


  Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел зборуваше отворено за нејзините комплицирани односи со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, опишувајќи ја секоја интеракција со него како „конкуренција: ти или јас“. Меркел разговараше за неславната тензија што ги карактеризираше нивните средби во новото интервју за германскиот магазин „Шпигел“. Таа, исто така, ја изрази својата загриженост за […]

Музејот во Јени џамија блесна пред Денот на албанската азбука во Битола


  БИТОЛА – Бурни реакции во македонската и особено битолската јавност предизвика отворањето на Музејот на христијанското и исламското културно наследство, сместен во Јени џамија во Битола, каде во нејзините темели се наоѓа некогашната катедрална црква „Свети Ѓорѓи“. Случајно е отворањето на Музејот Јени Џамија во предвечерието на денот на албанската азбука,  категорични се од […]

Владата ќе обезбеди гориво за ЈСП за следните седум дена


  Владата ќе ги отвори стоковите резерви и ќе достави гориво за автобусите на ЈСП да можат редовно да сообраќаат низ главниот град, одлучено е на денешната вонредна владина седница.  ЈСП во следниот период ќе треба да направи тендер, со кој ќе обезбеди редовна набавка на гориво за своите автобуси.  Владата вонредно расправаше поради недостигот […]

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху за воени злосторства во Газа


Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и доскорешниот министер за одбрана Јоав Галант. Налозите за апсења се за извршени злосторства против човештвото и воени злосторства од најмалку 8 октомври 2023 година до најмалку 20 мај 2024 година, денот кога Обвинителството ги поднесе барањата за налози за апсење, вели Судот […]

Директорката што го сопре дизелот за ЈСП го одобрила луксузниот „мерцедес“ на Груевски


  Колапсот на  ЈСП го предизвика Бирото за јавни набавки кое пред една недела ја поништило постапката за набавка на гориво еуродизел. „По инструкции од Бирото да се поништи постапката во управен надзор“ – е одлуката на ова тело со која се прекина постапката предвидена  со законот за јавни набавки донесена на 13 ноември (денот […]

Судењето за убиствата на Вања и Панче се заплеткува. Се менуваат изјави. Каде бил Палевски?


  Денешната писмена изјава на Влатко Кешишов, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да го сврти наопаку целиот „процес на деценијата“. Кешишов преку затворот неочекувано достави изјава до судот со која го менува првичното тврдење дека Љупчо Палевски е извршител на убиствата. Кешишев во изјавата навел дека обвинетиот Велибор […]

Мицкоски ѝ се јавил на Шекеринска, најави соработка во интерес на државата


  Премиерот Христијан Мицкоски, по 24-часовен молк, соопшти дека ѝ се јавил на Радмила Шекеринска и ѝ го честитал именувањето за заменик-генерален секретар на НАТО.  „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, […]

Македонија изгубила на арбитража, ќе треба да плати 450 милиони долари?


  Македонија ќе треба да плати 450 милиони долари како резултат на арбитража поради изгубена добивка, соопшти денес на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот не прецизира за кој спор станува збор. „Еве ќе ви дадам еден пример, да речеме завршува една арбитража и поради едно такво неодговорно однесување на претходната влада сега вие граѓаните ќе […]

Владата уште не ја честита важната функција на Радмила Шекеринска во НАТО


  Изгледа политички нелогично, но така е. Дента кога генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави дека ја одредил Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на алијансата, македонските власти потонаа во игнорирање на веста. Како да не се случила. И како да не се случи честитката на американската амбасадорка Анџела Агелер до Шекеринска. Во таа честитка […]

Шекеринска стана заменик-генерален секретар на НАТО


  Поранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за заменик-генерален секретар на НАТО. Ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на Алијансата. Информацијата ја потврди и НАТО со објава од генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата: „Среќен сум што можам […]

Нов чекор во добрите односи меѓу Македонија и Косово


  Двете влади на Македонија и Косово денеска во Приштина имаа заедничка седница по што ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области.  По официјалниот пречек, се одржа тет-а-тет средба на двајцата премиери, а во моментот се одржува меѓувладината седница. По седницата, ќе бидат потпишани три документи, односно меморандум за соработка […]

Одлуката на Бајден Украина да ги користи ракетите АТАКМС ги зголеми влоговите во војната


  Одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел во Русија ја следи познатата шема. Белата куќа со месеци одбива да го одобри барањето за оружје од Украина, плашејќи се дека тоа ќе биде ескалаторно. Киев гласно го осудуваше одбивањето и токму кога се чини […]

Владата и банкарите не се договорија за каматата од унгарскиот кредит, договорени роковите за враќање


  Премиерот Христијан Мицкоски и банкарите денес не најдоа заеднички прифатливо решение за каматната стапка по која што банките ќе ги одобруваат кредитите кон компаниите од унгарскиот заем кој неодамна го зема Владата. По средбата која што се одржа денес во Министерството за финансии и на која покрај премиерот Мицкоски беа и министерката за финансии […]

Мицкоски не знае како ќе одиме кон ЕУ, уставни измени не планира


  Оптимизмот на премиерот се претвори во исчекување кое не знае како ќе излезе. „Дали ќе има некаков напредок – не знам, дали ќе има промена на нашата позиција – нема да има“, рече денеска Христијан Мицкоски. Тој изјави дека не знае дали е можно да се направи некаков исчекор во евроинтеграциите до крајот на […]

Министерот за здравство на Хрватска барал мито од болници, полицијата го уапси, Пленковиќ го смени


  Хрватска од изутрина ја тресе голема корупциска афера во која е вмешан министерот за здравство Вили Берош, кого полицијата го уапси, а премиерот Андреј Пленковиќ веднаш го смени. На адресата на Берош дошле членови на УСКОК со наредби за претрес. Еден од осомничените лекари е началникот на Клиниката за неврохирургија на болницата „Милосрдни сестри“проф. […]

За власта рекордниот буџет за 2025 година е развоен со „нов концепт“, за опозицијата е расипнички


  Предлог-буџетот за 2025 година во рекорден износ од 6,5 милијарди евра, за власта е развоен со социјална компонента и се темели на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, додека за опозицијата е расипнички, направен без никаква визија и ја води земјата во пропаст. Критички забелешки за владинот предлог имаат и од Фискалниот совет, од […]

ВМРО-ДПМНЕ најавува „значителни“ субвенции за централа на гас, а жестоко беше против кога беше во опозиција


  ВМРО-ДПМНЕ најави дека Владата ќе даде „значителни субвенции“ за изградба на централи кои ќе работат на природен гас, како една од клучните мерки за борба против загадувањето. Притоа, партијата си дава рок од еден и пол мандат, односно шест години, за да се почувствуваат ефектите од таквите мерки. Колкави ќе бидат тие значителни субвенции, […]