Политички игри околу разрешувањето на Илире Даути


  Претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, Илире Даути од „Европскиот фронт“, ќе се повлече од функцијата ако мора да го спроведе заклучокот на Собранието, односно да закаже седница за Законот за бранителите, откако парламентот со 61 глас во минатиот петок ѝ ја изгласа интерпелацијата  поднесена од пратеничката група на Левица. Таа денес индиректно […]

Јанкулоска ослободена за „Тврдина“- Грујевски, Бошковски и Јакимовски добија затворски казни


  Кривичниот суд денеска ја објави пресудата за „Тврдина“, делот од предмет за масовното прислушување на СЈО „Таргет-Тврдина“ што не застареа со измените на Кривичниот законик. За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК, Судот денеска ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски […]

Санкциите против НИС ќе го погодат и регионот, каде е Македонија


  Санкциите кон Нафтената индустрија на Србија што вчера ги воведоа САД предизвикаа сериозна загриженост кај нашиот северен сосед, но и кај земјите во регионот, поради меѓусебните економски врски и стопанската поврзаност. Во Србија, официјалните лица велат дека последиците ќе бидат тешки за српската економија, но и дека мерките нема да предизвикаат недостиг на енергенси. […]

Планот на Полска за проширувањето: Преговори со Украина и Молдавија и нови кластери со Албанија


  Политиката на проширување на Европската унија како приоритет на полското претседателство со Советот на ЕУ беше главниот фокус на разговорите меѓу шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, и еврокомесарката за проширување Марта Кос, кои денеска (петок) се одржаа во Варшава. Сикорски ѝ кажал на Кос дека за остварување на мотото на полското претседателство, „безбедност, […]

Трамп сака популисти и крајни десничари: Во чие друштво ќе биде Мицкоски на инаугурацијата


  Не е тајна дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сака популистички лидери – честопати ги фали за кршење на нормите и излегување надвор од законите за да се завршат работите. Сега Трамп прекрши друга норма – и американската политичка традиција – со тоа што покани странски претседатели и премиери на неговата инаугурација на 20 […]

СДСМ нема да гласа за интерпелациите бидејќи се етнички мотивирани


  СДСМ нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите за неколку министри затоа што сметаме дека нема потреба од нови поделби по етничка основа, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски. Според него, причините за интерпелациите не смееле во ниту еден случај да бидат поврзани со етнички контекст, туку […]

ВМРО-ДПМНЕ работи на богатење на елитите: Интервју со Венко Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека најголем дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ во кампањата останале само празни зборови. Во интервју за „Независен“ за тоа што ја очекува Македонија во 2025 година, Филипче вели дека кампањата на сега владејачката партија била базирана на лаги и дека граѓаните веќе почнувале да ја „чувствуваат тежината на […]

(Фото/видео) Огнен пекол во „градот на ангелите“ – изгореа куќите на славните


Илјадници пожарникари се борат со шумските пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес, во кои според канцеларијата на окружниот шериф, загинале најмалку пет лица, а изгореле повеќе од илјада куќи. Поради бројот на уништени згради, овие пожари се сметаат за најголеми и најразорни во историјата на градот, пренесува Voice of America. Пожарот не ги поштеди […]

Германија и Франција го предупредија Трамп околу Гренланд


  Германија и Франција го предупредија Доналд Трамп да не презема за каков било обид за „насилно поместување на границите“, откако идниот американски претседател рече дека е подготвен да користи економски тарифи или воена моќ за да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е под данска управа. Во набрзина стокмена телевизиска изјава, германскиот канцелар Олаф […]

Бајден ги прошири санкциите кон оние што ги кршат Преспанскиот и Охридскиот договор


  Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција што го поткопува владеењето на законот и довербата во демократското владеење и избегнувањето на санкциите […]

Дел од поранешните функционери на СДСМ ја поткопуваат партијата одвнатре, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ вели дека најголем дел од неговата енергија и време посветил на разговори со сите поранешни функционери. Мнозинството од нив ја прифатиле иницијативата за соработка, но некои одлучиле да стојат настрана, па дури и да се надеваат на лош резултат на СДСМ на локалните избори, вели Венко Филипче во интервју за „Независен“ […]

Страшниот пожар во Лос Анџелес стигна до резиденцијата на Kамала Харис (фото)


  Резиденцијата на потпретседателката на САД, Камала Харис, се наоѓа во источниот дел на зоната за евакуација поради пожарот што избувна во Пацифик Палисадес, предградие на Лос Анџелес, објави денеска Ен-Би-Си. Харис, која моментално е во Вашингтон, во изјава објавена на веб-страницата на Белата куќа рече дека „нејзиното срце е со сите погодени од разорните […]

Ќе плати ли економска цена Македонија за влегувањето на Бугарија и Романија во Шенгенот?


  Првиот ден од Новата година стотици Бугари заминаа на кафе во Солун или на ручек со морски деликатеси. По влегувањето на Бугарија во Шенген зоната нејзините граѓани можат без контрола на границите да патуваат во соседна Грција. Практично, не мораат ни да застанат на граничниот премин на кој до сега се редеа колони возила. […]

Мицкоски ќе чека докази за да го разреши Сашо Дранго


  Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, ќе биде разрешен ако се потврдат обвинувањата дека ја убил мечката со која беше фотографиран. Мицкоски истакна дека ако се докажат ваквите тврдења, ќе побара одговорност и нема да дозволи амнестија за девијантно однесување. „Ако се потврдат овие тврдења, ќе биде разрешен. Тоа […]

На европскиот фронт против Илон Маск се приклучи и Макрон


  Емануел Макрон го додаде својот глас кон растечкиот хор на европски критики за Илон Маск, обвинувајќи го најбогатиот човек во светот дека директно интервенира во демократските процеси на континентот, вклучително и предвремените федерални избори во Германија следниот месец. Францускиот претседател им се придружи на норвешкиот и британскиот премиер и портпаролот на германската влада во […]

Бадник одбележан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје


  Верскиот празник Бадник, ден пред Христовото раѓање, Божик, беше одбележан денеска во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Традиционалниот настан започна со химна и подигнување на бадникарско знаме. Свештени лица извршија осветување на бадникови гранчиња, но и на кумовата погача, што подоцна беше поделена помеѓу присутните. Беше примопредаден и бадникарскиот ќуп. Пред присутните […]

И пи-арот има граници: Мицкоски си присвои три клучки, три моста, 13 вијадукти и 25 километри


Вкупно 25 километри пат, три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини се дел од експресниот пат од Страцин до Крива Паланка – и за сето тоа ВМРО-ДПМНЕ тврди дека го изградила сама бидејќи кога биле на власт СДСМ не направиле ниту еден метар асфалт.  Од Владата посочија дека сега патувањето на релација Страцин-Крива […]

Многу луѓе во Косово од исламот преминуваат во христијанство. Зошто?


  ЛАПУШНИК, ПРИШТИНА – Католичкиот свештеник стои на олтарот во црквата на врвот на ридот за масовното крштевање, потопувајќи десетици глави во вода и правејќи крст со прстот на секое чело. Потоа се радуваше на враќањето на душите во христијанството во земјата каде што огромното мнозинство луѓе се муслимани – како што беа мажите, жените […]

Кина го спречи Путин да употреби нуклеарно оружје против Украина, вели Блинкен


  Соединетите Американски Држави беа сериозно загрижени поради заканите на Владимир Путин за употреба на нуклеарно оружје во војната против Украина. Ова го изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен во интервју за „Фајненшел тајмс“. Според него, американската администрација верувала дека Путин навистина може да дозволи таква можност. „Дури и да се зголеми веројатноста од 5 […]

Камбовски: Крајно време е да ги тргнеме судиите што не работат законски


  Новиот претседател на Судскиот совет, Александар Камбовски, кој едногласно беше избран на денешната седница како единствен предлог, најави одговорност за судиите кои не работат според законите и Уставот, туку за свои лични интереси и максимална поддршка за судиите кои работат чесно. „Мислам дека е крајно време да ги тргнеме од нашите редови тие 10, […]