Почина уште еден пациент повреден во пожарот во Кочани


  Министерството за здравство информира дека според информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне на повредите им подлегна Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во ВМА во Белград, кој беше интубиран и […]

Марта Кос: Заморот од проширувањето на ЕУ заврши, направете ги компромисите


  Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска на форумот „ЕУ го среќава Балканот“ во Софија им порача на кандидатите за членство во ЕУ дека кога ќе ги остварат потребните реформи, таа ќе биде нивниот најдобар застапник во Унијата и нејзините членки. Кос рече дека не се сомнева дека и кандидатите и ЕУ ќе го искористат […]

Коалицијата ВЛЕН е пред распад, што ќе биде со Владата?


  Алијанса за Албанците на Арбен Таравари реши вчера да остане во ВЛЕН, но сепак на  локалните избори да излезе со сопствена листа на кандидати за советници. Дали оваа политичка ситуација „ни риба, ни девојка“ може да опстане и значи ли ова почеток на крајот на коалицијата на четирите албански партии, е дилема што се […]

Министерот едно, овчарите сосема друго: Цената на јагнето никогаш пониска


  БИТОЛА – Сточарите ги носат јагнињата на сточните пазари за цена од 310 до 320 денари килограм жива мера за да ги покријат загубите во производството. Разликата да се даде јагнето на сточен пазар или в кланица е стотина денари по килограм, пари што за овчарите не се за потценување. Тоа се „вишокот“ јагниња […]

(Галерија) Фудбалерите на Вардар и Црвена ѕвезда одиграа за настраданите во Кочани


Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје одамна не беше исполнета како вечерва на хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена ѕвезда, кој беше посветен на настраданите во трагичниот пожар во Кочани пред еден месец. Повеќе од 20 илјади гледачи присуствуваа на овој натпревар, полн со емоции и одавање почит за настраданите во пожарот, а целата атмосфера, […]

Мицотакис – новиот пријател на Трамп на Балканот


  АТИНА – Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека најде уште еден европски пријател во грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија политичка иднина виси во воздух поради опипливата фрустрација во земјата. „Го познавам, тој е добар човек“, коментираше Трамп откако Мицотакис ја повика Европа да преговара со Вашингтон во следните 90 дена за да се […]

Бугарија ги извртува фактите: Скопје ги негира наводите на Софија околу изградбата на тунелот


  Откако бугарските медиуми вчера известија дека „Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничен железнички тунел долж Коридорот 8“, од македонското Министерство за транспорт денеска одговорија дека едно се дела, а друго се зборови. „Република Бугарија повторно ги извртува фактите“, велат од Министерството за транспорт […]

Џеј Ди Венс: Мојата порака до Европа – Америка не сака континент вазал


  Има барем еден мејнстрим европски политичар чиј фан е Џеј Ди Венс: иконскиот француски повоен лидер Шарл де Гол. Во интервју за британската веб-страница за вести и мислење UnHerd, американскиот потпретседател рече дека Де Гол – кој го предводеше францускиот отпор во Втората светска војна против нацистите и беше претседател од 1959 до 1969 […]

Тошковски се жали на „фронтален“ напад на ДУИ, СДСМ и Левица, но нема да поднесе оставка


  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се жали на координирани напади од ДУИ, СДСМ и Левица со кои сакаат да го спречат да се справи со корупцијата во државата, нешто што не го правел никој пред него.  „Поттикнат од вчерашните координирани напади од ДУИ, СДСМ и нивниот нов партнер Левица, кои синхронизирано и оркестрирано […]

Обвинителот Коцевски ја поврза истрагата за Кочани со оние во Бразил, САД и Романија. Но дали таму беше така и кој беше осуден?


  Правото признава дологорочен каузалитет. Вака вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски образложуваше зошто истрагата за трагедијата во Кочани е толку опширна, има толку многу осомничени (45) и оди до сите министри за економија од 2012 година па наваму, но без сегашниот. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши немал никаква вина за трагедијата, иако е […]

Капиталните расходи не одат ни годинава: за три месеци реализирани само девет отсто


  За нешто повеќе од три месеци, од државниот буџет биле реализиарни само девет отсто од предвидените капитални расходи за годинава, покажува фискалниот бројач на интернет страницата на Министерството за финансии. Според овие податоци, заклучно со 8 април годинава преку Буџетот биле реализирани само 4,49 милијарди денари (или околу 73 милиони евра). За илустрација, во […]

Уште четворица во притвор, меѓу нив и министерот Салиу, куќен за Сарачини и Незири


Основниот суд Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што ги побара Обвинителството. Четворица одат зад решетки, шест во куќен притвор а за 8 мерки на претпазливост од 19-те ново осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Актуелниот министер без ресор осомничен како […]

Трамп е здрав, само има 102 килограми


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, е „целосно способен“ да ги извршува должностите на претседател, се наведува во меморандумот што Белата куќа го објави денеска по редовниот годишен лекарски преглед на Трамп.  Во белешката се наведени резултатите од лабораториските тестови, физичките прегледи и когнитивниот тест и се заклучува дека Трамп се уште е во „одлично здравје“.  […]

Уапсени поранешните министри за економија Сарачини и Незири, како и сегашниот министер без ресор Салиу


  Нови апсења и нови осомничени има денеска во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице. Јавното обвинителство и МВР соопштија дека  во тек е приведување на повеќе лица, но не соопштија детали, најавувајќи го тоа за подоцна во денот. Но некои медиуми веќе објавија за кого станува збор […]

Трамп попушти пред „Епл“: Паметните телефони и компјутерите ќе бидат исклучени од царините за Кина


  Паметните телефони и компјутерите се меѓу многуте технолошки уреди и компоненти кои ќе бидат ослободени од реципрочните тарифи наметнати од претседателот Доналд Трамп, според новите упатства од Царината и граничната заштита на САД, јавува американската тв-мрежа Си-Ен-Би-Си. Упатството, издадено доцна навечер во петокот, доаѓа откако Трамп на почетокот на овој месец воведе царини од […]

„Македонскиот пријател“ Лутник го губи влијанието околу Трамп. Барајте го телефонот на министерот Скот Бесент


  Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека во средата имал телефонски разговор со американскиот секретар за трговија, Хауард Лутник, во кој се зборувало за македонско-американското стратешко и економско партнерство. И го уверувал Лутник дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за македонската влада.  Мицкоски неколку пати во изминативе денови, а и во објавата […]

Трговската војна не запира – Кина ги крена царините за САД на 125 отсто


  Кина ги зголеми тарифите за американските производи на 125 проценти во последната битка од трговскиот спор со Вашингтон, само неколку часа откако Ши Џинпинг рече дека „нема победници во војната са царини“. Ши ги даде коментарите за време на состанокот со шпанскиот премиер на кој ја покани ЕУ да работи со Кина за да […]

Муцунски ја откажа презентацијата во собраниска комисија, таа за амбасадорите не е ни закажана


Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски им закажа, па им откажа на членовите на собраниската Комисија за надворешна политика. Утре тој требаше да им презентира каде водат потезите од неговата надворешна политика, каде оди, со кого се среќава, што презема да се одблокира евроинтеграцијата на Македонија, да се среди спорот со Бугарија и што прави внатре […]

Еве ја новата табела за царините на Трамп: Кина нагоре, Македонија и другите на „пауза“


  Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе паузира со воведување повисоки царини за многу земји затоа што луѓето „малку се разочараа“. „Па, мислам дека луѓето малку претераа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. „Тие се исплашија, знаете, тие малку се исплашија, малку се плашеа, за разлика од овие шампиони, затоа што имаме […]

Чекор назад на Трамп во трговската војна: Ги замрзна царините за 90 дена, но ја зголеми стапката за Кина на 125 отсто


  Американскиот претседател Доналд Трамп го смени курсот во глобалната трговска војна што ја започна пред само една недела, објавувајќи на социјалните мрежи 90-дневна пауза на новите царини против секоја земја освен Кина. Тоа се случи само неколку часа откако Трамп ја повика земјата да „БИДЕ кул“ во друга објава која дојде во услови на […]