Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите


Москва– Сите четири главни аеродроми во Москва се привремено затворени од безбедносни причини, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијатија“ на Телеграм. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот, „од различни насоки“. Тој рече дека делови од соборените беспилотни летала паднале на […]

Владината коалиција брои ситно? Мицкоски со услов до Таравари


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него е неприфатливо партијата на Арбен Таравари, која е дел од владината коалиција, да соработува со опозициската ДУИ на претстојните локални избори. За, ова, како што рече Мицкоски, тој ќе побара од Таравари јасен одговор на средбата која што треба да се одржи наредните […]

Пораките на Делчев се актуелни и денес: Одбележана 122 годишнината од неговата погибија


Со изјави дека пораките на македонскиот револуционер и великанот на македонското ослободително движење, Гоце Делчев, се актуелни и денеска и со заложби да се зачува вистината за него, денеска македонскиот државен врв и политичарите ја одбележаа 122 годишнината од неговата погибија. Со положување свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје, почит […]

Македонската „приказна“ тажна и во Осака, место визија се промовира историја


  Во рамки на работната посета на Јапонија министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски соопшти дека заедно со министерот зa култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, оствариле средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), надлежен за соработка со Европа. На средбата разговарале за продлабочување на билатералната […]

Уште еден пад на Македонија: Шест места подолу на Индексот за слобода на медиумите


  Македонија падна за шест места, од 36 на 42, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ) и е последна во групата земји каде ситуацијата е „задоволителна“. Во оваа група од регионот се уште само две земји – Словенија која напредувала за 9 места и е 33-та, и Црна Гора погоре […]

Ако не добиеме поголеми плати ќе се гледаме почесто: ССМ до Владата и работодавачите


  Барање за минимална плата од 30 илјади денари, повисоки плати и достоинствени услови за работа, беа основните барања на првомајскиот протест што се одржа денеска во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, со укажување доека доколку не се исполнат, протестите ќе зачестат, а не се исклучени и штрајкови. За разлика од минатите години, […]

Мајк Волц беше на танок мраз кај Трамп и… падна


  Издржа некое време по скандалот „Сигналгејт“. Но не можеше понатаму. Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, и неговиот заменик, Алекс Вонг, ќе ги напуштат своите работни места откако ја изгубија довербата на другите функционери на администрацијата и се најдоа без сојузници во Белата куќа, две лица запознаени со ова прашање им […]

Татјана Димитровска нема намера да поднесе оставка на чело на Антикорупциска


  По повеќедневен молк додека во јавноста беснееше бура поради нејзината осомниченост во истрагата за случајот „Адитив“ претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, се огласи во јавноста со соопштение во кое жали за компромитирачката комуникација, но нема ни збор дека би можела да поднесе оставка. Таа објаснува како дошло до комуникацијата […]

Американската економија падна за 0,3 отсто – данок на трговските војни на Трамп


  Американската економија се намали за 0,3% од јануари до март, што е прв пад за три години. Тоа беше забавено од порастот на увозот, бидејќи компаниите во Соединетите Држави се обидоа да внесат странска стока пред Трамп да воведе огромни царини. Експанзијата од јануари до март беше најбавна за речиси три години и се […]

Кочанчани дојдоа во Скопје, власта ни вода не им даде!


  Унесреќените кочанчани денес во Скопје се судрија со рамнодушноста на системот што ги уби нивните деца. Додека стоеја пред институциите никој не дојде од овластените да им изрази сочуство, никој не дојде да им вети нешто, никој не дојде да ги праша како им е – па ни вода да им даде. Пратениците што […]

„Марш за ангелите“ во Скопје: Не ве киднапираме, не ве прогласуваме за терористи – одете си! (во живо)


  Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада. „Дојдовме со душа и срце. Не сме вооружени. Не плашете се. Не ве убиваме, не ве прогласуваме за терористи, не ве киднапираме. Ни убивте […]

Големиот пораз на Доналд Трамп во Канада


  Марк Карни ја предводеше Либералната партија на Канада до победа во понеделникот по поларизираните и историски избори доминирани од царинската и трговската политика на претседателот Доналд Трамп. Политичарот почетник го донесе четвртиот мандат по ред на либералите во владата, редок подвиг во канадската политика – додека ја запре Конзервативната партија предводена од Пјер Поилиевре. […]

Премиерот на Црна Гора им ја даде Улцињска плажа на Емиратите. Кој дел од Охрид го понудил Мицкоски?


  Дваесетина дена пред Христијан Мицкоски со министерска свита да замине во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), во Абу Даби и Дубаи со исто таква министерска свита беше премиерот на Црна Гора, Милојко Спаиќ. И тој беше таму во потрага на инвеститори од Емиратите за неговата земја во туризмот, економијата и инфраструктурата. И од таму се […]

Димитровска да си даде оставка за да се спаси ДКСК, порачуваат антикорупционери и експерти


  Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, да не чека туку да си поднесе оставка од морални причини – е пораката на поранешни антикорупционери и експерти за борба против корупцијата  откако актуелната претседателка на ДКСК минатата недела се најде на листата на осомничени во случајот „Адитив“ поради оддавање службени тајни на друг обвинет во случајот. Според […]

Најниски во регионот: Македонија годинава со раст од 2,6 отсто, предвидува Светска банка


  Растот во Северна Македонија во 2025 година се очекува да достигне 2,6 проценти, најниско во однос на растот на БДП во другите земји од Западен Балкан, покажува Редовниот економски извештај за Западен Балкан објавен денес од страна на Светска Банка.  Изгледите за раст на БДП во Македонија во наредните две години се слични, 2,7 […]

Антонио Кошта со многу пофалби за улогата на Бугарија во ЕУ


  Претседателот на Европскиот совет е во невообичаено долга тридневна посета посета на Бугарија и уште првиот ден (недела, 27 април) се сретна со премиерот Росен Жељасков и претседателот Румен Радев. Според извештајот на агенцијата БТА, некои од главните теми на разговор меѓу нив биле поврзани со местото и улогата на Бугарија во Европската унија, […]

Загина 16-годишник на мотор по судир со тротинет управуван од 14-годишно дете: Ова се деталите


Еден малолетник загинал, а друг е  повреден во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на ул. „Цветан Димов“ во скопски Чаир. Како што информира  денеска МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починал 16-годишен мотоциклист, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Четиринаесетгодишник кој управувал електричен тротинет, пак, се здобил со телесни повреди […]

Осум години од крвавиот „27 април“


Денес се навршуваат осум години од насилниот упад во македонското Собрание, познат како „Крвавиот четврток“. На 27 април 2017 година, додека во Собранието се избираше новиот претседател Талат Џафери, толпа демонстранти, поттикнати од иницијативата „За заедничка Македонија“, го проби полицискиот кордон и насилно влезе во законодавниот дом. Пратеници, новинари и службеници беа нападнати, а повеќе […]

Папата Франциско погребан со приватна церемонија во Санта Марија Маџоре


  Попладнево беше погребан папата Франциско подалеку од јавноста во едноставна гробница на подот на базиликата Санта Марија Маџоре, помеѓу две капели. Само името Franciskus е врежано на надгробната плоча изработена од лигурски мермер. Папата Франциско е погребан денеска во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а приватната церемонија траеше околу половина час, соопшти Ватикан. […]

Нов протестен марш во Кочани: Ќе ги прикривавте ли соучесниците ако ова беа ваши деца?


Денеска во Кочани се одржа нов протестен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ како последица на пожар кој се случи на 16 март, наслов „Задоцнета реакција“. Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на револуцијата, се движеа кон трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани. Тие го изразија својот […]