Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул


 Рускиот претседател Владимир Путин предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, без предуслови, на 15 мај во Истанбул. „Предлагаме властите во Киев да ги продолжат преговорите што ги прекинаа на крајот од 2022 година, да продолжат со директните преговори, без никакви предуслови. Предлагаме без одложување тие да започнат во четврток, 15 мај, во Истанбул, […]

ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлог законот за помош на настраданите од Кочани


ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлог законот за помош на настраданите од Кочани што го поднесе СДСМ без да најави дали Владата ќе понуди контрапредлог откско семејствата се пожалија дека „се заборавени“ и не можат да се справат со последиците. Место за темата, ВМРО-ДПМНЕ се фокусираше на тоа што правеле досега СДСМ во манирот дека тие се […]

Судење за Фросина: Васил призна вина – пред сообраќајката поминал и на две полни ленти


 Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото. Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од […]

Американецот Роберт Превост е новиот папа – го избра името Лав XIV


Кардиналот Роберт Френсис Превост е новиот папа. Тој го избра името Лав XIV. Превост доаѓа од Америка, односно од Чикаго и е првиот папа кој доаѓа од САД. Верниците со нетрпение го очекуваат првиот благослов на новиот папа, познат како „Urbi et Orbi“ – „За градот и светот“. Со своите први зборови како папа, Лав […]

Со колку пратеници ќе остане Таравари ако ја смени страната?


Откако станува се поизвесно дека премиерот Христијан Мицкоски ќе му рече збогум на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари,околу учеството во владината коалиција, почна битката за преземање на петте пратеници на оваа партија. Вреди му ја покажа вратата на Таравари, но пратениците на АА ги повика јавно да останат како дел од коалицијата.Неформалниот координатор […]

Апелација ги зголеми казните за „Ласкарци“ – 10 години затвор за сопственикот на „Дурмо турс“


Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што им ги зголеми казните затвор […]

Родителите на настраданите од Кочани бараат чесна истрага, ќе одат и во Стразбур!


Родителите на трагично починатите деца во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани  испратија писмена изјава до јавноста со барање за целосна правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции.   „Оваа трагедија ја карактеризираме како масовно убиство и тешко загрозување на човековите животи и безбедноста, и бараме надлежните институции да […]

Во време на дигитални лавини, книгата останува тивок, но моќен отпор, вели Љутков (фото)


Книгата е продолжение на нашата колективна свест. Книгата е и отпор против заборавот, крвоток на културата, столб на демократијата и учител кој никогаш не заминува во пензија. Во време на дигитални лавини, наслови што трепкаат, информации што исчезнуваат побрзо отколку што се појавиле, книгата останува тивок, но моќен отпор. Таа не нè преплавува – таа […]

Милановиќ: Македонија не треба да се третира како „земја со посебни потреби“


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, порача денес од Скопје дека на Македонија треба да и се помага, но не треба да се третира „како земја посебен случај, земја со посебни потреби или земја со грешка“, туку како земја која има некои проблеми бидејќи некои не се согласуваат со некои работи зад кои стои таа. Сепак, […]

Индија го нападна Пакистан, веднаш следуваше контранапад (видео)


Индија со ракети погоди три локации во Пакистан, изјави портпарол на пакистанската војска. Според Ројтерс, имало извештаи за интензивно гранатирање и силни експлозии во пограничните области на Кашмир контролиран од Пакистан. Индиската влада соопшти дека нејзините сили ја започнале операцијата Синдор, чија цел биле „терористички упоришта“ во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир „од каде […]

Мерц избран за канцелар на Германија во втор обид


Новиот состав на германскиот Бундестаг го одржа своето второ гласање, на кое со мнозинство гласови го избра Фридрих Мерц (CDU) за нов канцелар на Германија. Првиот круг гласање, кој се одржа наутро беше шок за ЦДУ и СПД, бидејќи не успеаја да обезбедат минимум 316 гласови за назначување на Мерц. Во вториот круг од гласањето, […]

Малолетници до рано наутро пијани во битолски клубови


БИТОЛА – Трагедијата во Кочани не ги опомена битолски угостители чии кафетерии и клубови и натаму се собиралиште за журки на малолетници во доцните ноќни часови со точење на алкохол. Се слават родендени со алкохол, а никој не проверува за возраста на славениците и гостите. За период од три недели во две контроли на битолската полицијата […]

Администрацијата на Трамп ќе замрзне милијарди долари грантови за Харвард


Вашингтон – Министерството за образование на САД го извести Универзитетот Харвард дека ги замрзнува милијардите долари во грантови за истражување и друга помош сè додека универзитетот не се согласи со низа барања од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави висок функционер на одделот. Харвард стана цел на администрацијата поради обвинувања за антисемитизам на кампусот за […]

Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите


Москва– Сите четири главни аеродроми во Москва се привремено затворени од безбедносни причини, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијатија“ на Телеграм. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот, „од различни насоки“. Тој рече дека делови од соборените беспилотни летала паднале на […]

Владината коалиција брои ситно? Мицкоски со услов до Таравари


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него е неприфатливо партијата на Арбен Таравари, која е дел од владината коалиција, да соработува со опозициската ДУИ на претстојните локални избори. За, ова, како што рече Мицкоски, тој ќе побара од Таравари јасен одговор на средбата која што треба да се одржи наредните […]

Пораките на Делчев се актуелни и денес: Одбележана 122 годишнината од неговата погибија


Со изјави дека пораките на македонскиот револуционер и великанот на македонското ослободително движење, Гоце Делчев, се актуелни и денеска и со заложби да се зачува вистината за него, денеска македонскиот државен врв и политичарите ја одбележаа 122 годишнината од неговата погибија. Со положување свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје, почит […]

Македонската „приказна“ тажна и во Осака, место визија се промовира историја


  Во рамки на работната посета на Јапонија министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски соопшти дека заедно со министерот зa култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, оствариле средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), надлежен за соработка со Европа. На средбата разговарале за продлабочување на билатералната […]

Уште еден пад на Македонија: Шест места подолу на Индексот за слобода на медиумите


  Македонија падна за шест места, од 36 на 42, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ) и е последна во групата земји каде ситуацијата е „задоволителна“. Во оваа група од регионот се уште само две земји – Словенија која напредувала за 9 места и е 33-та, и Црна Гора погоре […]

Ако не добиеме поголеми плати ќе се гледаме почесто: ССМ до Владата и работодавачите


  Барање за минимална плата од 30 илјади денари, повисоки плати и достоинствени услови за работа, беа основните барања на првомајскиот протест што се одржа денеска во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, со укажување доека доколку не се исполнат, протестите ќе зачестат, а не се исклучени и штрајкови. За разлика од минатите години, […]

Мајк Волц беше на танок мраз кај Трамп и… падна


  Издржа некое време по скандалот „Сигналгејт“. Но не можеше понатаму. Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, и неговиот заменик, Алекс Вонг, ќе ги напуштат своите работни места откако ја изгубија довербата на другите функционери на администрацијата и се најдоа без сојузници во Белата куќа, две лица запознаени со ова прашање им […]