ИЈЗ: Нема отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот


Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Марија Андоновска. Таа посочи дека пожарот во Трубарево е ситуација со која првпат се соочуваат државата и граѓаните и, рече, „многу е важно да не се политизира и да не се прави паника“. […]

Една хоспитализирана пациентка по пожарот во Трубарево, тројца на домашно лекување


Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиште  за рециклирање отпад во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец), веќе се пуштени на домашно лекување, информираше […]

Тошковски: Граѓаните во непосредна близина на пожарот во Трубарево да ги напуштат домовите


Поради зголемено загадување на воздухот, денеска на граѓаните кои живееле во непосредна близина на пожарот што зафати објект во скопско Трубарево, им било препорачано да ги напуштат своите домови, соопшти вечерва на прес конфернција министерот за внатрешни работи Панче Топшковски кој е на чело на Управувачкиот комитет во кој се и министрите за здравство, за […]

(Фото+видео) Скопје повторно се гуши во чад, гори во Трубарево, се слушаат и експлозии, пожарникарите интервенирале и во Лисиче


Скопје и денеска се гуши во чад. Уште не се санирани последиците во Вардариште и Дрисла, а се јавија и нови пожари, од кои што огромни црни облаци се надвија над делови во градот. Снимките се повеќе од загрижувачки. Жители на Ново Лисиче велат дека се слушаат и експлозии од правец на Трубарево. Пожар избувнал […]

Кадар на ДУИ одговорен за повторното разгорување на „Дрисла“, инсинуира Мицкоски


  Утрово Скопје се разбуди под густ бел покривач од чад. Или од магла. Додека граѓаните чувствуваа смрдеа, повторно мирис на пластика, чад и гуми, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, уверуваше дека тоа е редовна појава од магла во Ново Лисиче и делови од Аеродром, што се случува на почетокот на […]

Нема одлагање на новиот систем за влегување во ЕУ за Македонците – од 12 октомври ќе мора да се регистрираме на граница


  Новиот систем за влез/излез во Европската унија (ЕЕС) ќе почне постепено да се применува од 12 октомври. Ова го најави евроамбасадорот Михалис Рокас порачувајќи дека целта е да се зајакне безбедноста на сите гранични премини. Според брифингот во ЕУ делегацијата системот не е дискриминаторски кон Македонија, во смисла дека ќе важи и за САД, […]

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви


  Македонија има суштински и егзистенцијални проблеми и тешко апликативно е решението за нула отпад во врска со справувањето со отпадот кај нас, смета премиерот Христијан Мицкоски, иако вели, отворен е за разговор, а ако се покаже дека таа идеја е спроведлива би ја спровел. Смета дека сме пресиромашни, за да воведуваме скандинавски решенија за […]

Политичките убиства станаа морничав американски ритуал


  Стана морничав американски ритуал: насилен напад врз политичка фигура, проследен со осуди, повици за интроспекција и завет да се спречи тоа повторно да се случи. И потоа се случува. Во средата, рутината се повтори. Чарли Кирк е мртов, а нацијата повторно се соочува со распламтувањето на насилството со оружје и токсичната политика. Мотивот на […]

Загадувањето од Вардариште е само визуелно, тврди Мицкоски


  Депонијата Вардариште со денови ги труе скопјани. Тоа редовно се случува повеќе од триесет години, но деновиве, откако на 31 август се запали, секојдневно група аеродромци протестираат и ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и бараат надлежните да го решат проблемот со Вардариште пред локалните избори закажани за 19 октомври.  Денеска, прашањето за […]

Путин го тестира НАТО со нападот со дронови на Полска


  Полска собори руски дронови,Полска рано во средата соопшти дека повеќе руски дронови влегле и биле соборени над нејзина територија со помош на сојузниците од НАТО, опишувајќи го инцидентот како „чин на агресија“ извршен за време на бранот руски напади врз Украина. Неколку европски лидери изјавија дека веруваат оти Русија намерно ја ескалира војната, а […]

Израел го нападна со ракети и главниот град на Катар, гаѓал лидери на Хамас


  Денес Израел изврши воздушен напад врз политичкото раководство на Хамас, кое се наоѓа во Доха, главниот град на Катар. Ројтерс прв јави за серијата експлозии во Доха. Сведоците слушнаа детонации и видоа чад како доаѓа од еден од централните делови на градот. Недолго потоа, израелската армија објави дека извршила напад врз врвот на Хамас […]

СДСМ: Комуницирал ли Мицкоски со руски агентури па одбива да ги декласифицира документите од АНБ?


Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска изнесе серија обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски во врска со наводната афера со прислушување за која, според СДСМ, власта се плаши да ги објави документите бидејќи ќе се види во какви антидржавни активности е тој вклучен.  „Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои треба да […]

Бидете сигурни, додека е Мицкоски премиер, тешко до ЕУ


  Во политиката цинизмот е една од вообичаените работи, понекогаш можност за добро поентирање, но некогаш и за промашување на целта. Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето во Македонската филхармонија по повод 8 Септември си поигра мајтап со понудата на опозицијата за изработка на документ со кој, покрај споменувањето на црвени линии, државата ќе може да […]

Падна и владата на Бајру. Што ќе прави сега Макрон?


  Во исходот што однапред беше предвидлив значително мнозинство пратеници гласаа за соборување на владата на францускиот премиер Франсоа Бајру поради неговите планови за балансирање на сметките на Франција со намалување на буџетот од 43,8 милијарди евра следната година. Само 194 пратеници гласаа за поддршка на Бајру, на кого му беше потребно мнозинство пратеници со […]

Огромен руски напад на Киев, за прв пат погодена и зградата на владата


  Најголемиот руски воздушен напад во текот на ноќта во војната ја запали главната зграда на украинската влада во Киев и остави три лица мртви, вклучувајќи и едно бебе, соопштија украинските власти во неделата. Русија го погоди главниот град на Украина со беспилотни летала и ракети, повредувајќи 18 лица и запалувајќи десетици згради, вклучувајќи ја […]

Навистина ли е завршена автопатската делница Климештани –Охрид, или е само пропагандна приказна


  Свеченоста денеска крај Охрид изгледаше како предизборна сцена, затоа што беше објавено дека биле пуштени уште 17 километри од автопатот Кичево – Охрид. Според фотографиите што беа објавени од владата и Министерството за транспорт оваа свеченост покажува сѐ само не завршена делница на автопат. Од фотографии што ги дистрибуираше Министерството за транспорт се гледа […]

АНБ истражувала сомнителни финансиски извори на ВМРО-ДПМНЕ?


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека власта е против декласификација на документацијата, поради стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. „Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско […]

Бугарија се плаши од ревизија на консензусот за Македонија во ЕУ


  Единствениот пат напред за Република Северна Македонија е целосно спроведување на договорите од европскиот консензус од јули 2022 година, без можност за нивна ревизија. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Росен Жељасков, на заеднички брифинг со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, објави БГНЕС. Тој потсети дека бугарските влади на Бојко Борисов добро соработувале […]

Јаневска призна: Нема учебник за секое дете, а се потрошиле 11 милиони евра


  Со недели наназад, министерката за образование Весна Јаневска уверува дека годинава, сите ученици од прво одделение, до четврта година средно образование ќе имаат учебници и дека оваа Влада го овозможила тоа, како ниедна друга пред тоа. Но, денеска признава дека прблеми има и тоа со повеќе учебници, за повеќе различни одделенија, а осмоодделенците пак, […]

Бројот на вработени во индустријата во минус, производството во плус. Дали се зголемува продуктивноста?


  Веќе месеци наназад, статистичките податоци покажуваат дека се намалува бројот на вработени во индустријата. Последното соопштение на Државниот завод за статистика, објавено деновиве го потврди таквиот тренд – во јули годинава бројот на работниците во индустријата бил помал за 3,8 отсто во однос на истиот месец лани. Уште понеповолна е споредбата во првите седум […]