(Видео) Нереални сцени во Шпанија: Луѓе заробени во автомобили, апел – „Не излегувајте!“


Ненадејните поплави предизвикани од обилните дождови предизвикаа хаос во североисточниот шпански регион Каталонија, каде што властите велат дека голем број луѓе се заробени во своите возила. 🚨 Alcanar Platja, Montsià in Catalonia, Spain at the moment…👀pic.twitter.com/gt6eKGxxS0 — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 12, 2025 На социјалните мрежи се појавија драматични снимки на кои се гледаат порои […]

Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната


Европската комисија извести дека од денеска стартува фазната имплементација на новиот систем за премин на надворешните граници на Европската Унија. Државите-членки ќе започнат со прибирање на дигитални информации за граѓани од не-ЕУ држави кои престојуваат до 90 дена. Транзициската фаза ќе трае половина година, период во кој државите самостојно ќе одлучуваат на кои гранични премини […]

Случајот со „белото“ на директорот на Неврологија откри нови проблеми во здравството


  Видеото како директорот на Клиниката за неврологија, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, расправа како е најдобро да се конзумира кокаин и при тоа умешно го подготвува „белото“ за конзумирање откри и дополнителни проблеми во здравството – дали дали пациентите биле лекувани на соодветен начин ако нивниот доктор евентуално бил под наркотични средства. Министерот за здравство, Азир […]

Израел одбива да го пушти од затвор најпопуларниот Палестинец


  РАМАЛА, Западен Брег  – Најпопуларниот и потенцијално обединувачки палестински лидер – Марван Баргути – не е меѓу затворениците што Израел има намера да ги ослободи во замена за заложниците што ги држи Хамас според новиот договор за прекин на огнот во Газа. Израел, исто така, го отфрли ослободувањето на други познати затвореници чие ослободување […]

Нобеловата награда за мир за Марија Корина Мачадо, лидер на опозицијата во Венецуела


  Нобеловата награда за мир за 2025 година ѝ беше доделена на лидерката на венецуеланската опозиција Марија Корина Мачадо за „промовирање на демократските права за народот на Венецуела“. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека Марија Корина Мачадо помогнала „да се одржи пламенот на демократијата да гори наспроти растечката темнина“. Најавувајќи ја наградата на церемонија во Осло […]

„Трамп е како нескротлив џин“: Како беше склучен договорот за примирје во Газа


  Во политиката е добро позната поговорка дека успехот има многу родители, но неуспехот е сирак. Освен кога е вмешан Доналд Трамп, во тој случај има само еден родител. Сепак, многу земји и поединци имаат право да истапат напред за да побараат авторска улога во договорот за кој се надеваат дека ќе стави крај на […]

Како пиперката ајварка стана важна тема во кампањата за локалните избори


  БИТОЛА – Цената на пиперката ајварка стана главна тема во актуелната изборна кампања за локалните избори на 19 октомври, особено во руралните средини. И власта и опозицијата се фатија за пиперката и дури на партиските митинзи поентираат со тоа кој постигнал историска цена, а кој ја урнал цената на „куртовска капија“ или популарно пиперката […]

Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од планот. Трамп: Знаеме што доаѓа


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека е договорена првата фаза од мировниот план за Газа. „Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп. Остатокот од објавата гласи: „Ова значи дека СИТЕ заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги […]

Две визии за чаирскиот булевар: подземна сообраќајница или проширување со сечење на јаворите


  Дека булеварот „Цветан Димов“ во Скопје треба да претрпи реконструкција, воопшто не е спорно, а тоа одамна го знаат и градските и општински власти. По овој булевар што го поврзува центарот на Скопје со Чаир, Бутел и Шуто Оризари, дневно поминуваат и 100.000 возила, а негово проширување или евентуално друго решение како подземна сообраќајница, […]

Украинските линии се распаѓаат поради недостаток на војници


  Украинската армија се соочува со сериозен и продлабочувачки недостиг на персонал, пишува „Украинска правда“ во голем извештај за ситуацијата на фронтовските линии. Повеќе од три години по почетокот на руската инвазија, армијата се бори со драстичен недостиг не само на пешадијци, туку и на механичари, возачи, медицински лица, оператори на беспилотни летала и артилерци. […]

Зошто Мицкоски во Тетово јавно не го поддржа Билал Касами?


  Држејќи се стриктно до говорите што му беа напишани, со рамен глас, како на предавања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа за време на двете предизборни обраќања во Гостивар и Тетово направи една дистинкција спрема кандидатите на ВЛЕН („Вреди“) во овие два града. Во нив (како и во Струга) ВМРО-ДПМНЕ не предложи свои кандидати […]

Филипче: Македонија не е вилает на Мицкоски


  Социјалдемократите денеска беа на митинзи во Дојран и Гевгелија и повикаа „доста е од лаги, доста е од ароганција, доста е од власт која се грижи само за себе“. Од гевгелија лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му порача на премиерот Христијан Мицкоски: „Македонија не е твој експеримент ниту твој вилает. Македонија е нашата татковина, […]

ВМРО-ДПМНЕ нема кандидат за Гостивар, но ја нападна Левица дека има


  Има многу гротескни настани во кампањата за локалните избори. Еден од најгротескните  се случи денеска во Гостивар кога пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, го обвини лидерот на на Левица, Димитар Апасиев, дека одработувал за туѓи агенди затоа што партијата имала свој кандидат за градоначалник за Гостивар. Карванот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беше во Гостивар, каде […]

(Фото) Како Ѓорѓиевски и Ристовски кришум „се мушнаа“ на „Визер скопскиот маратон“


  Отворањето на „Визер скопскиот маратон“ во неделата од страна на Орце Ѓорѓиевски, кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, предизвика бурни реакции во јавноста, поради очигледната партиска злоупотреба на спортската манифестација со долга традиција. Во оваа постапка тој имаше поддршка и неговиот сопартиец, министерот за спорт Борко Ристовски. Подоцнежното објаснување дека Ѓорѓиевски, […]

Хрватска е против укинување на ветото во ЕУ


  На самитот на Процесот Брдо-Бриони во Драч, претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, која е и копретседателка на Процесот, изјави дека оваа иницијатива „гради простор за дијалог“ и повика на побрзо и поефикасно приближување на земјите од Западен Балкан кон Унијата. Секој чекор во процесот на проширување бара консензус, што значи дека секоја земја-членка може […]

Филипче: Ја одбиваат Резолуцијата, а до збор ги имаат истите барања во програмата


  Лидерот на СДСМ Венко Филипче, реагираше на изјавите на ВМРО-ДПМНЕ дека резолуцијата со која СДСМ предложи национално обединување околу европските интеграции била ново предавство. Тој нагласи дека целта на документот е јасна – дефинирање на заедничките црвени линии и надминување на поделбите во општеството. „Се што предложивме е Резолуција за која требаше да има […]

Алексис Ципрас поднесе оставка како пратеник, ќе прави нова партија


  Поранешниот левичарски премиер на Грција, Алексис Ципрас, во понеделникот се повлече од пратеничката функција, додека се зголемуваат шпекулациите дека ќе формира нова партија. Ова е голем потрес на грчката политичка сцена од кој ќе бидат зафатени речиси сите партии. „Се повлекувам од функцијата пратеник на Сириза, но не се повлекувам од политичкиот активизам“, рече […]

Македонецот Дарио Ивановски и Кенијката Ирене Џеруто најуспешни на Скопскиот маратон 2025


Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски во машка и Кенијката Ирине Џеруто во женска конкуренција победија на годинашниот 21. „Визер скопски маратон“, кое оваа година бележи рекорден одѕив – повеќе од 14.000 тркачи од 58 земји низ светот. Ивановски патеката долга 42 километри ја истрча за 2:14:50 часа, додека Џеруто истата траса ја помина за 2:38:31 часа.Ивановски […]

Популистот Бабиш, „чешкиот Трамп“ победи на парламентарните избори во Чешка


Партијата АНО на популистичкиот милијардер Андреј Бабиш, познат како „чешкиот Трамп“, води на чешките парламентарни избори со 34,66 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати со повеќе од 99,70 проценти од преброените гласови. Со доаѓањето на Бабиш на власт, се очекува одреден пресврт во односите со Украина и Брисел. Бабиш се изјаснува како поддржувач на Трамп […]

„Марш за ангелите“ во Кочани: Имавме трошка надеж за правда, но со поднесениот обвинителен акт целосно ја изгубивме


И оваа сабота, родителите и блиските на жртвите во пожарот во кочанската дискотека  Пулс излегоа на улица, на 25. по ред „Марш за ангелите“, барајќи правда за своите трагично загинати најблиски. Овој протест е прв откако Кривичниот суд во целост го прифати обвинението за пожарот во кочанската дискотека.  Од протестот беа упатени силни пораки до […]