ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори


Либерално-демократската партија ќе предложи измени на Изборниот законик со кои ќе бара поверениците што Владата ќе ги назначи во општините во кои поради немање цензус не се избраа градоначалници, да не може да се кандидираат кога ќе бидат повторно организирани избори.  – Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа […]

Инфлацијата во октомври се искачи на 4,5 отсто на годишно ниво


  Инфлацијата тврдоглаво останува висока. Во однос на октомври, минатата година, пак, трошоците на живот се зголемени за 4,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Мал позитивен сигнал е што во октомври преку индексот на трошоци на живот во однос на септември инфлацијата бележи намалување од 0,2 проценти. Намалувањето на месечно ниво се должи […]

Бугарија итно усвои закон за национализација на „Лукоил“


  Потребни беа само околу шест и пол часа – помеѓу 9 и 15,37 часот во петокoт – за парламентарното мнозинство во бугарското собрание од ГЕРБ, ДПС-Нов почеток, ИТН и БСП, во комбинација со независни пратеници, да ги усвојат во две читања измените на Законот за административно регулирање на економските активности поврзани со нафта и […]

За БРТ системот во Скопје ќе треба и нов мост на Вардар


  Воведувањето на железницата како дел од јавниот превоз и почетокот на БРТ системот претставуваат клучен чекор кон модерно и еколошко Скопје, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на увид на ремонтот на првата линија на градскиот воз од Зелениково до Железничката станица во Скопје . „Овој систем ќе ја растовари гужвата, но уште […]

Рокас: Веќе во три извештаи на ЕК немате напредок во борбата со корупцијата!


  Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, му го предаде на премиерот Христијан Мицкоски „извештајчето“ за тоа каде е нашата држава во приближувањето кон Европската Унија. И додека премиерот ги посочи главно попозитивните оценки, Рокас ги наброја сите политики околу кои Владата не покажува напредок, при што како што рече – веќе во три […]

Скопје и Софија го потпишаа договорот за тунелот на Деве Баир, фрлајќи малку светло во односите


  Македонија и Бугарија денеска фрлија малку светло во меѓусебните односи оптоварени со голема недоверба и го потпишаа договорот изградбата на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 на Деве Баир. Церемонијата на која потписите ги ставија двајца вицепремиери и остовремено министри за транспорт, Александар Николоски и Гроздан Караџов, се случи на железничката станица Ѓуешево. Зградата […]

Мицкоски контра ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата во СДСМ е нивна внатрешна работа


  Изутринава ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција на Викторија Андоновска рече дека „време е СДС да се соочи со вистината дека Филипче мора да си замине“, за подоцна премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, да изјави дека случувањата во СДСМ и ДУИ се нивни внатрешни прашања: „Тоа е нивна работа“. „Ова не е случаен резултат. Ова […]

Демократите во САД не само што се опоравија. Тие доминираа


  За демократите, вторникот вечерта се чувствуваше како одново да е2017 година. Низ целата земја, демократите победија со големи победи, од главните трки до натпревари помалку важни. Окрузите што се поместија десно пред една година се вратија налево, а предградијата што ги поттикнаа огромните победи на демократите во првата администрација на Трамп се вратија со […]

ВМРО-ДПМНЕ го нарече Извештајот на ЕУ – „извештајче“


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение призна дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е лош и него го оквалификува како метод на притисок. А во исто време тврди дека е „реален“. Во едно конфузно соопштение, ВМРО-ДПМНЕ вели дека дека „извештајот како многу пати во минатото и во други земји се користи како дел […]

„Државата е во целосен застој и оди назад“: Филипче за Извештајот на ЕУ


  Македонија е застаната и почнува да се движи назад, додека другите кандидати одат напред кон ЕУ. Вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го оцени Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ. Тој рече дека Брисел испраќа јасна порака за насоката во која се движи државата со владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Се случи […]

Владата доби оценка „нула“ за прогресот во судството во извештајот на ЕУ


  Светлата точка во претходните извештаи на Европската комисија, Државната комисија за справување со корупцијата (ДКСК), годинава исто така се најде на темната страна на (не)постигнувањата на Македонија. Според извештајот што го објави Европската комисија, обвинението против претседателката на ДКСК го довело под прашалник кредибилитетот на институцијата, која покрај тоа треба (бидејќи очигледно не го […]

Кос ја стави Македонија во групата земји што стагнираат кон ЕУ


  Еврокомесарката за проширување Марта Кос го престави прогресот на земјите  кандидати за членство во Европскиот парламент, при што Македонија ја стави во втората група на земји – кои не прават доволно за да одат напред. Конкретно за Македонија таа само повтори дека не презела одлучувачки чекори за да ги спроведе уставните измени  и да […]

ЕК гледа само „ограничен напредок“ во владеењето на правото во Македонија


  ЕУ денес ќе ги објави своите годишни извештаи за напредокот на проширувањето – во суштина оценувајќи ја секоја кандидатка за членка за нејзината домашна задача за реформи. Според она што го дознава „Политико“, најдобра оценка ќе добие Црна Гора, еквивалент на А, при што нејзиниот извештај ќе биде „исклучително позитивен“. Албанија добива А-, Молдавија […]

Гласаа за Мециновиќ, а Левица уште првата вечер одврати многу од гласачите на СДСМ


  Кога добриот резултат ќе се претстави како триумф, тогаш и однесувањето во тој „триумф“ станува специфично. Чудно, па и политички хазардерско. Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, е еден од победниците на овие локални избори, иако тој ја загуби трката. Тој изгуби со 34.000 гласови разлика од Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ), иако […]

Според ОБСЕ, изборите беа добро организирани и конкурентни, но не и демократски


  Делегацијата на набљудувачите на ОДИХР, која го следеше вториот круг на изборите во Македонија, излезе со суптилна оценка околу изборите, дека биле добро организирани, мирни и конкурентни, но никаде јасно не ги оценува – како демократски. Според нивните наоди, иако има техничка рамка за да бидат такви, остануваат „бројни недоследности и празнини, особено во […]

Пофалби за Црна Гора и Албанија, за Македонија малку оптимизам во извештајот на ЕУ, пишува „Политико“


  Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за Црна Гора и Албанија, малку новости ќе има за Македонија и БиХ, а ќе бидат напишани многу остри зборови за Србија. Бриселски „Политико“ дава преглед што може да  претстави еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во извештаите. Според „Политико“, Кос […]

Што вети Орце Ѓорѓиевски пред скопјани, освен чистење на отпадот


  Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Град Скопје, па сега треба да почне со остварување на предизборните ветувања. Тој досега беше  градоначалник на Кисела Вода и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), функција која веројатно и понатаму ќе ја задржи, како градоначалник на Скопје. За победата во Скопје уште синоќа рече […]

Само четири жени станаа градоначалнички – нема родова еднаквост на локално ниво


   Општините Кисела Вода, Македонска Каменица, Неготино и Демир Капија се единствените четири општини кои во следните четири години ќе бидат водени од жени, што е премалку за да се зборува за некаква родова рамноправност во водечките функции. Имено, на локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат […]

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата и во вториот круг, колапс на ДУИ


  Резултатите од вториот круг на изборите за градоначалници во Македонија се надоврзаа на гласањето од пред две недели. Во загрижувачки мала излезност од 40-ина отсто кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ добија уште дузина градоначалнички места и тоа оние во коишто стави најголем влог – во скопски Карпош, во Кичево и во Брвеница. И во главната битка, […]

Топовски истрели и димни бомби низ Белград: Полицијата удри на граѓаните (видео)


Голем број граѓани се собраа вечерва во Белград во знак на поддршка за Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан, кој беше еден од 16-те што загинаа при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Таа од денес штрајкува со глад бидејќи бара одговорност за смртта на нејзиниот син и другите што загинаа. Членовите […]