Татко и син го направија масакрот на плажата Бонди. Имале легален арсенал оружје


  Вооружените лица зад нападот на плажата Бонди во Сиднеј се татко и син, осомничени дека користеле легално стекнато огнено оружје за да го извршат масакрот, според полицијата. Навид Акрам (24) беше уапсен на местото на настанот и однесен во болница во Сиднеј со критични повреди. Неговиот 50-годишен татко, за кого „Сиднеј морнинг хералд“ првично […]

Мицкоски побара да се гони Филипче и другите од СДСМ околу мигрантите – ширеле паника и страв


  Не испраќаат деманти до лондонски „Тајмс“ и другите британски весници, но треба да се гонат претставниците на опозицијата кои ги пренесуваат нивните пишувања дека е можно во Македонија да дојдат мигранти како дел од договорот со владата во Лондон. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја заостри реториката кон опозицискат СДСМ, велејќи дека и покрај демантите […]

Странските инвестиции годинава се многу малку и не се „убава тема“ за која трeба да се зборува


Премиерот Христијан Мицкоски деновиве побара медиумите, а и политичарите повеќе да зборуваат за убави работи, наместо за „измислени, манипулативни теми наметнати од страна на талогот во општеството“. Притоа, тој ги спомена чистиот воздух во Скопје кој во еден момент во еден ден бил почист од оној во Виена, ги посочи и растот на БДП од […]

Македонија не ја поддржа Британија во барањето за промени во Конвенцијата за човекови права


  Во времето кога во Македонија тече жестока расправа во јавноста дали е можно отфрлените мигранти од Британија да бидат префрлени овде, Скопје не го поддржа Лондон во вчерашната клучна дебата на министерскиот состанок во Советот на Европа за модернизација на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП). Британија и Данска се главните мотори за промените  […]

Падна владата на Бугарија


  Владата на премиерот Росен Жељасков си поднесе оставка по повеќенеделните протести во земјата. Десетици илјади граѓани протестираа против корупцијата и непотизмот во земјата-членка на ЕУ, а повод за незадоволството беше владиниот буџет за следната 2026 година. На синоќешните протести во Софија имаше 150.000 луѓе. Опозицијата поднесе интерпелација за работата на владата за која требаше […]

Филипче: Напаѓачот на „Инфомакс“ е член на ВМРО-ДПМНЕ


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, одржа вонредна прес конференција на која го осуди нападот врз редакцијата „Инфомакс“, нарекувајќи го најголем напад на медиум по тој на А1 телевизија. Според него, владата на ВМРО-ДПМНЕ почнала да го спроведува српското сценарио па ги повика сите останати политички партии, невладини организации, студенти и други фактори да им […]

Кривична пријава на МВР против Оливер Спасовски за станицата за технички преглед во Сарај


  Кривична пријава стигна до првиот висок функционер на претходната влада. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје вчера поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Се однесува на станицата за технички преглед во Сарај, „О.С. додека ја извршувал функцијата […]

САД ѝ нудат на Украина „корејско сценарио“ за мир со Путин и брз пристап во ЕУ


  И покрај деловниот пристап на преговарачите на Доналд Трамп кон толку чувствително дипломатско прашање како што е завршувањето на војната во Украина и нивната подготвеност да ги поправат односите со Русија на Путин, планот што се развива би можел да биде основа за вистинско мирно решение, објавува „Вашингтон пост“. Неговите клучни одредби вклучуваат корејски […]

Мајките од Кочани го повикаа и Мицкоски на одговорност


  „Денес не видовме ништо од нашата правда. Ако не си го кажеме и нашето – толку ќе биде“. Со овие зборови мајка на едно од загинатите деца во Кочани ја опиша денешната расправа на Постојаната анкетната комисија на Собранието за трагедијата во „Пулс“, на која дојде целиот државен врв, се фотографираа и си заминаа […]

Владата донесе одлука за разрешување на Коцевски, направил многу грешки


  Изгледа доаѓа крајот за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Владата на денешната седница усвоила предлог за негово разрешување и ќе го достави до Собранието. Портпаролката на Владата, Марија Митева, попладнево во изјава за медиумите рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено […]

Македонија ќе стане центар за мигранти и периферија на Европа. Време е за мобилизација, вели Филипче


  Нова гласачка машинерија. Кредит од 6 милијарди евра чеја цена се и мигрантите. Македонија фрлена на периферијата на Европа. Ова се трите главни поенти од денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, целосно посветена на најавите од Британија дека тамошната влада ќе ги испраќа мигрантите кои не добиле дозвола за престој во прифатни […]

Европските лидери одат по јаже помеѓу поддршката на Украина и да ги задржат САД на своја страна


  Претседателот Володимир Зеленски се сретна со француските, германските и британските лидери во Лондон во понеделник, во време кога европските сојузници на Киев го опишаа како „одлучувачки момент“ во напорите предводени од САД за ставање крај на војната на Русија во Украина. Премиерот Кир Стармер разговараше со Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар […]

СДСМ: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?


По објавените информации во британските медиуми дека Македонија преговара со Обединетото Кралство за прием на мигранти што не добиле азил за да ги користи евентуално како странски работници, СДСМ излезе со остра реакција, на линија на расположението во јавноста.  „Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните […]

Македонија мора да биде држава со самодоверба, порача Мицкоски од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


  Во преполната сала „Јасмин“ во Кавадарци ВМРО-ДПМНЕ го одржува својот 18. конгрес кој доаѓа по изборните победи во 2024 и 2025, кои ѝ дадоа на партијата чувство на супериорност на политичка сцена, бидејќи ги има сите лостови на моќта во државата – од локалните до самиот врв. Од сега натаму ВМРО-ДПМНЕ ја има задачата […]

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Британија, јавија британските медиуми


  Македонија влезе во формални преговори со Обединетото Кралство за можноста да прифаќа мигранти чији барања за азил биле одбиени во Британија, објави „Тајмс“, повикувајќи се на извори од британската влада. Информацијата потоа ја пренесоа голем дел од британските медиуми со свои дополнувања. Според медиумските пишувања, станува збор за нов модел на соработка со кој […]

СДСМ формирал антикорупциски тим, бара помош од гонителите на „Коза ностра“


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави денес дека како партија формирале свој антикорупциски тим и дека ќе побараат помош од италијанските институции што се справуваа со „Коза ностра“со порака дека, ако можеле да се справат со нив, „ние ќе можеме да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ во нашата држава“.  Филипче откри дека антикорупцискиот […]

Трамп тврди дека Европа ќе биде „цивилизациски избришана“


  Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација ја обвинуваат ЕУ и миграцијата за она што го нарекуваат неизбежно, целосно културно распаѓање во Европа. Експлозивното тврдење е изнесено во Стратегијата за национална безбедност на САД, во која се наведува дека Европа има економски проблеми, но се вели дека тие се „засенети од реалната и поостра […]

Еврообврзницата става „рампа“ на предвремени избори: Мицкоски објаснува зошто ќе има редовни


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во моментов не гледа никаков индикатор за предвремени избори, иако анкетите кои што ги прават во партијата покажуваат убедливо водство пред другите партии во државата. Тој денес на брифинг со новинарите рече дека следните парламентарни избори ќе бидат редовни, во пролетта 2028 година, „ако нема некои позначајни промени“. […]

Сточарите во паника, ќе се намалува цената на суровото млеко. Државата не ја исплаќа премијата


  БИТОЛА – Сточарите, одгледувачи на крави се во паника откако дел од нив добиле најави од млекарници каде го предаваат суровото млеко дека ќе следи нов пад на цената на откупеното млеко. Новиот удар врз млекарите ќе значи помалку од 1 до 3 денари по литар сурово млеко. „Сточарството стана неиздржливо, стоката на кланица, […]

Трамп, Кушнер и Виткоф влегоа во воената игра на Путин


  Владимир Путин употреби мешавина од шарм, пресметано одложување и директни закани за да им покаже на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер точно каде стои Русија во врска со мирот со Украина. Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, и Кушнер, зет на Трамп, уживаа во прошетка низ Москва и ручек во […]