Каталонија планира да инвестира 2,3 милијарди евра за да го реши проблемот со хроничниот недостиг на вода


Каталонија планира да инвестира вкупно 2,3 милијарди евра до 2040 година со цел да го реши проблемот со хроничниот недостиг на вода. Целта е да се има сигурно снабдување со вода и да се стави крај на зависноста од врнежите.

Новиот претседател на владата на оваа шпанска провинција, Салвадор Ила, претстави ажурирана стратегија за управување со водите, чија цел е да се избегнe сериозниoт недостиг на вода, што се случува во последните четири години.

Стратегијата предвидува изградба на нова постројка за десалинизација на морска вода во областа Коста Брава, на север од покраината. Иако сѐ уште не се знае точно каде ќе се наоѓа овој објект, неговата изградба ќе чини 200 милиони евра, за што ќе биде потребна соработка на покраинските и федералните власти.

Покрај наведеното, претходно беше планирана изградба на 12 постројки за бигор. Ажурираната стратегија има за цел да обезбеди пари и за долгорочни поправки на цевките, особено на местата каде што испуштаат вода.

Во февруари оваа година, каталонската влада прогласи вонредна состојба поради големиот недостиг на вода. По три години потпросечни врнежи, резервоарите за вода беа под 16 отсто од капацитетот. Официјалните лица ја опишаа како најлошата суша во модерната историја.

Потоа беа воведени рестрикции за користење на водата, што вклучуваше забрана за полнење базени и полевање зелени површини. Населението било принудено да користи најмногу 200 литри вода дневно. Ограничувањата за користење на водата не изостанаа ниту во земјоделството и индустријата, пишува Еуроњуз.