Катаклизма за која никој не зборува: Бебиња умираат, сиромашните скапуваат од заразни болести


 

Повеќе од 1.600 луѓе загинаа од разорните поплави кои го погодија Пакистан. Речиси третина од Пакистан сега е под вода. Сиромашното население умира од заразни болести.

По страшните поплави кои го зафатија Пакистан, земјата се бори со заразните болести. Стотици умираат поради пиење загадена вода, која по поплавите е полна бактерии.

Имано, на почетокот на септември, монсунските дождови предизвикаа разорни поплави во Пакистан. Досега починаа најмалку 1.600 луше, меѓу кои и околу 400 деца. Ненадејните поплави и свлечишта покрај реката инд и Кабул уништија милиони домови, згради, мостови и инфраструктура.

Најпогодени се покраините Белуџистан и Синд, со повеќе од 50 милиони жители.

Речиси третина од пакистан сега е под вода. Некои делови на Синд изгледаат како море. Обединетите нации проценуваат дека околу 33 милиони Пакистанци, секој седми жител, е погоден од поплавата, со повеќе од 500.000 уништени или оштетени куќи. Полавите однесоа 700.000 грла стока и оштетија повеќе од 3,6 милиони хектари посеви.

Но, најлошо е пти секој ден од последиците на колерата умираат повеќе од 10 деца. Во Синд, една од најтешко погодените покраини, селата се потполно отсечени, што на семејствата им отежнува да побараат помош за своите болни деца.


„Многу деца не ни доаѓаат до болниците, затоа што медицинските установи на кои можат да пристапат се или под вода или едноставно не се достапни“, вели Адареш Легари, службеник за комуникации на УНИЦЕФ во Пакистан.

На периферијата Кази Ахмед, град во Синд, мајка во чамец го превезува своето дете и уште некои жители до блиските здравствени установи.

Мајката притоа се обидува да го разлади челото на својата болна ќерка.

„Доби висока температура и падна во несвест“, вели таа, додека очајнички се обидува да го разлади детето, со крпа натопена во валкана поплавна вода, од која и ѝ се слоши, јавува Си-ен-ен.

Чамци полни со семејства кои бараат помош, а во далечината до половината зацапани во водата со своите деца и работи, родители се обидуваат да го поминат поплавениот пат.


На друго место, млада трудна мајка на пет деца се обидува да ги смири своите деца додека плачат од глад. Муви им се ројат околу главите.

Си-ен-ен јавува дека дневно се појавуваат нови катастрофи како што се повлекува водата. Пакистан. псвен со колера, се соочува и со маларија, дизентерија, денга, смртоносна дијареја.

Сиромашни луѓе умираат покрај патот под ведро небо или подобар случај, под тенки пластични фолии над главите, јавува Си-ен-ен.

Беспомошните луѓе ги растеруваат комарците палејќи стари крпи за нивните најмили барем малку да отспијат. Токму комарците се отие кои пренесуваат најголем дел од тие заразни болести. Тие комарци може да го пренесат и вирусот зика и да да прошират жолтатат треска.