Кастриот Реџепи со месеци не закажува второ читање на Законот за употреба на македонскиот јазик
Закочена е постапката во Собранието за носење на новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. За него се одржаа консултативни средби во Собранието, помина јавната дебата и првото читање пред членовите на собраниската Комисија за култура. Но, претседателот на Комисијата, Кастриот Реџепи , од непознати причини не го става овој закон на второ читање пред Комисијата, кажа министерката за култура на вчерашниот брифинг.
– Веќе трет месец , претседателот на Комисијата за култура , Кастриот Реџепи одбива да ја закаже Комисијата за култура , за да може законот да го помине тоа второ читање. И за да може да биде ставен на Пленарна седница, за да се изгласа, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.
На апелите на министерката, Реџепи останал глув, па членовите на Комисијата за култура се обратиле до собранискиот спикер Џафери, за откочување на постапката.