Каспаров: Продолжувањето на војната е единствен начин за Путин да остане на власта


Гари Каспаров, кој се смета за еден од најголемите шахисти во историјата кој го држеше првото место рекордни 255 месеци и кој е водечки глас во руската опозиција, смета дека Украина напредува многу подобро иако се уште е рано да се каже дека е готово.

-Ќе имаме уште многу месеци исцрпни борби бидејќи Русија има уште многу ресурси да фрли во пламенот на војната. Сепак, веста е охрабрувачка, вели тој во интерцвју за Киев Пост.

-Има еден фактор што е потценет од Западот: тоа е психолошкиот фактор. Моралот е секогаш проблем, исто како и воената опрема. А денес моралот на руските војници се влошува. Алтернативно, се чини дека Украинците се на точка каде што се подготвени да платат секаква цена за да ја ослободат својата земја и да го поразат непријателот.Продолжувањето на војната ќе има драматичен ефект внатре во Русија. Имате ранети војници кои се враќаат во сиромашните села. Не ги знаеме точните бројки, но последното протекување од Министерството за одбрана покажа дека бројот на загинати е 50 илјади. Тоа е голема бројка со која треба да се справиме, дури и за Русија.Тие што беа мобилизирани или ранети ќе предизвикаат хаос. Овде во Америка го знаеме овој поствоен синдром. Овие војници кои се враќаат ќе направат проблеми, вели Каспаров.

Според него ситуацијата во Русија ќе се влошува, бидејќи санкциите имаат ефект а војната во Украина не оди така како што планираа во Москва.

-Таа комбинација меѓу лошото одвивање на војната во Украина и санкциите ќе покаже дали  Путин ќе може да ја задржи контролата врз власта. Мислам дека Путин сфаќа дека неговите трикови не функционираат како порано. Затоа не ги слушаме истите дрски закани,  од генералите на Путин или од опкружувањето кои формално велеа „ние ќе користиме какво било оружје“ итн. затоа што разбираат дека ако НАТО се вовлече, тогаш тоа би било катастрофа за нив.Во суштина, војната е изгубена. Ако ги погледнете сите цели што Путин ги постави за војната, сите не успеаја. Затоа, продолжувањето на војната е единствениот начин Путин да остане на власт. Тој сака да создаде дополнителен хаос во слободниот свет надевајќи се дека ќе му се отвори нов прозорец. А тоа е само долготрајна агонија. Цинично и глупаво, но Путин е подготвен да стави илјадници цивили во гробници во следните месеци пред да се ослободи цела Украина, доколку тоа му овозможи да ја одржи власта“, вели Каспаров.

Околу неговиот Конгрес за слободна Русија , кој собрал  преку 500 учесници во Вилнус, и што го основал со Михаил Ходорховски, покажал дека е главниот глас на руската опозиција во егзил. Според него, единствената шанса да се победи фашизмот на Путин е да се подигне украинското знаме во Севастопол, Крим.

-Тоа е главен приоритет за секој што сака да ја види нашата планета безбедна од егзистенцијалната закана на Путин за уништување. Како руски државјанин – иако со најдолго досие во борбата против Путин – сè уште се чувствувам одговорен за страдањата што ги трпат Украинците и предизвикани од криминалниот режим на Путин. Никогаш нема да можеме да и се оддолжиме на Украина за нивните жртви, хероизам и дух. Украина е светилник за слободниот свет.Она што го направи Украина не потсети сите нас дека имавме вредности и идеи за кои вреди да се бориме – и за кои треба да се умре, вели Каспаров.