Касами продал јавен паркинг вреден 2.5 милиони евра – за само 190 илјади евра!

По контроверзната продажба на Монополот за само 1 евро по метар квадратен, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, повторно е во центарот на нов скандал – овојпат со продажба на јавен паркинг во центарот на градот.
Според документите до кои дошол порталот Tetova Sot , Касами го продал паркингот со површина од 2.986 м² по цена од 16.000 денари по метар квадратен, што би значело околу 800.000 евра. Но, реално, компанијата што го купила објектот на 28.2.2025 платила само 11.8 милиони денари (околу 190.000 евра). Останатиот дел ќе се “компензира” – но не е наведен во договорот.
Оваа непрозрачна постапка, каде еден дел од вредноста на земјиштето се регулира со “надворешна компензација”, не е нотирана во официјалниот договор и директно го крши законот за транспарентност и јавни набавки.
Иако парцелата во 2020 година била проценета на 1.5 милиони евра преку јавна лицитација, денес, според пазарната вредност, таа вреди помеѓу 2 и 2.5 милиони евра. Сепак, Касами ја продал за многу пониска цена и тоа без јавен тендер, преку спорен процес познат како “компензација” – што значи дека општинската парцела била споена со соседна приватна, со што единствениот можен купувач станува токму соседот.
Дополнително, Tetova Sot го прашал Касами пред неколку месеци дали паркингот е продаден, на што тој одговорил “не”, директно лажирајќи ја јавноста. Но, денес, потписот негов стои на договорот.Што сè има продадено Билал Касами досега:
-Монопол – за само 1 евро по метар квадратен.
-ЈКП НПК – на австриската компанија „Saubermacher“, по што цените за граѓаните петкратно се зголемиле.
-Јавно осветлување, со проект што ќе предизвика загуба од 15 милиони евра во наредните 15 години.
-Јавните паркинзи – што се приватизираат еден по еден.
Сега се најавува и приватизација на водоснабдувањето по локалните избори. Ова е еден од најтешките скандали во мандатот на Касами, велат од Tetova Sot, бидејќи токму на оваа локација тој им ветувал на тетовчани дека ќе изгради катна гаража. Наместо тоа, јавниот простор е продаден за цена неколкукратно пониска од реалната.