Каролина елегантна, во црно, на турнејата низ Германија


Во црн, едноставен, долг фустан, со голи рамења, на дизајнерката Јована Филиповиќ и стајлинг на Јована Зука, поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин ја почна турнејата низ Германија. 
Tурнејата на Каролина која започна на 1 март во Македонија, продолжи во Германија, со 6 концерти во 6 различни града.
Каролина е една од најубавите облечени македонски ѕвезди, со најмногу рекламни кампањи зад  себе за облека, козметика и накит. По долги години соработка на изгледот со Славица Цаци-Паковска, Каролина сега соработува со авангардниот тандем Филиповиќ-Зука.
 
 
Во организација на Авалон и Legacy Event, Каролина, во живо со својот бенд и со 120 минутна “best of” програма досега настапи во Штутгард и Нирнберг, а на ред се концертите во Дизелдорф, Мајнц, Хамбург и за крај Берлин на 16 декември. Станува збор за турнеја во еминентни сали и концертни простори во кои имаат настапувано многу интернационални и германски артисти.
 
 
Пролетната турнеја низ Македонија Каролина ја започна во Скопје на 1 март и потоа одржа концерти во Струмица, Битола, Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Гостивар. Настапи и на настанот „Ѕвездена симфонија“ на 3 јули во нејзината родна Битола заедно со Камерниот оркестар.
 
Фото: ФБ на Каролина Гочева